Потребни состојки:

- 150 мл солена павлака
-  150 мл млеко
-  сол и црн бибер
-  2 јајца
-  2 големи тиквички
-  козјо сирење по вкус
- 1 пакетче лиснато тесто

Подготовка:
Измијте ги убаво тиквичките и исечете ги на крукчиња. Во тава со маслиново масло,испржете ги. Во тава за печење,ставете го лиснатото тесто, одозгора ставете ги тиквичките и сирењето. Јајцата изматете ги со млекото и павлаката,и сипете ја смесата врз тиквичките. Печете во загреана рерна на 200 степени околу дваесетина минути.

Потребни состојки: 

 
- една мала китка карфиол
- 300 г грашок (сварен)
- 200 г мали домати (исечкани на половина)
- млади кромитчиња
-  1 лимон (изрендана кора)
- маслиново масло
-  2 лажици лимонов сок
-  1 лажица сенф 
- зачини мента, босилек, сол и бибер

Подготовка:
Во сад со солена вода, ставен на оган, додадете го карфиолот и варете го кратко време. Во сад за салата, ставете ги прво зачините, лимоновиот сок, сенфот, маслото и измешајте. Потоа, додадете ги и другите состојки и измешајте.

Потребни состојки:


-  2 тиквички
-  25 г брашно
-  40 г рендан кашкавал 
-  4 лажички песто сос
-  1 јајце
-  1 чешне лук
-  сол, бибер и маслиново масло
 
Подготовка:
Тиквичките излупете ги и изрендајте ги. Добро процедете ја водата од тиквичките. 
Во еден сад измешајте ги брашното, јајцето и тиквичките. Додадете ги чешнето лук ситно исечкано, песто сосот и кашкавалот. На крај,зачинете по желба. Со лажица ставајте во загреано масло и пржете ги додека не заруменат. Може,исто така,и да ги печете во рерна на хартија.

Потребни состојки:


-  380 г мелено телешко месо 
-  2 модри патлиџана
-  100 г рендан кашкавал
-  750 мл млеко
-  сос од домати
-  2 кромитчиња
- путер, брашно, маслиново масло, сол и бибер
 
Подготовка:
Измијте ги модрите патлиџани и исечете ги на ленти. Во тава со загреано масло, пропржете ги малку да омекнат. Кромитчињата исечкајте ги, пропржете ги во друга тава и додадете го меленото месо. Кога месото ќе биде речиси готово, додадете го сосот од домати и зачинете. Ова нека се готви околу 30 минути. Од путерот, брашното и млекото направете бешамел сос. Во сад за печење, ставете еден ред модар патлиџан, одозгора од смесата со месо, па бешамел сос, и потоа уште еднаш повторете. На крај, одозгора ставете го ренданиот кашкавал. Нека се пече на 200 степени околу 20 минути.

Потребни состојки:


-  2 кромитчиња 
-  200 г спанаќ
-  2 лажици јаболков оцет
-  2 лажици мед
-  бибер, сол и маслиново масло
-  6 лажици мешани семки (сончоглед, тиква, сусам, лен)
- 150 г сино сирење 
 
Подготовка:
Младите кромитчиња исечкајте ги, а спанаќот измијте го.
Во сад за салата, најпрвин направете го „дресингот“ со маслото, оцетот, зачините и медот.
Ставете ги кромитчињата и спанаќот. На крај, одозгора додадете ги семките и синото сирење исечкано на коцки. 

Потребни состојки:

2 шаки спанаќ
2 јаболка
100 gr. сечкани ореви 50 gr. фета сирење 30 gr. суви брусници

Подготвување:

За прелив:

2 dl сок од јаболка
4 лажици јаболков оцет 2 лажици мед
50 ml маслиново масло Сол, црн пипер


Спанаќот добро измијте го и искинете го на парченца.
Јаболката исечете ги на кришки, исечкајте ги оревите и
помешајте ги со спанаќот. Додадете го фета сирењето исечкано на коцки,
додадете ги 
брусниците и прелијте со подготвениот прелив пред да послужите.
Салатата се јаде веднаш свежо подготвена. 

 

Потребни состојки за тесто:

- 150 гр сирови ореви
- 100 гр урми
- 3 супени лажици кокосово брашно

Потребни состојки за фил:
- 200 гр печена или варена тиква
- 15 мл јаворов сируп
- 15 гр кафеав шеќер
- 1 кафена лажичка цимет
- 1 кафена лажичка ванилин шеќер
- 1 супена лажица кокосово масло
- вода по потреба

Подготовка:Состојките за тесто се блендираат се до добивање на хомогена смеса.
Се става на подлога и се обликува во форма по избор. Состојките за филот исто така се
блендираат и со добиената смеса се филува претходно подготвеното тесто.
Одозгора се оросува со кокосово брашно. Се чува во фрижидер и се служи ладно.
  • јајца
  • шолја(од200мл) шеќер
  • шолја млеко
  • ½ шолја масло
  • шолја пченичен гриз
  • шолја мелени ореви
  • кесичка прашок за пециво
  • шолји рендани јаболка
  • 100 г суво грозје

 

За чоколаден прелив:

  • 80 мл млеко
  • 80 г путер
  • лажички шеќер
  • 100 г чоколада за готвење

Подготовка

Изматете ги белките со шеќерот, додадете ги жолчките, па млекото, оревите, гризот, прашокот за пециво, ренданите јаболка и сувото грозје. Измешајте убаво и
ставете во тавче (25x35cm), подмачкано или обложено со хартија за печење. Печете околу половина час во рерна загреана на 180°C.За преливот – загрејте
го млекото со шеќерот, додадете го путерот и чоколадата и мешајте сè додека не се растопи. Со подготвената смеса прелијте го колачот.
Исечете на коцки, оставете да се излади и послужете.

За Нас

Ваш Аптекар, наменето да ги задоволи вашите потреби за квалитетни информации во врска со употребата на лековите и другите средства кои ги земате во аптеките. Ние се грижиме за вашето здравје и ќе ви обезбедиме интересни содржини кои директно ќе влијаат врз вашиот приод кон лекувањето и начинот на живот воопшто.

Следете не на Facebook

Newsletter

Внесете ја вашата е-пошта и навремено дознајте за сите новости и информации поврзани со Ваш Аптекар.