Сподели со пријателите

ПСОРИЈАЗА

Псоријазата  претставува хронична, незаразна  инфламаторна состојба на кожата која се јавува кај околу 2-3% од светската популација. Во основа претставува автоимуно заболување во вид на тенка, сува и крлушеста кожа.

 

Причини

Не постои разлика во инциденцата на псоријаза помеѓу половите, а болеста може да се појави кај било која возраст (иако половина од случаите се јавуваат пред 25-годишна возраст).

Псоријазата има повеќеслојна етиологија. Генетските и еколошките фактори (инфекции, ментален стрес, пушење, лекови, гојазност, повреди) заеднички делуваат од почетокот на болеста. Лековите како што се литиум, бета-блокатори, инхибитори на ангиотензин конвертирачки ензими и антималарични лекови се покажало дека ги отежнуваат симптомите.

Наследоста на псоријазата е 35-90% и е многу комплексна, а доколку еден родител ја има дијагностицирано оваа состојба, можноста детето да ја наследи е 15%.

 

Симптоми

 

Симптомите на псоријазата се различни и се зависни од низа фактори како како што се временските фактори, инфекции, повреди на кожата, употреба на  лекови, стрес, пушење и алкохол.

Најчестите знаци и симптоми вклучуваат:

-Црвенило на кожата покриени со дебели, сребреникави лушпи

-Мали дамки по кожата (најчесто се гледаат кај децата)

-Сува, испукана кожа која може да крвари

-Задебелени нокти

-Чешање или болка

-Вкочанети зглобови кои отекуваат

 

 

Локализација

Најчесто се појавува на екстремитетите (типично на  лактите и колената), главата, стомакот, градите, ,гениталиите и многу ретко дланките, стапалата, и лицето. Големината на зафатеното место исто така може да варира од неколку милиметри до неколку сантиметри па дури и до целосно опфаќање на кожата по целото тело.

 

Во зависност од обликот и величината на промените се разликуваат повеќе типови на псоријаза и тоа:

 

Psoriasis vulgaris – најчест облик на псоријаза која се карактеризира со еритематозни, лушпести плакови кои подоцна може меѓусебно да се поврзат и да зафатат поголема површина на кожата. Вообичаени места за настанување на овие промени се лактовите, колената, скалпот, лумбосакралнта и периумбикалната регија. 

 

Psoriasis guttata – еруптивна псоријаза, се карактеризира со појава на ситни еритематосквамозни жаришта густо поставени по трупот и кожата на екстремитетите. Најчесто се појавува кај децата и помладите, а обично и претстои стрептококна инфекција на горните дишни патишта. 

 

Psoriasis intertriginosa е редок облик на псоријаза, кој ја опфаќа кожата на екстремитетите, пазувите, препоните, стомакот.

 

Psoriasis inversa е исто така редок облик каде промените се јавуваат на зглобовите, без зафатеност на екстензорните предели на зглобовите.

 

Psoriasis erythrodermicaклинички се карактеризира со црвенило и лушпи на кожата по целото тело вклучувајќи го лицето, дланките и стопалата. Во овој облик обично се јавува чешање и реактивно зголемување на лимфните јазли (дерматопатска лимфаденопатија).

 

Psoriasis pustulosa - се карактеризира со присуство на стерилни пустули било на кожата по целото тело (генерализирана пустуларна псоријаза), или на одредени локации (кожата на дланките и стапалата и акралните делови на рацете и нозете).

 

Psoriasis arthropatica - кога покрај кожата опфатени се и зглобовите, и се појавува кај 5-10% од пациентите.

 

Дијагноза

 

Во најголем број случаи, дијагнозата за псоријаза е многу едноставна.

Се дијагностицира со земање на анамнеза и преглед на кожата, скалпот и ноктите. Може да се земе и мал примерок од кожата (лушпите) кој погледнат под микроскоп може да го утврди точниот тип на псоријаза вклучително и други болести. 

 

Терапија

 

Терапијата е комплексен процес. Целта е пациентот да се доведе во период на ремисија (да се “успие” болеста) и да се одржува таа состојба што е можно подолго. 

Главната цел на третманот е да се спречат толку брзо растечките клетки на кожата.

 

Прво и основно е да се отстранат наслагите (механички и/или медикаментозно, а со тоа и отстранување на воспалителниот инфилтрат).

 

За таа намена се користи: тописки (надворешни) кератолитици (салицилна киселина, уреа, резорцин), тописки кортикостериоиди, калципотриол (Витамин Д3), тописки ретиноиди, индиферентни креми. 

 

За Нас

Ваш Аптекар, наменето да ги задоволи вашите потреби за квалитетни информации во врска со употребата на лековите и другите средства кои ги земате во аптеките. Ние се грижиме за вашето здравје и ќе ви обезбедиме интересни содржини кои директно ќе влијаат врз вашиот приод кон лекувањето и начинот на живот воопшто.

Следете не на Facebook

Newsletter

Внесете ја вашата е-пошта и навремено дознајте за сите новости и информации поврзани со Ваш Аптекар.