Потребни состојки:
- 180 гр кафеав шеќер
- 4 јајца
- 120 гр брашно
- 1/2 пециво
- малку сол
- 50 гр путер
- 1 лажичка цимет
- малку ѓумбир во прав
- 300 гр рендани моркови
- 125 гр јатки по желба (ореви, бадеми, лешници)
За кремот:
- 250 гр маскарпоне
- малку шеќер во прав
- малку сок од лимон
Подготовка
Изматете ги јајцата со шеќерот. Додадете го брашното, пецивото, солта и зачините и сèдобро измешајте. Растопениот путер, јатките и морковите додадете ги во смесата и ставете ја во подмачкан калап. Нека се пече во загреана рерна на 180 степени околу 60 минути. Состојките за кремот добро измешајте ги и убаво ставете ја врз испечениот колач.