Пилешко на скара со зелена салата


  • 500 г бело пилешко месо

  • 1 лажиче соја сос

  • 1 лажиче сенф

  • маслиново масло, сол и бибер

  • зелена салата што може да се дополни со рукола, магдонос, босилек.

Салатата се зачинува и се додаваат маслиново масло и оцет (лимонов сок).
Пилешкото месо се сече на потенки парчиња за де се испржи побрзо. Премачкајте ги парчињата со прелив од сенф, соја сос, маслиново масло, сол и бибер. Добро е вака месото да отстои околу 2-3 часа.
Загрејте ја тавата за скара и ставете го месото да се пече 5-7 минути. Завртете го од другата страна и пропржете уште 3 минути. Вака подготвено, сервирајте го заедно со зелената салата.

 

Зеленчукова тава



Потребни состојки:

2 тиквички

2 моркова 

1 црн домат
1 главица кромид
100  гр путер 
60  г пармезан  
150 г брашно
3 лажици маслиново масло
сол и бибер

Исечете го ситно кромидот. Излупете и исушете ги тиквичките и црниот домат. Исечете го зеленчукот на коцкички.
На загреано масло пропржете го зеленчукот, ставете ги зачините и оставете го 20 минути на тивок оган.
Подгответе го тестото за одозгора: со врвот на прстите измешајте ги брашното, путерот исечкан на ливчиња, пармезанот, сол и бибер. Ставете го зеленчукот во тава и одозгора ставете го тестото (како песок). Да се пече 20 минути на 180 степени. 
Овој рецепт може да се приготви со кој било зеленчук по ваш избор.

 

Мајонез од индиски ореви
 



Состојки:

 

  • 250 г индиски ореви

  • 2 лажици сенф

  • 1 лажица мед

  • 5 лажици маслиново масло

  • по потреба вода

Индиските ореви се киснат преку ноќ (или 2-5 часа). Се вадат од водата и се ставаат во блендер. Се блендираат, се додаваат другите состојки и се продолжува да се блендира сè додека не добиете хомогена смеса. Се собира во стаклен сад и се чува во фрижидер.

 

Лосос со зеленчук



Потребни состојки (за две лица):

-2 парчиња лосос (по 150 г)

-4 зелени пиперки

-4 големи моркови

-2 големи лажици соја сос

-1 прстофат кафеав шеќер

-маслиново масло, сол, бибер

 

Рерната се загрева на 200 степени. Лососот се се прелева со маслиново масло, се зачинува со сол и бибер и се става во рерна да се пече десетина минути.
Морковот и пиперката се сечат по должина, на тенки ленти и се ставаат на веќе загреано маслиново масло. Кога ќе омекнат, се додаваат 1/3 шолја вода, сосот од соја и кафеавиот шеќер. Кога зеленчукот ќе добие карамелизиран изглед, се отстранува од оган и се сервира заедно со лососот.

 

Колач со кокос




Тесто:

5 јајца

12 лажици шеќер

12 лажици млеко

12 лажици масло

12 лажици брашно

200 г кокос

2 лажици какао

2 печива

Јајцата се матат со шеќерот. Се додаваат останатите состојки и се печат во подмачкан плех на 180 степени. Се лади.

Шербет

2 ½ чаши вода

2 ½ чаши шеќер.

Смесата се зоврива и се трга да се излади. Колачот се прелива со млак шербет.

Прелив

200 грама чоколада се растопува во 2 лажици вода и 2 лажици масло. Оладениот колач се премачкува со преливот и се остава во фрижидер да се излади.

Салата од праз и туна



3 средни стракови праз
1 конзерва туна
сок од ½ лимон, сол и бибер
 
Подготовка
Празот ситно се сечка, се посолува и се прогмечува со рака. Се додава туната, сокот од лимонот и сè заедно добро се меша. 
По желба, наместо туна може да се употреби сардина.
 
Пилешка чорба со коприви




 
Состојки
пилешко месо
1 главица кромид
1 чешне лук
неколку шаки коприви
магдонос, сол, зачин и бибер
 
Подготовка
Пилешкото месо се вари. Се процедува, месото се одвојува од коската, се сече на мали парченца и се враќа во процедената вода. Копривите се попаруваат со врела вода, се прелева со ладна вода, се процедува и се сечка. На масло се пржи исечканиот кромид со 1 лажица брашно и копривите. Оваа смеса се додава во водата со пилешкото месо и се доварува уште 4-5 минути. Се посолува и се зачинува по желба.
 
Оваа чорба е задолжително и незаменливо јадење за сите оние кои се слабокрвни, изнемоштени и заздравуваат од тешки заболувања. Идеална е за јакнење и за чистење на крвта. Особено е корисна за децата.
 
Рестуван компир



Состојки
1 кг компир
1 дл масло
2 главици кромид
малку црвен пипер, сол и бибер
 
Подготовка
Компирот се вари заедно со лушпата. Се лади, се лупи и се пасира со виљушка. На масло се пропржува кромидот, се додаваат црвениот пипер и компирот. Се посолува и добро се промешува. 
 
Салата од модар патлиџан



Состојки
модри патлиџани
црвени домати
китка магдонос
лук, сол
 
Подготовка
Модрите патлиџани заедно со кората се сечат на кришки од околу 0,5 см, па се посолуваат и се цедат. Вака подготвени се пропржуваат од двете страни на сосема малку масло. Црвените домати се сечат на кругови, а лукот и магдоносот се сечкаат ситно и се мешаат во една смеса. Во тава се ставаат кришките модар патлиџан и на секоја од нив се реди наизменично еден слој од смесата од магдонос и лук и слој од црвениот домат. Повторете го редењето најмалку 3 пати. Се посолува по желба. Се сече на коцки и има одличен декоративен изглед. Може да се служи како предјадење со парче сирење.
 
Намаз од ленено семе (здрава замена за мајонез)



 
Состојки
6 лажици ленено семе
250 мл вода
150 мл ладно цедено маслиново масло
1 лажичка сол
2 лажици сенф, сок од 2 лимона
 
Подготовка
Лененото семе се блендира со 250 мл вода. Откако смесата убаво ќе се изедначи во форма на крем, се додава ладно цеденото маслиново масло и повторно се блендира. Потоа, се додаваат солта, сенфот и сокот од лимон. Сето тоа заедно се блендира, сè додека смесата целосно не се соедини. Намазот е готов. По желба, може да се додаде луто пиперче и разни тревкасти зачини за приспособување на личните вкусови.

ВИШНА – против болки и воспаленија


 
Темноцрвена, привлечна и сочна. Со киселкав вкус и многу освежителна. Едноставно, вишната е овошје што содржи речиси сè што му е потребно на еден организам да остане здрав и витален. Поседува неверојатни лековити својства. Содржи богатство од витамини, минерали и, пред сè, антиоксиданси. Покрај низата позитивни дејства, карактеристична е по докажаните антивоспалителни ефекти.
20 вишни дневно го ослободуваат телото од болки, идентично како да употребите таблета против болка.
 
 
ЦРЕША – неодоливо привлечна



 
Не само што се омилен овошен десерт во овој период од годината, црешите се и вистинско мало богатство преполно со корисни витамини, минерали и антиоксиданси. Имаат изразено поволен ефект врз лекување на болести на срцето, коските и зглобовите. Богатството од антиоксиданси ги прави совршени во превенцијата од малигни заболувања и во зајакнување на имунолошкиот систем. Богати се и со мелатонин, со што на многу природен начин го регулираат ритамот на спиењето, ја подобруваат меморијата и го одложуваат процесот на стареење.
Сармички од блитва



Потребни состојки:
500 г мешано мелено месо 
40 помали ливчиња блитва
1 шолја ориз
3 главици кромид
2-3 чешниња лук
1 јајце
сол, бибер, црвен пипер, брашно и масло
 
Подготовка
На масло се пропржува кромидот, се додава месото и оризот и заедно се пропржува.
Се трга од оган и се додаваат останатите состојки. Јајцето се додава на крај во веќе проладениот фил.
Ливчињата блитва се мијат и им се сечат петелките. Поделете ги на 3 или на 4 снопчиња и вака поделени сосема накратко потопете ги во врела вода. Извадете со помош на решеткава лажица и веднаш потоа ставете ги во ладна вода за да се зачува зелената боја на листот. 
На вака подготвените ливчиња се става од филот и се виткаат сармички, се редат во соодветен сад и одозгора сармичките се прекриваат со ливчиња блитва.
Во тавче се става 1 лажица брашно, 1 лажиче црвен пипер, малку масло и околу 1 литар вода. Се зоврива и со ова се прелива подготвената сарма. Се поклопува и се става да се вари во рерна околу 1 час.

Варило од боранија и мелено месо



Потребни состојки:
250 г зелена боранија
250 г компир
300 г мелено јунешко месо
2 главици кромид
домат или салца сос
ловоров лист, бибер, црвен пипер, зачин
700 мл вода
 
Подготовка
Боранијата се мие и се сечка на парчиња, додека компирот се сечка на коцки.
Кромидот се сечка и се пропржува на маслиново масло. Се додава меленото месо и се пропржува. Потоа се додаваат сите останати состојки, се преливаат со вода и се варат 20 минути. На крај се додава сечканиот магдонос.

Шпагети од краставици



 

 

 

Потребни состојки:

3 краставици со средна големина – се лупат (може и нелупени, ако имаат тенка мазна кора) и се рендаат со спирилајзер во тенки шпагетки-спирали. Доколку немате спирилајзер, краставиците се сечат со ноже за лупење на тенки долги резанки во облик на јуфки, 1 морков се сече на тенки долги резанки како при лупење, 2-3 чешниња лук, ситно сечкан магдонос, сол, бибер, оригано, маслиново масло и лимонов сок.

За преливот е потребно:

2-3 црвени домати,

½ морков,

1 блага црвена пиперка,

1 луто црвено пиперче, сечено на тенки крукчиња за збогатување на вкусот,

1 супена лажица агаве сируп.


Морков салата со брусница


 

2 моркова се рендаат на крупно, се додаваат ситно сечкани 2-3 чешниња лук (може и младо лукче 2-3 страка),

се додава ситно сечкан магдонос и малку брусница.

Се зачинува со сол, маслиново масло и лимонов сок.

Може да се служи како брза лесна салата.



Колач со суво овошје





Потребни состојки: 
250 г суво грозје
250 г смокви
250 г брашно
250 г шеќер
1 кафена шолја бело вино
2 јајца
 
Подготовка
Јајцата се матат со шеќерот, а потоа се додава белото вино и брашното. Смоквите и оревите се сечкаат и се додаваат кон смесата заедно со сувото грозје и сè заедно убаво се промешува.
Вака подготвената смеса се истура врз хартија за печење, на плитка правоаголна тава, при што се формираат два ролата, кои се премачкуваат со една жолчка од јајце, и веднаш се ставаат да се печат околу 20 минути во претходно загреана рерна на температура од 170-200 степени.
Откако убаво ќе се излади колачот, се сече на потенки парчиња.

„Чупава“ Ката




Потребни состојки:
4 jajцa
250 г путер
250 г мармалад од кајсија
3 чаши (за вода) брашно
1 печиво
1 ванила
100 г сечкани ореви
1 лажица какао
10 лажици шеќер
шеќер во прав
 
 
Подготовка;
Се матат 4 жолчки во кои се додава путерот и повторно заедно се мати додека не се добие пенеста смеса. Се додаваат брашното, печивото и ванилата и се меси тесто кое на крајот се дели на 3 еднакви дела. Во едниот дел се додава какаото и сите три дела се ставаат во замрзнувач околу 1 час. 
Во тава подмачкана со путер се ренда белото тесто и врз него се посипува мармалад од кајсија и сечкани ореви. Врз ова се ренда тестото со какао и се премачкува со изматени 4 белки со 10 лажици шеќер. На крај се ренда последното бело тесто и се пече 30-40 минути на температура од 170°C. Откако ќе се излади, се сече на коцки и се оросува со шеќер во прав.
 
 
 

Мусака од спанаќ и компир
 


 

Потребни состојки:

2 кг спанаќ

1 кг компир

2 павлаки

3-4 чешниња лук

 

Подготовка

Компирот се лупи, се сече на големи парчиња и се вари само 10 минути со сол. Убаво се чисти спанаќот.

Во намрсено тавче се реди ред изгмечен компир, ред свеж спанаќ, па сечкани лукчиња.

Се става по 2 реда, да заврши со спанаќ. Одозгора се посолува со сол и мешан сув зеленчук.

Со попрскува со маслиново масло и се пече 40 минути во загреана рерна.

Се вади од рерна, се прелива со матена кисела павлака. Се сече како торта и така се сервира.

 

Праз со суви пиперки

 

Потребни состојки:

масло
3-4 страк
ови праз
3-4 суви пиперки
(лути или благи, според вкус)
црн пипер
црвен пипер

Начин на подготовка:
3-4 стракови праз исечете ги на кружни парчиња и ставете да се пржи на зејтин на среден оган. Сувите пиперки исечете ги на парчиња и додајте ги кога ќе омекне празот, пропржете ги заеднo сo празот и посипете ги сo црвен и црн пипер. Се сервира самостојно или како гарнир со пржено или печено месо, варен ориз, макарони, пире oд компири или салата!
 

Бурек пиперка


Потребни состојки:

10 црвени пиперки капија

½ кг урда

Бешамел сос за палачинки (1 јајце, 2 лажици брашно, малку млеко и сол)

Подготовка

Црвените пиперки се печат и се лупат, и им се вадат семките. 4 пиперки се сечкаат и се мешаат со урдата. Ако урдата не е солена, се посолува. 6 пиперки се полнат со смесата. Секоја пиперка се затвора со парченце леб, се става во бешамел сос и веднаш се пржи на врел зејтин до зацрвенување. Се препорачува да се јадат топли. Со ова јадење се препорачува салата од црвен домат со кромид и магдонос.


Ќофтиња во рибарски сос



Потребни состојки:

500 г мелено месо

2 јајца

1 поголем компир

1 главица кромид

сол, мешан сув зеленчук, бибер

За сосот

3-4 домати

3-4 чешниња лук

магдонос

1 лажица брашно


Подготовка:

Во длабок сад се ренда претходно излупен компир, на ситно со ренде. Врз него се ренда кромидот. Се додаваат двете јајца, месото и сите зачини. Убаво се меша со рака, за да се добие хомогена смеса. Се прават кругли ќофтенца и се пржат на загреан зејтин. Се ставаат на страна. Во истата тава се става брашното и слабо се запржува. Се додаваат изрендани доматите, лукот и магдоносот. Се пропржува и се залева со 300 г вода. Се остава да врие 5-10 минути и се додаваат ќофтенцата. Се исклучува, се покрива со капак и се остава до ладење на ринглата. Се служи со печени пиперки зачинети со лук и магдонос.


Свинско со туршија







Потребни состојки:

Свинска кртина, 1 кг за 4 лица

200-300 г мешан зеленчук од туршија (краставички, морков, зелен домат, карфиол, пиперка и др.)


Подготовка

На врел зејтин се става свинска кртина, исечкана на коцки да се пржи. Убаво се пржи до зацрвенување и се додава туршијата. Внимателно се посолува бидејки туршијата е солена. Се пржи додека целата маса не омекне.

 

Италијански леб со рузмарин
 


За овој рецепт потребно е:

225 г брашно

½ лажиче сол

1 ќесичка инстант сув квасец

4 чешниња лук, ситно сечкан

исечкани иглички од 2 гранчиња рузмарин

по желба 10 црни маслинки, крупно сечкани и без семки

1 лажица маслиново масло

За прелив и посипување

6 лажици маслиново масло

2 лажички крупна сол

иглички од едно гранче рузмарин

 

Подготовка

Во голем сад мешаме брашно, сол, квасец, лук, рузмарин и по желба маслинки. Во средината правиме вдлабнување и додаваме маслиново масло и 150 мл топла вода, мешаме и приготвуваме меко тесто. Тестото го месиме 10-15 минути, го ставаме во намастен сад, го покриваме со намастена проѕирна фолија или со крпа, и го оставаме на топло 45 минути двојно да нарасне. Го превртуваме тестото на работната површина и повторно лесно го месиме, а потоа го развлекуваме во круг со дебелина од околу 1 см. Тестото го ставаме на намастен плех и лесно го покриваме со намастена проѕирна фолија или крпа, и повторно го оставаме 25-30 минути да нарасне. Рерната ја загреваме на 200 степени. Со прстите правиме вдлабнатини по цело тесто, го посипуваме со 2/3 од маслиновото масло, рузмарин и сол. Печеме 25 минути да се зацрвени. Кога ќе го чукнеме од долната страна, треба да даде шуплив звук. Го вадиме на металната решетка и го посипуваме со остатокот од маслиновото масло.


Колач со тиква
(ор
игинален назив: Loretta Hoffmans Pumpkin Bread)






Мерна единица: шолја за чај
Време на подготовка: 10 минути
Време на печење: 40-60 минути

Потребни состојки:
- 1 шо
лја динстувана и испасирана тиква
- 1/3 шо
лја вода
- 1/2 шо
лја зејтин
- 1/2 шо
лја сечкани ореви
- 2 шо
лји брашно
- 1,5 шо
лја шеќер во прав
- 1 кафена лажичка сода бикарбона
- 1 кафена лажичка сол
- 1 кафена лажичка мускатно оревче и/или цимет
- 2 јајца

Се матат јајцата, па се додава: шеќерот, зејтинот, сувите состојки, тиквата и на крај водата.
Се става смесата во подмачкан калап за печење.
Се пече на загреана рерна на 180 степени.
По печењето се покрива со крпа и се остава да се олади.
Се ослободуваат краевите на колачот од калапот и се превртува.
По желба се декорира.
Добар
апетит!

 

 

Шарена чорба од зеленчук



300 г зеленчук исечкан на коцкички(морков, брокола, грашок, компир),
1 кромид,
40 г масло (путер),
40 г брашно,
малку сечкан магдонос и малку ароматични зачини по желба.
 
На масло или путер се пропржува малку сечканиот кромид. Потоа се додава зеленчукот. Се посипува со брашното и се налева со вода или бујон.
Се вари околу 20-30 минути.Се посипува сечканиот магдонос.
На ова,во секоја чинија може да се додадат „пржени коцкички леб“.
 
 
Зелена проја со сирење



3 јајца,
1 чаша бело брашно,
2 чаши пченкарно брашно,
1 чаша јогурт,
1 чаша кисела вода,
1/2 чаша масло,
300 г сирење (рендано или иситнето),
200 г спанаќ (или друг зеленолисен зеленчук како блитва или коприва),
1 прашок за печиво,
малку сол по желба.
 
Јајцата добро се матат со миксер, се додава јогуртот, потоа киселата вода и маслото. Се додава брашното во кое е измешан прашокот за печиво. На таа смеса се додава исечканиот спанаќ. На крајот се додава сирењето и добро се промешува.
Смесата се истура во подмачкана тава за печење. Тестото треба да е житко. Рерната се загрева на 200(220) ºС. Во така загреана рерна се пече 20-25 минути.
 
 
 
Запечена (потпечена) боранија



600 г боранија, измиена и исечкана,
2 главици кромид,
2 чешниња лук,
2 моркова, изрендани,
2-3 јајца,
магдонос,
200 г млеко или павлака,
1 лажиче црвен пипер,
малку масло,
сол, зачин, бибер, по желба.
 
Ситно сечкан кромидот се пропржува на масло, потоа се додава боранијата, морковот, лукчето и се динстува за да омекне. Се додава по малку водичка. Кога боранијата е наполу динстана(зготвена), без течноста се претураво огноотпорен сад. Јајцата се матат со млекото и се прелеваат преку боранијата. Се печево рерна, која е претходно загреана на 200ºС.
 
 
Палачинки



2 јајца,
250 г бело брашно,
250 г млеко,
250 г кисела вода,
малку сол (прстофат)
 
Јајцата се матат пенесто со миксер и се додава млекото. Се меша и се додава брашното, па киселата вода.Сè се промешува добро и се остава да отстои околу 1 час.
Во тавата во која ќе се пржат палачинките, пред пржење за секоја палачинка се става едно лажиче масло. Палачинките се пржат во загреана тава.
Потоа, испржените палачинки, по желба,може да се филуваат со солен или со сладок фил.
За солен фил– иситнето сирење измешано со 1 лажица павлака.
За сладок фил–може да се употреби мед, џем или друго по желба.
 
 
 
Шарена салата



5-6 листа зелена салата (марула, ајсберг или друга)
2 морковчиња,
1 мала китка карфиол (колку во една рака да собере),
1 рака зрна варена пченка,
1-2 лажици сок од лимон,
маслиново масло,
малку сол по желба.
Во подлабок сад се меша зелената салата исечкана на лентички, ренданиот морков и исечканата китка карфиол (се сечка на ситно). Се додава варената пченка и се зачинува со сол, лимонов сок и маслиново масло.
Состојките се промешуваат и може да се послужи.
 
 
Куглоф



180-200 г путер,
200 г шеќер,
4 јајца,
250 г брашно,
100 г сечкани ореви,
20 сечкани суви сливи или суво грозје,
2 ванилин прашок,
рендана кора од 1 лимон.
 
Сите состојки се мешаат, во хомогена смеса.
Тавчето за куглоф се премачкува со путер и се посипува со малку брашно. Се пече смесата 20 минутиво загреана рерна на 220 ºС, потоа се покрива со фолија и се намалува температурата на 150 ºС, се пече уште 20 минути.
 
 
Прелив за салата



Овој прелив за салата го зајакнува имунитетот и го подобрува метаболизмот. Може да се прелие преку зелена салата, риба, варен зеленчук или варено месо.
 
1 зрело авокадо (излупено и без семка),
2 чешниња лук,
малку магдонос, босилок, рузмарин, ситно сечкани,
малку сол, маслиново масло и лимонов сок по вкус. Сето ова се миксира или се гмечи со виљушка, додека да стане густо како прелив за салата.
Пита со сирење
 
Потребни  продукти:
500 грама тенки кори
Смеса за премачкување: 50 мл јогурт или кисело млеко, 200 мл масло, 100 грама пченкарно брашно,100 грама пченично брашно,2 ќесички прашок за печиво,3 јајца

Начин на подготовка:
Се редат три кори една врз друга,при што секоја од нив се премачкува со гореподготвената смеса. На третата кора се става филот од урда и се витка во ролат.
Откако ќе се наредат ролатите еден до друг во должина на плехот (претходно подмачкан плех со масло), се прелеваат со остатокот од смесата. Се пече во загреана рерна на 200степени,околу 20 минути (5-10минути во исклучена рерна).

 


Салата од домати и моцарела сирење (салата Капрезе)
 
Потребни состојки:
2 домата со средна големина
300 г свежа моцарела
15-20 листови свеж босилек
сол и бибер (оригано)
маслиново масло
 
Подготовка:
Доматите и моцарелата исечете ги по желба. Распоредете ги листовите од босилек, додајте сол, бибер и маслиновомасло. А, по желба,во салатата можете да додадете и оцет балсамико.





Летна зелка со јунешко или свинско
 
Потребни состојки:
600 г јунешко или свинско месо
1 главица кромид
1кг и половина свежа летна зелка
1-2 моркова
1 свежа пиперка (може и лута за вкус)
2 домата
магдонос
 
Подготовка
Месото се вари. Во посебен сад се запржуваат сечканиот кромид, пиперката и морковот,со малку сол. Се додава исечкана зелката и слабо се запржува. Се додава изрендан домат, црвен пипер и се спојува со вареното месо. Се зачинува, се вари 10-15 минути. На крај,се додава сечкан магданос, се затвора со капак и се исклучува.
Ова јадење може да се приготви на истиот начин и без месо.




Кременадли од лосос во фолија
 
Потребни состојки:
За 4 лица1кг исечен лосос на кременадли
1 поголем лимон
1 главица кромид
1 поголем домат
2-3 лукчиња
По желба,се додава зачин: магдонос, оригано, лорбер.
 
 
Подготовка:
Лососот се посолува со сол, бибер и сув зеленчук. Лимонот,кромидот и доматот се сечат на кругли парчиња. На парче алуминиумска фолија ставаме маслиново масло, парчето лосос, лимонот, кромидот па доматот. Се посолува со магдонос и убаво се затвора да не диши. Постапката се повторува со секое парче лосос. Се редат во плех премачкан со масло и се пече во загреана рерна 20-30минути.
Се служи со фолијата која непосредно пред оброкотсе прави како чинија и се става во друга чинија.
Ова јадење се служи со пекарски компир и со зелена салата. 




Чорба од домати
 
Потребни состојки
2 главици кромид
1 кг домати
Оригано
По желба: магдонос, босилек
 
Подготовка
Во масло се запржува ситно изренданиот кромид со малку сол. Се додава 1 лажичка брашно и 1 лажичка црвен пипер и се прелива со излупен и изрендан домат и ½л вода.Се зачинува со мешан сув зеленчук, сол бибер по вкус. Се вари 5-10 минути. На крај,се додава оригано, ситно сечкан магдонос и неколку листови свеж босилек. Се покрива и се исклучува.




Обланди со чоколаден прелив
 
Потребни состојки:
-едно поголемо пакување обланди
 
Фил:
- 500 г шеќер
- 600 мл млеко
- 1 маргарин
- 500 г мелени бисквити
- 200 г мелени ореви
- 100 г суво грозје, попарено со вода и добро исцедено
 
 
Прелив:
- 150 г чоколадаза готвење
- 3-4 лажици млеко или вода
- неколку капки масло
- 20 г путер или маргарин
 
Подготовка:
- Шеќерот се пржи за да пожолти, но да не изгори. Потоа се додаваатмлекото и маргаринот, и
  сèзаедно се растопува.
- Потоа се трга од оган и се додаваат мелените бисквити и ореви.
- Со врел фил се филуваат обландите една по една, а последната се остава нефилувана.
- Обландата притиснете ја со потежок предмет за да се стегне.
- Потоа на горниот слој на обландата нанесете го врелиот прелив и израмнете го.
-Откако глазурата ќе се стегне,може да се исече на коцки.
Уживајте во десертот!


 

СОКОВИ

1 Сок од јаболко, цвекло и морков – сок кој ја штити и ја храни вашата кожа во лето:
                1 јаболко, без семки,исечкано на парчиња,
                ½  главица цвекло или1 помало цвекло, исечкано на парчиња,
                2 моркова.
                Сите состојки се ставаат во соковник.
                Пожелба,може да седодаде сок од ½  лимон или сок од 1 портокал.

Се препорачува да се консумира веднаш по приготвувањето.




2 Густ сок од малини и банана:
                2 чаши малини,
                2 банани, излупени,
                5 урми без семка.

Сето ова се мати во миксер и се додава вода по желба, до саканата густина.




3 Зелен сок од праски и банана:
                3 праски, без семка,
                1-2 банани, излупени,
                5 урми, без семка,
                4-5 поголеми листови спанаќ(или една рака).
                Пожелба, се додава цеден сок од 1 портокал.
                Сето тоа се мати во миксер. За поредок сок се додава вода по желба, при миксирањето.

Се препорачува овој сок да се пие наутро бидејќи дава енергија во текот на целото претпладне.





Млеко од бадеми – замена за млеко од животинско потекло:
                50-тина бадемчиња се киснат во вода од претходната вечер(околу 8 часа),
                3-5 урми, без семка, за поблаг вкус (пожелба),
                3 чаши вода(вкупно околу700-800 мл).
                Сето тоа се мати во миксер и се процедува низ густа цедалка или газа.
                Добиеното количество млеко е доволно за3-4 чаши.
                Ако сакате замена за чоколадно млеко, може пред консумирањето да се додаде по 1 мала лажичка рогач или какао во прав.
  
Ова млеко се чува во фрижидер до 24 часа и не се подгрева.






 „Саси вода“, вода која што освежува и ги топи масните наслаги
 Ако сакате водата да ја направите уште поблаготворна и ефективна за губење килограми, тогаш ќе ве интересира и оваа едноставна напивка, што ја смалува надуеноста и го подобрува варењето. Оваа едноставна и лесна за правење напивка ја има смислено нутриционистката Синтија Сас.
 
 
Состојки:
 
- 8 чаши вода
- 1 лажица рендан корен од ѓумбир
- 1 свежа краставица, средна големина, излупена и рендана
- 1 лимон,средна големина, исечен на тенки парчиња
- 6-7 гранчиња нане
 
Подготовка:
 
Наведените состојки се мешаат со вода и се остава смесата да отстои во текот на ноќта, за секоја намирница да ја испушти својата арома. Утредента, напивката се процедува и се консумира во текот на целиот ден.




 
Грчка салата
Потребни состојки:
  • 400 грама исецкан домат
  • 150 грама исецкана краставица
  • 90 грама исецкани жолти, црвени или зелени слатки пиперки
  • 40 грама исецкан кромид
  • 1 и пол лажица свежа мајчина душица или пола лажица сушено мајчина душица, иситнета
  • 1 лажица свежо оригано или ¼ лажица сишено оригано
  • 50 грама фета/сирење

 
Подготовка:
Во голема здела измешајте го доматот, краставицата, слатката пиперка, кромидот мајчината душица и ориганото. За прелив во мала сад изматете оцет и маслиново масло. Мешавината од оцетот и маслото прелијте ја врз мешавината од зеленчукот. Промешајте и додајте ја фетата.


Брз зелен омлет
Потребни состојки:
  • 10-20 листови штавељ или зеље
  • 6 млади кромитчиња со перца
  • сирење по желба
  • 4 јајца

 
Подготовка:
Штавељот и кромидчето убаво се мие и се сецка. Се пржи до омекнување и се полива со матени јајца со сирење. Убаво е  да не се меша како би можело да се исече на идеални  четвртини. Со него оди салата од свежи краставици со лукче.

Боранија со млад компир
Потребни состојки:
  • 600 грама боранија
  •  4 чешниња лук
  • 3-4 кришки месната сланина
  • маслиново масло
  •  сол, црн пипер,
  • црвена пиперка



Подготовка:
Младиот компир насечкајте го на големина која ви одговора и сварете го. Сланината исецкајте ја на коцки и запржете ја во тафче, додајте го лукчето ситно сецкано(внимателно да не загори). Боранијата исецкајте ја на посакуваната големина и сварете ја во малку вода. На боранијата додадете го варениот компир и сланината со лукчето. Додајте малку црвен пипер(може и буковец), бибер, сол и заедно варете го уште неколку минути.

За Нас

Ваш Аптекар, наменето да ги задоволи вашите потреби за квалитетни информации во врска со употребата на лековите и другите средства кои ги земате во аптеките. Ние се грижиме за вашето здравје и ќе ви обезбедиме интересни содржини кои директно ќе влијаат врз вашиот приод кон лекувањето и начинот на живот воопшто.

Следете не на Facebook

Newsletter

Внесете ја вашата е-пошта и навремено дознајте за сите новости и информации поврзани со Ваш Аптекар.