Сподели со пријателите

Хидратација на организмот за време на летниот период

Во периодот на летните месеци особено важно  да се истакне е зголемениот внес на течности бидејќи поради изложеност на високи температури и прекумерно потење губиме поголема количина течности од нашиот организам поради што е потребно да ја  надополниме со доволен внес  преку храна и пијалоци. Правилната хидратација на нашето тело е важна во текот на целата година, но за време на летниот период кога преовладуваат високи температури и кога сме највеќе изложени на ризик од топлотен удар и дехидратација,  доволниот внес на вода е од особена важност за одржување на течниот баланс  кој е клучен за правилно функционирање на нашиот организам. 

 

Водата игра важна улога во сите процеси на нашиот организам. Претставува универзален растворувач на сите органски и неоргански материи . Особено е значајна за одржување на нормална телесна температура и крвен притисок, таа е есенцијална за одржување на правилна циркулација на крвта, има голема улога во пренос на хранливите материи до клетките на нашиот организам и нивно растварање,ја одржува  хидратацијата на кожата ( го помага одржувањето на нејзината еластичност  и превенира предвремена појава на брчки), го подобрува варењето и превенира опстипација, како и го помага елиминирање на токсините од организмот.

 

Во текот на летниот период многу повеќе време поминуваме надвор, физички сме поактивни и повеќе се потиме поради што многу е важно да бидеме добро хидрирани. Околу 2/3 од телесната тежина на нашиот организам отпаѓаат на водата. Човековото тело може да преживее некое време без храна меѓутоа без вода не може повеќе од неколку дена. Секој ден нашиот организам природно губи вода преку бубрези, бели дробови, црева  и кожа. Во жешките летни денови преку потење губиме и до 1,3 литри вода дневно. Во овие топли летни денови треба особено да обрнеме внимание  кон еден често игнориран проблем – дехидратацијата.

 

Правилна хидратација на нашето тело не подразбира пиење вода само кога сме жедни. Вода треба да се пие многу порано пред да се појави чувство на жед .

 

Симптими на дехидрација

 

Жедта не е најдобар индикатор за потребата од вода. Доколку  сме почувствувале жед, тоа значи дека ние веќе сме дехидрирани. Дехидрираноста на организмот најчесто се случува во текот на летото, кога забораваме да пиеме доволно вода и да конзумираме повеќе течности и храна богата со вода. Освен жедта, други симптоми кои можат да се појават како резултат на дехидратација се: сува уста,урина во темна боја и необичен мирис, поспаност и континуиран замор,лош мирис на телото, слабост во мускулите, главоболка,, вртоглавица. Доколку дехидратацијата е посериозна, се појавуваат повеќе симптоми Добро е да го слушаме своето тело, па затоа обрнете внимание на овие овие индикатори што укажуваат дека вашето тело е дехидрирано и му треба вода:

 

Како што кажав претходно, нашето тело е околу 2/3 вода  затоа ефектите од дехидратацијата ги чувствувуваме мошне брзо. Под дехидратација се подразбира негативен биланс на вода во организмот. Дехидратација настапува кога количеството вода што го губиме од  нашиот оранизам е поголемо од количеството што го внесуваме. Недостатокот на вода во телото предизвикува несакани последици. Ако дехидратацијата продолжи подолго време, последиците можат да бидат фатални.

 

Клучното прашање кај хидратацијата е колку вода односно внес на течности е доволно да се задоволат дневните човекови потреби .Телесните потреби за вода се индивидуални и  зависат од неколку фактори како што се: општата здравствена состојба, температурата, метаболичките потреби, степен на физичка активност, возраста и.т.н. Сепак најчесто препораките за пиење вода се во просек околу 2 литри  вода дневно  за жени и 3 литри вода дневно за мажи. Мажите имаат поголема потреба за вода бидејќи имаат повеќе немасно ткиво во телото .Според препораките на СЗО (Светската Здравствена Организација) оптимална хидратација се постигнува со внес на 80% вода како пијалок а преку храна би требало да внесеме 20% вода дневно. 

Покрај пиењето вода во текот на летниот период, за одржување на хидрираноста особено е важен и внесот на намирници кои природно содржат големи количини на вода.Се поставува прашањето која е најдобра храна  за хидратација на организмот.

 

Еве неколку намирници кои најдобро хидрираат во летниот период:

 

  • Краставица

Краставиците содржат околу 95 % вода и се вбројуваат во намирници кои содржат највисок процент на вода. Нискокалорични се и содржат витамин Ц, К, А, Б6, калиум, магнезиум,манган, фитонутритиенти како и диетални влакна. Бидејќи летото е нивна сезона сега е време максимано да ко искористите овој здрав и вкусен зеленчук.

 

  • Лубеница

Лубеницата содржи околу 93 % вода (150 гр. лубеница содржи 115 мл. вода) .Покрај својот неодолив сладок вкус таа претставува богат извор на калиум,витамин Ц, витамин А, витамин Б6, калциум, магнезиум и др.Таа содржи ликопен( каротеноид и моќен антиоксиданс)повеќе од било кое друго овошје и зеленчук.

 

  • Тиквица

Тиквицата е популарен летен зеленчук  која содржи околу 95% вода  и е нискокалорична.Особено добар извор е на диетални влакна ,витамин А,Ц и К, фолна киселина, магнезиум, калиум ,бкакар и манган. Бидејќи при термичка обработка губи доста вода најдобро е тиквиците да ги конзумираме свежи

 

  • Домати

 

Црвен, сочен и вкусен доматот е неизбежен зеленчук во летниот период. Содржи околу 95% вода  и се вбројува меѓу најхидративните намирници..Содржи значајна количина на витаминот А , Ц и К.калиум и манган.освен тоа содржи ликопен и диетални влакна

 

Водата навистина претставува еликсир на животот.Уживајќи во сите убавини што ни ги носи летниот период не заборавајте да пиете доволни количини вода и да конзумирате свежи намирници богати со вода кои најдобро ќе ве хидрираат во летниот период.

Вашето тело ќе ви биде благодарно.

За Нас

Ваш Аптекар, наменето да ги задоволи вашите потреби за квалитетни информации во врска со употребата на лековите и другите средства кои ги земате во аптеките. Ние се грижиме за вашето здравје и ќе ви обезбедиме интересни содржини кои директно ќе влијаат врз вашиот приод кон лекувањето и начинот на живот воопшто.

Следете не на Facebook

Newsletter

Внесете ја вашата е-пошта и навремено дознајте за сите новости и информации поврзани со Ваш Аптекар.