Состојки

  • 8 дуњи
  • 6 лажици мелени ореви
  • 2 лажици сечкани лешници
  • 4 лажици мед
  • 200 г шеќер
  • 2 лажици ванилин шеќер

Подготовка

Дуњите добро измијте ги, исечете ги на половина и извадете ги семките. Внатрешноста наполнете ја со смесата од ореви, лешници, шеќер и мед. На крајот посолете со ванилин шеќер. Печете во рерна околу 45 минути на 200 степени. Оладете и сервирајте.
 

Состојки:

  • 150г путер или маргарин
  • 4 јајца
  • 1 ванилин шеќер
  • 250г шеќер
  • 300г брашно
  • ½ ќесичка прашок за печиво
  • 125мл млеко
  • 1-2 супени лажици рум (по желба)
  • 100г кршени ореви или лешници (по желба)
  • 30гкакао
  • шеќер во прав

Подготовка:

Измешајте ги путерот (маргаринот), шеќерот, жолчките и ванилиниот шеќер сè до формирање на пенеста смеса. Потоа, додадете ги млекото и румоти наизменично додавајте од брашното, претходно измешано со прашок за печиво, и изматените белки. На крај, по желба додадете кршени ореви или лешници.
Смесата поделете ја на два дела. Во едната половина од смесата додадете смеса од какао, разматено во 1 супена лажица млеко. Во калап за печење полеан со брашно, наизменично ставајте по лажица од „жолтата“ и од „кафеавата“ смеса и печете во рернана 185 степени околу 1 час. По желба, додека сè уште е топол колачот, нанесете шеќер во прав.

ПРОЈА

Состојки

  • 4 јајца
  • 2 шолји (за кафе) масло
  • 4 шолји (за кафе) пченкарно брашно
  • 3 шолји (за кафе) пченично брашно
  • 3 шолји (за кафе) кисела вода
  • сирење по вкус
  • печиво
  • 1 канче кисела павлака (200 мл)
  • сол по вкус

Подготовка

Посебно изматете ги жолчките со сите состојки. Отакако смесата ќе биде добро соединета, постепено додадете ги претходно изматените белки.  Смесата налејте ја во тава или во модли за печење и печете на 200 степени додека не зацрвени. По желба, пројата одозгора можете да ја наросите со сусам.

Состојки

  • 400 г мелено месо
  • 150 г фета сирење
  • 1 врвка блитва
  • 2 варени јајца
  • 1 жолчка
  • 2 лажици презла
  • 2 лажици пире од домат
  • 1 лажица соја сос
  • сечкан магдонос, сол, бибер

 Подготовка

Презлата натопете ја во две лажици вода. Блитвата добро измијте ја, отстранете го коренот и потопете ја во врела вода. Процедете и ситно исечкајте. Варените јајца изрендајте ги, а сирењето испасирајте го со виљушка. Во меленото месо ставете ги жолчката, презлата, магдоносот, биберот и посолете. Смесата добро измесете ја со раце и растргнете ја на подмачкана алуминиумска фолија со дебелина од околу 5 мл.
Блитвата, сирењето и јајцата измешајте ги и нанесете ја оваа мешавина врз месото и завиткајте го во форма на ролат. Ставете во плех, прекријте со фолија и печете на 200 степени околу 40 минути (фолијата извадете ја по 25 мин. печење). Неколку минути пред крајот на печењето, извадете го ролатот и премачкајте го со доматното пире измешано со соја сос и вратете да се допече. Готовиот ролат извадете го, проладете и исечете го на кришки.

Состојки

  • 1 кг компир
  • 500 г шампињони
  • 100 г салата по желба (зелена, рукола, спанаќ)
  • 2 главици кромид
  • 1 чешне лук
  • 1 лажичка сенф
  • маслиново масло
  • 1 лимон
  • сол и бибер

Подготовка

Компирот сварете го во солена вода, излупете го и исечкајте на коцки.
Печурките исечкајте ги и издинстувајте ги на маслиново масло заедно со ситно сечканите кромид и лук.
Подготвениот компир и печурките измешајте ги заедно со салатата. Сенфот изматете го со сок од лимон и маслиново масло и прелијте ја салатата. Добро промешајте.
 

Состојки

  • 8 дл вода
  • ½ кг говедско месо
  • 8 лажици масло
  • 1 пиперка
  • 100 г домат или сок од домат
  • 400 г компир
  • сол, бибер

Подготовка

Месото исечкајтего на коцки. Динстувајтего на загреано масло додека не омекне.Кога месотое ресисиварено,додадете пиперка, компир и доматисечкани на коцки и вода. Зачинете и динстувајте уште 15-20 минути. Послужете со свеж и крцкав леб.

Состојки:

  • 300 гр црвена леќа
  • 1 главица кромид
  • 3 чешниња лук
  • 2 моркова
  • малку свеж ѓумбир
  • зачини: сол, црн пипер, кари, куркума, вегета

Подготовка

Леќата ставете ја да покисне малку. Кромидот, лукчињата, морковите и ѓумбирот исечете ги на коцки. На малку масло, зеленчукот ставете го да се издинстува. Додадете ги зачините и оставете уште малку да се соединат убаво. На крај додадете ја леќата и во садот додадете 600 мл врела вода. Варете околу 15-20 минути.
Супата од коски е јадење старо онолку колку што е стара и самата вештина за готвење јадења. Во модерното живеење, можеби го има загубено своето место, но секогаш треба да остане актуелна заради непроценливите здравствени придобивки.
Супата е преполна со хранливи материи поаѓајќи од содржина на многу минерали, како калциум, фосфор, магнезиум и калиум, во состојба во која вашето тело многу лесно ги искористува.
Содржи соединенија хондроитин и глукозамин коишто имаат влијание во ублажување на воспалителните процеси како што се артитис и болки во зглобовите. Присутен е и мелатонинот што придонесува за здрава кожа, коски и нокти.


Состојки

  • 500 г пресечени шупливи говедски коски на кои може да има и мала содржина месо
  • 2 лажици јаболков оцет
  • 1 кромид или праз
  • 2 чешниња лук
  • 2 моркова
  • 1 целер
  • 1 пашканат
  • сол, магдонос и бибер во зрно

Подготовка

Прво, измијте ги коските и заедно со 1 цел кромид (може и со лушпа) и со зрната бибер прелијте ги со ладна вода и со 2 лажици лимонов сок. Варете ги на тивок оган, а најдобро во експрес лонец 1 и пол час. Сварената супа процедете ја и потоа соберете ја маснотијата од површината. Вака процедена и обезмастена, се враќа на оган и се додава зеленчукот, претходно ситно исечкан или изрендан. По желба, може да се додаде и малку фиде.
Супата може да се подготви и од друг вид месо, а особено е вкусна ако при варењето, покрај коските, додадете и малку пилешко (од гради, крилца, врат).
Доколку имате сварено поголемо количество, откако ќе ја процедите, може да ја поделите, и еден дел да замрзнете. По потреба ја одмрзнувате и ја подготвувате со додавање на зеленчуците и на зачините.

!!! Супата е идеален оброк што го закрепнува организмот.
Особено се препорачува за деца, постари лица, болни и за реконвалесценти.

За Нас

Ваш Аптекар, наменето да ги задоволи вашите потреби за квалитетни информации во врска со употребата на лековите и другите средства кои ги земате во аптеките. Ние се грижиме за вашето здравје и ќе ви обезбедиме интересни содржини кои директно ќе влијаат врз вашиот приод кон лекувањето и начинот на живот воопшто.

Следете не на Facebook

Newsletter

Внесете ја вашата е-пошта и навремено дознајте за сите новости и информации поврзани со Ваш Аптекар.