Сподели со пријателите

Телешко со брокула

Потребни состојки


- 4 црвени пиперки, исечени на половина 
- 4 парчиња телешко месо
- 3 лажици маслиново масло
- 4 чешниња лук
- 1 китка 
брокула, малку обарена
- сол и црн бибер
 
 
Подготовка
Парчињата месо испечете ги на грил тава со масло. Истото направете го и со пиперките. Потоа пиперките излупете ги и исечкајте ги на коцки. Брокулата и лукчето запржете ги на тава со маслиново масло. Додадете ги пиперките и зачинете. Месото може да го исечете на помали парчиња и да го додадете на зеленчукот. Може да го послужите со ориз или некоја друга житарка.

За Нас

Ваш Аптекар, наменето да ги задоволи вашите потреби за квалитетни информации во врска со употребата на лековите и другите средства кои ги земате во аптеките. Ние се грижиме за вашето здравје и ќе ви обезбедиме интересни содржини кои директно ќе влијаат врз вашиот приод кон лекувањето и начинот на живот воопшто.

Следете не на Facebook

Newsletter

Внесете ја вашата е-пошта и навремено дознајте за сите новости и информации поврзани со Ваш Аптекар.