состојки

-  1 марула, исецкана на парчиња
-  1 јаболко, исецкано на резанки
- мала црвена зелка, исецкана на мали долгнавести ленти
- пола шоља ореви
- чаден кашкавал, количински додадете по ваш вкус

прелив
Измешајте малку јаболков оцет со маслиново масло ,сол и бибер, и едноставно прелијте ја салатата.
Од навечер потопете во вода пола шолја суво грозје, десетина исецкани суви смоквии исто толку суви кајсии. Наутро извадете ги од водата, ставете ги во блендер, додадете сок од исцеден портокал, мелен рогачпо желба и мелени овесни снегулки. Треба да добиете смеса од која ќе можете да формирате топчиња. Можете да ги јадете за појадок или вечера, и воедно ќе ви бидат верен “ сопатник” во одвикнувањето од пушење. 
Потребни состојки
 
- Листови кисела зелка,
-  3 страка праз,
- 400-500 гр. Свежи шампињони,
- 1/2 шоља (од 200 мл.) ориз
- 100 гр. Мелени ореви,
- малку сол и мелен бибер, 
-  1 лажица црвен пипер,
- можеби малку лута буковка по желба,
-  1 лажица ровко брашно.
 
Подготовка

На масло се пропржува ситно сечен праз. Одвоено се запржуваат ситно сечени шампињони и се додаваат на пржениот праз. Во сето тоа се додава оризот, оревите и зачините. Во подлабоко тенџере на дното се ставаат неколку  листови од кисела зелка.  На лист зелка се става од смесата праз, шамињони, ориз и ореви и се мотаат сармички. Сармичките се редат во тенџерето и се покриваат со неколку листа зелка. Во тафчето во кое се пржел празот се додава 1 лажица брашно, малку масло и 1 лажица црвен пипер и се промешува. Полека се додава ладна вода, се промешува, за да не се направат грутчиња и сето тоа се става да зоврие. Со таа течност се прелива сармата и се остава да се крчка на тивок огин околу 1,5 час. 
Потребни состојки
500 грама јунешко месо
3 моркови
1 главица кромид
½ корен целер
1 пашканат
1 ловоров лист
бибер, сол и зачин
 
Подготовка
месото се става во врела вода (задолжително). Дваесетина минути пред да биде сварено се додаваат зеленчуците. Се процедува и се става на чинија (водата се зачуву за подготовка на прелив). Дополнително како гарнир можат да се употребат барен карфиол, брокола прокељ и сл..
 
Прелив со печурки
 
200 грама печурки (или по желба)
2 лажици брашно, 
масло,
сол, бибер
2 лажици павлака
малку лимонов сок
 
Шампињоните се сечат на ливчиња и се ставаат да се динстаат, се додава брашното, течност ( од истата во која е варено месото) и зачини. Се вари десетина минути и на крајот се додава павлаката и сокот од лимун. 
 
Прелив со рен
50 грама путер или масло
2 лажици брашно
¼ литар течност (или по потреба за соодветна густина)
1  кисела павлака
2 лажици рендан рен (или од тегла)
сок од лимон, сол, сецкан магданос, бибер и зачин
 
Брашното малку се пропржува на путер/масло се додава од течноста и се проврива. на крајот се додава павлаката, сокот од лимон и зачините.
 
Овие преливи покрај за вареното месо , соодветно можат да се употребат и за печени меса.
 Состојки
 
-  8 дуњи
-  6 лажици мелени ореви
-  2 лажици сецкани лешници
-  4 лажици мед
-  200 шеќер
-  2 лажици ванилин шеќер
 
Подготовка
Дуњите добро измијте ги, исечете ги на половина и извадете ги семките. Внатрешноста наполнете ја со смесата од ореви, лешници, шеќер и мед. На крајот посолете со ванилин шеќер. Печете во рерна околу 45 минити на 200 степени. Оладете и сервирајте.
Состојки:

- 1/2 зелена зелка
- 3 струка праз
- 3 моркови
- 2 тиквички
- 1 целер
- 2 чешниња лук
- 300 г компир
- 100 г грав
- 20 г путер
- сол, бибер, зачини по желба
 
Подготовка:
Сите зеленчуци исечкајте ги на ситни парчиња. Во сад на оган растопете го путерот. Додадете ги зеленчуците и гравот да се пропржат 5 минути и потоа додадете вода и нека се вари околу 1час. Компирот ставете го на крај и варете сèзаедно додека да биде сèсварено. Зачинете по желба. 
Состојки:

- 200 г сос од боровинки
- 600 г боровинки + 60 г засладувач  (мед, агаве сируп)
- 60 г путер од бадеми
 
Подготовка:
Боровинките ставете ги во сад на оган и нека се варат околу 15 минути. Додадете го засладувачот и оставете да се олади. Подгответе го и путерот од бадеми. Сирови бадеми треба малку да се запечат и изблендирајте во блендер сè до добивање на хомогена смеса. На крајот соединете ги путерот од бадеми и сосот од боровинки во единствена хомогена смеса. 
Состојки:

- 70 г путер
- 80 г шеќер
- 3 јајца
- 150 г брашно
- 50 г брашно од костен
- 1 лажичка сода бикарбона
- 1 лажичка цимет
- сок од 1/2 портокал 
- 150 г рендана тиква 
- 150 г мешани ореви, бадеми, лешници ситно сечкани
- по желба суво грозје, брусница
 
Подготовка:
Со миксер измешајте ги убаво путерот и шеќерот. Додадете ги јајцата, сокот од портокал, па потоа полека ставете го брашното и содата. Смесата треба да биде хомогена. На крај додадете ги јатките, сувото овошје по желба и тиквата. Ставете во сад за печење и печете на 160 степени околу 45 минути. На крај кога ќе се излади можете да посипете со шеќер во прав.

За Нас

Ваш Аптекар, наменето да ги задоволи вашите потреби за квалитетни информации во врска со употребата на лековите и другите средства кои ги земате во аптеките. Ние се грижиме за вашето здравје и ќе ви обезбедиме интересни содржини кои директно ќе влијаат врз вашиот приод кон лекувањето и начинот на живот воопшто.

Следете не на Facebook

Newsletter

Внесете ја вашата е-пошта и навремено дознајте за сите новости и информации поврзани со Ваш Аптекар.