Сподели со пријателите

Ашуре

Потребни состојки:

1 шолја исчистена пченица
½ шолја сува леблебија
½ шолја ситен грав
1 шолја шеќер
1 јаболко
50 гр. суво грозје
50 гр. суво овошје
50 гр. ореви
50 гр. лешници
1 калинка (за украсување)

Подготовка:

Пченицата се вари во вода 20 минути. Се остава да се исцеди во текот на една ноќ. Леблебијата и гравот, исто така се оставаат да отстојат во вода една ноќ, по што одделно се варат и се цедат. Пченицата се става да проврие во вода, која треба да ги покрие зрната. Се гмечи со виљушка и не се цеди, а потоа во неа се додава излупено и изрендано јаболко. Во едно тенџере се ставаат гравот, леблебијата и сушеното овошје. Се посипува со шеќер. Потоа се додава пченицата со јаболкото и сето тоа се става да проврие 30 минути на слаб оган. Се распоредува во чаши и се остава да се излади во текот на ноќта. Се гарнира со мелени ореви и лешници, и уште со зрна од калинка. Така се сервира. 

За Нас

Ваш Аптекар, наменето да ги задоволи вашите потреби за квалитетни информации во врска со употребата на лековите и другите средства кои ги земате во аптеките. Ние се грижиме за вашето здравје и ќе ви обезбедиме интересни содржини кои директно ќе влијаат врз вашиот приод кон лекувањето и начинот на живот воопшто.

Следете не на Facebook

Newsletter

Внесете ја вашата е-пошта и навремено дознајте за сите новости и информации поврзани со Ваш Аптекар.