Сподели со пријателите

ЧУПАВА ПИТА

Потребни состојки:
 
250 гр путер 
5 жолчки за тесто 
2 супени лажици  шеќер во прав
2 супени лажички млеко
1/2 прашок за пециво
400 гр брашно
 
Подготовка на тесто:
Од состојките се подготвува еднолично тесто кое што се дели на два еднакви делови. Од првиот дел се прави кора која се формира во плех (со дијаметар од 30см). 
Второто тесто се дели на два еднакви делови и се става за кратко во замрзнувач.
 
Подготовка на филот
5 белки се матат со 250гр шеќер во прав,160гр сецкани ореви, 5 лажици мармалад од кајсии. Половина од филот се нанесува врз тестото во плехот, над него се ренда едниот дел од замрзнатото тесто, повторно се става фил и се дорендува вториот дел од замрзнатото тесто
Се пече 1 час на температура од 150°C.

За Нас

Ваш Аптекар, наменето да ги задоволи вашите потреби за квалитетни информации во врска со употребата на лековите и другите средства кои ги земате во аптеките. Ние се грижиме за вашето здравје и ќе ви обезбедиме интересни содржини кои директно ќе влијаат врз вашиот приод кон лекувањето и начинот на живот воопшто.

Следете не на Facebook

Newsletter

Внесете ја вашата е-пошта и навремено дознајте за сите новости и информации поврзани со Ваш Аптекар.