Сподели со пријателите

КОМПЛЕМЕНТАРНА ИСХРАНА

Хранењето на бебињата во првите неколку месеци е прилично едноставен  процес, особено ако вашето бебе  се дои. Но, како што доенчињата растат, индивдуално на возрастод 4-6 доаѓа и првиот голем предизвик, односно како да се дохранува и кога да се  воведува цврста храна во исхраната на бебето. 

Воведувањето на нови прехранбени производи во бебешкото мени за многумина е многу збунувачки, стресен и заморен период, бидејќи родителите се соочуваат со контрадикторни информации. Тие не се сигурни когатребада почнат содохраната, како да ја спрематхраната, да направат кашичка, колку бебетотреба да се јаде, како да се комбинираат млечни каши. Ги мачат различни долеми од типот дали да се понуди домашно направена кашичка од здраво овошје и зеленчук или подобро да понудаткупени, веќе приготвени оброци.  Прашања има безброј, така што не е изненадување што понекогаш се прават и грешки.

Што се подразбира под комплементарна исхрана?
Комплементарна исхрана/дохрана се дефинира како периодот во кој мајчиното млеко почнува да не е доволно за да ги подмири нутритивните потреби на доенчињата, така што е потребно да се воведе во исхраната/дохраната друга храна или течности, заедно со мајчиното млеко. Комплементарната исхрана/дохана е неопходна заради нутритивните потреби, но и заради потребите на развојниот процес. Тоа е една многу важна фаза во транзицијата помеѓу исхраната со екслузивно мајчино млеко и преминувањето на општата исхрана. Ова е период кога децата многу брзо растат и се развиваат и кога се многу чуствителни на нутритивни дефицити и екцеси, време кога се воведува нова храна, нови вкусови и се здобиваат првите искуства на хранењето на своите деца. 
Што вели стручната фела во однос на овие дилеми, кои се упатствата за воведување на комплементаран дохрана? 

Постои релативно ограничената база на научни докази, а ова се рефлектира во значителни варијации во препораки за воведување на комплементарна исхрана. Различните земји, нации и култури имаат различни секојдневни практики во однос на комплементарната дохрана. Некои почнуваат со овошје, други пак со зеленчук, трети со житарки. Ниту еден пристап не е подобар ниту полош, се е во функција на културата, навиките и традицијата. 

Гастроинтестиналните и бубрежните функции кај децата се доволно зрели, за приближно од 4 месец (17 недели, почетокот на 5-тиот месец)  да им се овозможат на доенчињата ја ја обработат комплментарната исхрана.   Овие функции на возраст од 4 до 6 месеци (26 недели, почетокот на 7-тиот месец)  се веќе стекнати, а со нив и се достигнуваат потребните моторни вештини за безбедно консумирање на комплементарната храна. Многу е важно, заради специфичниот развој на децата, како и од нутриционистички причини да се даде храна соодветна на возраста на доенчето !!!. Таа треба да биде со правилна конзистентност и  да се даде на начин кој е  соодветен за возраста и развојот на доенчето.
Ексклузивното доење од здрава мајка може да ги задоволи барањата за хранливи материи на здрави доенчињаза повеќето хранливи материи за околу 6 месеци. Бидејќи секое дете е индвидуа само за себе, некои доенчиња може да имаат потреба од дополнителна енергија или железо пред 6 месеци. Одложеното подврзување на папочната врвца ќе ги подобри залихите наа новороденчето на железо, но и ќе ја намали веројатноста за потреба од дополнителножелезо пред 6 месеци. Подолготрајното екслузивно доење може да биде поврзано со намален ризик од гастроинтестинални и респираторни инфекции и хоспитализација заради инфекции на доенчињата.
Стручната литература вели дека може да има зголемен ризик од алергија ако се воведува цврста хранапред 3 до 4 месеци. Меѓутоа, нема докази дека одложувањето на алергиска храна подолго од 4 месеци го намалува ризикот од алергијакако за доенчињата во општата популација, така и за оние со атопискапредиспозиција. На доенчињата со висок ризик од алергија на кикиритки (оние со тешка егзема, алергија на јајца, или и двете дефинирани во ЛЕАП студијата) треба да им се даде кикирики во период од 4 до 11 месеци, по евалуација од страна на соодветно обучен професионалец.

Времето на воведување на комплементарна храна во 4 или 6 месеци не покажало дека влијае на растот или дебелината за време на детството, иако воведувањето пред 4 месеци може да биде поврзано со зголемена адипозност. 

Многу контраверзиии кружат за поврзаноста на целијачната болест (глутенската ентеропатија) и дијабетот тип 1 со дохраната. Научните трудови велат дека ниту екслузивното доење или доење за време на воведувањето на глутен не покажало дека се намалува ризикот за развој на целијачна болест. Во однос на ризикот за развој на дијабетес тип 1, не влијае ниту внесувањето на глутен после 3 месеци или доење за време на воведувањето на глутен .

Меѓутоа, тоа што со сигурност се знае е дека високиот внес на протеини во текот на комплементарната исхрана може да го зголеми ризикот од прекумерна тежина или дебелина, особено кај предиспонираните индивидуи. Главниот извор на протеини , односно енергетскиот внес од протеини не треба да биде поголем од 15%. Големи количини  на внес на кравјо млеко се поврзуваат со висока енергетска вредност, протеини и масти и со низок внес на железо кај децата. Потребата од железо се е висока за време на комплементарната исхрана, особено кај деца кои се дојат. 
Секое дете е приказна сама за себе, па така е и воведувањето на исхраната.  Стручната јавност вели дека не е возможно да се променат вродените преференции на доенчињата за благии солени вкусови, како ни да им се влијае за дане им се допаѓаат горчливите вкусови. Од друга страна пак , родителите можеби ќе можат да ги модификуваат преференциите на своите деца,нудејќи комплементаран хранабез додадени шеќери и сол и со навремено воведување на различни на вкусови, вклучувајќи горчлив зелен зеленчук. 
Во последно време, како општеството следи некои –модерни текови- така и се почесто се среќаваме со веганскиот начин на исхрана. Педијатриските здруженија имаат напатсвија дека веганската исхрана не е  за мали доенчиња. Сепак, кај тие родители што така ги хранат своите деца треба да им се напомене дека самосо соодветни додатоци може да го поддржи нормалниот раст и развој.Медицинска супервизија треба да биде во насока на доенчето да му се обезбеди да добива доволна количина на витамин Б12, витамин Д, железо, цинк, фолати, n-3 LCPUFA, протеини и калциум, како и доволно хранливи  енергетски материи. Родителите треба да ги разберат сериозните последици од неуспехот да ги следат советите за дополнување на диетата.
Редовен медицински и диететски надзоре потребен за да се следат овие деца. Во колку не се работи тимски кај децата кои се исхрануваат со веганска исхрана, последиците од може да бидат сериозни и да вклучуваат иреверзибилно когнитивно оштетување и  се до најлошиот исход-смрт.

Долготрајната употреба на пасиранахрана треба да се избегнува, а доенчињата треба постепено да се научат на поцврста храна, грубо пасирана, најдоцна од 8 до 10 месеци. На возраст од  12 месеци, доенчињата треба да пијат главно од чаша, наместоодшишесо цуцла. 

СОВЕТИ 
Актуелните упатствија од стручните асоцијации за педијатрија како цел наведуваат дека екскузивното доење треба да се промовира најмалку 4 месеци (до најмалку 17 недела), а потоа да се продолжи со екслузивно доење или предоминантно доење со апроксимативно 6 месец ( 26 недела). 

На доенчињата треба да им се понуди храна со разновидни вкусови и текстури, вклучувајќи и горчлив вкус, односно зелен зеленчук. 

Кравјо млеко не треба да се користи како главен пијалок пред 12 месеци. 

Храната што предизвикува алергија може да се воведе како дохрана било кое време по 4 месеци. Доенчињата со висок ризик од алергија на кикиритки оние со тешка егзема, алергија на јајца, или и двете,  треба да имаат воведено кикирики помеѓу 4 и 11 месеци, по евалуација од страна на соодветно обучен специјалист. 

Глутен може да се воведе помеѓу 4 и 12 месеци, но големи количини треба да се избегнуваат во првите недели од воведувањето на глутен и подоцна за време на детството. 
Сите  деца треба да примаат  комплементарна исхрана која е богата со железо, вклучувајќи производи од месо.  

Не треба да се додава шеќер или сол во  исхраната и треба да се избегнуваат овошни сокови или засладени пијалоци. 

Веган исхраната треба да се користат само под соодветен медицински или диететски надзор, а родителите треба да ги разберат сериозните последици од овој тип на исхрана кај децата. 
Родителите треба да бидат охрабрени да ги хранат своите деца според нивните специфични потреби
 
 

За Нас

Ваш Аптекар, наменето да ги задоволи вашите потреби за квалитетни информации во врска со употребата на лековите и другите средства кои ги земате во аптеките. Ние се грижиме за вашето здравје и ќе ви обезбедиме интересни содржини кои директно ќе влијаат врз вашиот приод кон лекувањето и начинот на живот воопшто.

Следете не на Facebook

Newsletter

Внесете ја вашата е-пошта и навремено дознајте за сите новости и информации поврзани со Ваш Аптекар.