Состојки

  • 1 кг компир
  • 500 г шампињони
  • 100 г салата по желба (зелена, рукола, спанаќ)
  • 2 главици кромид
  • 1 чешне лук
  • 1 лажичка сенф
  • маслиново масло
  • 1 лимон
  • сол и бибер

Подготовка

Компирот сварете го во солена вода, излупете го и исечкајте на коцки.
Печурките исечкајте ги и издинстувајте ги на маслиново масло заедно со ситно сечканите кромид и лук.
Подготвениот компир и печурките измешајте ги заедно со салатата. Сенфот изматете го со сок од лимон и маслиново масло и прелијте ја салатата. Добро промешајте.
 

Состојки

  • 8 дл вода
  • ½ кг говедско месо
  • 8 лажици масло
  • 1 пиперка
  • 100 г домат или сок од домат
  • 400 г компир
  • сол, бибер

Подготовка

Месото исечкајтего на коцки. Динстувајтего на загреано масло додека не омекне.Кога месотое ресисиварено,додадете пиперка, компир и доматисечкани на коцки и вода. Зачинете и динстувајте уште 15-20 минути. Послужете со свеж и крцкав леб.

Состојки:

  • 300 гр црвена леќа
  • 1 главица кромид
  • 3 чешниња лук
  • 2 моркова
  • малку свеж ѓумбир
  • зачини: сол, црн пипер, кари, куркума, вегета

Подготовка

Леќата ставете ја да покисне малку. Кромидот, лукчињата, морковите и ѓумбирот исечете ги на коцки. На малку масло, зеленчукот ставете го да се издинстува. Додадете ги зачините и оставете уште малку да се соединат убаво. На крај додадете ја леќата и во садот додадете 600 мл врела вода. Варете околу 15-20 минути.
Супата од коски е јадење старо онолку колку што е стара и самата вештина за готвење јадења. Во модерното живеење, можеби го има загубено своето место, но секогаш треба да остане актуелна заради непроценливите здравствени придобивки.
Супата е преполна со хранливи материи поаѓајќи од содржина на многу минерали, како калциум, фосфор, магнезиум и калиум, во состојба во која вашето тело многу лесно ги искористува.
Содржи соединенија хондроитин и глукозамин коишто имаат влијание во ублажување на воспалителните процеси како што се артитис и болки во зглобовите. Присутен е и мелатонинот што придонесува за здрава кожа, коски и нокти.


Состојки

  • 500 г пресечени шупливи говедски коски на кои може да има и мала содржина месо
  • 2 лажици јаболков оцет
  • 1 кромид или праз
  • 2 чешниња лук
  • 2 моркова
  • 1 целер
  • 1 пашканат
  • сол, магдонос и бибер во зрно

Подготовка

Прво, измијте ги коските и заедно со 1 цел кромид (може и со лушпа) и со зрната бибер прелијте ги со ладна вода и со 2 лажици лимонов сок. Варете ги на тивок оган, а најдобро во експрес лонец 1 и пол час. Сварената супа процедете ја и потоа соберете ја маснотијата од површината. Вака процедена и обезмастена, се враќа на оган и се додава зеленчукот, претходно ситно исечкан или изрендан. По желба, може да се додаде и малку фиде.
Супата може да се подготви и од друг вид месо, а особено е вкусна ако при варењето, покрај коските, додадете и малку пилешко (од гради, крилца, врат).
Доколку имате сварено поголемо количество, откако ќе ја процедите, може да ја поделите, и еден дел да замрзнете. По потреба ја одмрзнувате и ја подготвувате со додавање на зеленчуците и на зачините.

!!! Супата е идеален оброк што го закрепнува организмот.
Особено се препорачува за деца, постари лица, болни и за реконвалесценти.
Со­стој­ки
  • 250 г ти­ква
  • 1 ком­пир
  • 1 гла­ви­ца кро­мид
  • 1 мор­ков
  • 1 це­лер
  • 1 па­шка­нат
  • 2 чеш­ни­ња лук
  • мал­ку сол, црн пи­пер, мас­ли­но­во мас­ло, босилек

Подготовка

Tи­ква­та, ком­пи­рот и мор­ко­вот, из­ми­е­ни и из­лу­пе­ни, се се­чат на по­го­ле­ми пар­чи­ња. Кро­ми­дот, лу­кот, це­ле­рот и па­шка­на­тот се ста­ва­ат це­ли во лонец со во­да. Се ва­рат за­ед­но 30-40 ми­ну­ти. Се цедат, а водата се зачувува. По­тоа, си­те со­стој­ки се дро­бат вo блен­дер, до­де­ка не добиете еднолична каша. На крај, се до­да­ва во­да­та со што ја приспособувате густината. За вкус се до­да­ва мал­ку мас­ли­но­во мас­ло, сол, црн пи­пер, босилек.
 
Состојки
 
  • 4 јајца
  • 300 г јаболкa (крупно рендани)
  • 220 г шеќер (кафеав)
  • 250 гбрашно
  • 200 г путер
  • 50 г ореви
  • 50 г бадеми или лешници
  • 50 г суво грозје
  • 1 лажичка цимет
  • 1/4 лажичка сода бикарбона
  • 1 лажичка прашок за печиво

Подготовка

Јајцата убаво изматете ги. Путерот стопен и оладен додадете го во садот со јајцата и продолжете со матење. Додадете ги шеќерот, брашното, содата, печивото и циметот. На крај, ставете ги ренданите јаболкaи сувото грозје. Смесата ставете ја на хартија за печење и печете на 180 степени 45-60 минути.

Состојки

  • 1 кг компири (или по потреба)
  • 500 г свежи шампињони
  • 2 средни главици кромид
  • 2 чешниња лук
  • 1 лажичка сенф
  • по вкус: сол, бибер, мешан зачин, мајчина душичка, чили
  • 2 јајца
  • 100 мл млеко


Подготовка:

Печурките исечкајте ги на парчиња и ставете ги малку да се запржат во тава на оган. Потоа, извадете ги настрана. Во истата тава додадете го ситно сечканиот кромид да се пржи. Кога ќе омекне, додадете го и изгмеченото лукче. Потоа, додадете ги и печурките, сенфот и зачините, и промешајте за убаво да се соедини.

Компирите излупете ги и исечете ги на тенки кругови. Тавата премачкајте ја со масло, наредете еден ред компири и одозгора ставете малку од зачините, а потоа наредете уште еден ред компири. Ставете половина од филот, покријте со ред компири и другата половина од филот. Одозгора наредете ги убаво компирите да нема празни места. Додадете малку вода во тавата и ставете да се пече во загреана рерна.

Јајцата разматете ги заедно со млекото и малку сол и пред крај прелијте ја мусаката. Вратете да се допече уште кратко, па извадете и оставете малку да се олади пред да послужите

Состојки

  • 1 марула, исечкана на парчиња
  • 1 јаболко, исечкано на резанки
  • мала црвена зелка, исечкана на мали долгнавести ленти
  • половина шолја ореви
  • чаден  кашкавал, количински додадете по ваш вкус

Прелив
Измешајте малку јаболков оцет со маслиново масло, сол и бибер, и едноставно прелијте ја салатата.
 

За Нас

Ваш Аптекар, наменето да ги задоволи вашите потреби за квалитетни информации во врска со употребата на лековите и другите средства кои ги земате во аптеките. Ние се грижиме за вашето здравје и ќе ви обезбедиме интересни содржини кои директно ќе влијаат врз вашиот приод кон лекувањето и начинот на живот воопшто.

Следете не на Facebook

Newsletter

Внесете ја вашата е-пошта и навремено дознајте за сите новости и информации поврзани со Ваш Аптекар.