Сподели со пријателите

Многу чести а толку многу штетни намирници на кои треба да обрнете особено внимание

Храната некогаш беше извор на живот и задоволство. Денес, трпезариската маса може да потсетува на минско поле.
Кога ќе погледнете колку луѓе страдаат од дебелина, дијабетес и срцеви болести, очигледно е дека денешниот начин на исхрана и начинот на живот негативно влијаат  на нашето здравје. Со оглед на достапноста на брзата храна, се повеќе денешните генерации страдаат од недостаток на потребни - биолошки  вредни нутритиенти, а резултат на тоа е се поголемиот број на  болести. 
 
Многу често не обрнуваме внимание на исхраната, нејзиниот квалитет и застапеност се додека  не се вклучи некаков алар кој е најчесто во форма на сериозно заболување или здравствено нарушување во која промената на навиките за исхрана стануваат ззадолжителни. Сепак  вистината е дека исходот можете да го смениме уште денес, елиминирајќи ја најтоксичната и нездрава храна од вашата чинија. Кога од исхраната би ги изоставиле или драстично намалиле внесот на шеќер, белото брашно, маргаринот, разни видови на грицки, сувомесни производи, неспоредливо би имале помал процент на срцеви и малигни заболување.  
Иако можеби сме свесни сепак овие намирници многу често несвесно а сепак многу често се во нашето секојдневие.
Листата е долга па во овој текст а согласно со досегашните сознанија Ви ги претставуваме можеби  „најопасните“ намирници, како би можеле да одлучите при следниот ваш избор што ке ставите во вашата кошничка.
 

Маргарин.

Билно масло третирано на висока температура и хемикалии со додадени конзерванси и вештачки ароми. Маргаринот е направен од растителни масла кои се богати со транс-масти кои навлегуваат во масното ткивоо и клеточните структури на организмот каде директно влијаат на пореметувања на метаболизмот, , имунолошкиот систем , а се јавуваат и како фактор за појава на одредени заболувања.  Високата температура во процесот на преработка на растителните масла, ги уништува присутните витамини и антиоксиданти.Поради ова маргаринот скоро и да нема нутритивна вредност па неговата употреба во исхраната станува скоро безпредметна. Доколку веке морате да го употребувате за подготовка на пецива и други кулинарски специјалитети, правете го тоа што поретко или пак користете други алтернативи.
 
Разни видови грицки
Чипс, пуканки од микробранова, флипс, солени стапчиња. Многумина од нас скоро и да не можат без овие грицки кои всушност немаат нутритивна вредност, а можат да  бидат штетни за нашето здравје. Лошата навика на „грицкање“ е најчеста причина за дебелина, што често повлекува ризик од кардиоваскуларни болести, дијабетес, кариес, остеопороза.
 
Чипс
Водечка  намирница излистана во категоријата на повеќе штетни отколку корисни. Крцкав, екстремно популарен, го има со разни вкусови и редовно преполн со калории, маснотии и изразено “нездрави”количини сол. Ако редовно се конзумира станува една од намирниците што се најзаслужни за дебелеењето, особено кај децата и младите. Во едно спроведено истражување докажано е дека секојдневно конзумирање на чипс, неминовно  доведува до дебелеење а во истото истражување е докажано дека во ова чипсот е полош дури и пред засладените напитоци.
Покрај ова доведува до зголемување на холестеролот во крвта,  полн е со транс-масти, затоа што се пржи во масло кое е повеќе пати користено. Во прилог на ова оди и фактот што неретко чипсот во суштина и не е  пржен компир, туку смеса од компирово брашно , пченка, пченица и  редица додатоци за прилагодување на вкусот кој само ја дополнуваат штетноста.
Накратко чипсот е суров убиец на вашиот организам, па затоа мудро избегнувајте го.   
 
Пуканки од микробранова
Можеби досега не сте слушнале  за хемикалијата диацетил, која  се користи во пуканките наменети за подготовка во микробранова, со цел истите да имаат вкус на путер, и е една од главните виновници за уништување на клетките кои го штитат мозокот. Исто така  во пакувањето се додадени синтетички хемикалии, кои при загревање  навлегуваат во содржината на пуканките. Овие супстанции имаат штетно влијание на ендокриниот, имуниот и на репродуктивниот систем. 
Затоа, доколку сте љубител на пуканки направете ги онака како што некогаш ни ги правеа нашите мајки  и баби и зачинете ги по ваша желба. 

Со грицките во организмот внесуваме многу маснотии, сол и јаглехидрати и заради тоа треба да бидеме многу внимателни при нивна консумација.
 
Со конзумирање на солени грицки,  во организмот  се внесуваат премногу заситени масни киселини, што доведува до пад на концентрацијата, чувство на замор и поспаност. Истовремено организмот останува лишен од хранливи материи кои се од суштинско значење за негово секојдневно функционирање.
 
На сите грицките им се омилени , особено на децата, но денес кога свеста за нивната штетност е на високо ниво, родителите на своите дечиња треба да се потрудат да им дадат здрави верзии на грицки како што се чипс од јаболки или вкусни семки од тиква.
 
Овошни јогурти

Ги вбројуваме во категоријата на производи за диетална исхрана, богати со протеини, калциум и пробиотици а сепак со ниска калорична вредност. За жал поголемиот дел од овошните јогурти се индустриски преработки кои имаат превисоко ниво фруктознен сируп или други вештачки засладувачи заради што стануваат намирница богата со многу шеќер. Во ваква форма стануваат потенцијален здравствен ризик особено за лица склони кој дијабетес и дебелеење. 
 
Спакувани кекси
Една од основните состојки на спакуваните кекси кои ги купуваме во маркетите е хидрогенизираното растително масло, како што е палминото или палминото кернел масло. Овие масла се богати со транс-масти и заситени масти. Затоа нивната консумација  се поврзува со болестите на срцето, дебелината и дијабетесот. Освен со масти, кексите се полни со шеќер и вообичаено со нивното внесување, ја надминуваме препорачаната дневна количина за внес на шеќер. Изгледа дека полесно е да ја грабнете кутијата со кекси од сталажата во маркетот, отколку да ја натерате мама да ви направи домашен колач.
 
Газирани напитоци и овошни сокови
 
Газираните напитоци, овошните сокови и ледениот чај имаат голема калориска вредност и се на врвот на листата на фактори за прекумерна телесна тежина.
 
Сите газирани пијалоци и индустриски овошни сокови, имаат висока содржина на шеќер, дури и на оние на кои пишува дека се „без шеќер“. Тие се далеку посиромашни со витамини, минерали и диететски влакна отколку овошјето. Во поголеми количини може да влијаат на појавата на дебелина и дијабетесот. Доколку би испиле половина литар таков сок е скоро идентично како да сте внеле четири лажици бел шеќер. Кај децата таквите напитоци предизвикуваат чувство на заситеност, па изостанува соодветен внес на важни хранлици материи и витамини. Тие само создаваат потреба за дополнително конзумирање, и затоа е најдобро е да ги замените со вода, природно цедени сокови, лимунада или чај.
 
Сувомесни производи
На листата на непожелни намирници се секако и сувомесните производи и месните преработки.
Сувомесните производи, саламите, виршлите и паштетите се прават од месо со лош или сомнителен квалитет, а во нив имате неизоставно е изобилството од конзерванси, адитиви и маснотии. Освен тоа содржат големи количества сол што има штетно влијани на метаболичките процеси во организмот.
 
Совет. Доколку сте љубител на ваков вид на намирници обидете се да ги  конзумирате не повеќе од еднаш неделно.
 
Потребно е родителите кај децата од најрана возраст да им направат навика да ги избегнуваат сувомесните производи и месните преработки. Нема дилема – без оглед на видот, производителот или земјата на потекло, овие производи не би требало да бидат дел од нивната секојдневна исхрана.
Не е лесно да се каже дали  и колку се сувомесните производи и месни преработки штетни, но слободно можеме да заклучиме дека немаат позитивно влијание на човековото здравје.  
 
Соја
Штетна скоро за ситеособено онаа што е генетски модифицирана. Не е пожелнодецатада ја консумираат во ниеден облик. Се наоѓа во повеќе видови леб (како брашно), во пецива, како растителен протеин во вегетеријански паштети. Во денешно време се наоѓа во соро секоја процесирана храна.
Кај мажите влијае во продукција на тестостерон и стимулира создавање естроген. Оваможе да доведе до намалување на мускулната маса, намалена сексуална желбапа дури и  зголемување на градите.
Континуирана конзумација може да доведе до пореметување на функцијата на штитната жлезда.
Кај жените може да го поремети хормонскиот систем што може да имплицира  пореметен менструален циклус, неплодност па дури и да предизвика тумори во градите. 
Сојата кај машките деца може да предизвика феминизација а кај женските до прерано созревање на полните карактеристики односно преранПМС. 
 
Овие прехрамбени производи стануваат доминантен избор на потрошувачите,  а особено на родителите кои оваа храна ја бараат за своите деца, поттикнати од  убавите реклами на електронските медиуми. Купуваме дизајнирана храна без живот, убава на изглед, вкусна, но полна со шеќери, масти, конзерванси, бои, ароми, емулгатори и адитиви, a без било каква хранлива вредност.
 

За Нас

Ваш Аптекар, наменето да ги задоволи вашите потреби за квалитетни информации во врска со употребата на лековите и другите средства кои ги земате во аптеките. Ние се грижиме за вашето здравје и ќе ви обезбедиме интересни содржини кои директно ќе влијаат врз вашиот приод кон лекувањето и начинот на живот воопшто.

Следете не на Facebook

Newsletter

Внесете ја вашата е-пошта и навремено дознајте за сите новости и информации поврзани со Ваш Аптекар.