Сподели со пријателите

ЦВЕЌИЊАТА ВО ДОМОТ СОНЧЕВИНА ВО ЧЕТИРИ ЅИДА

 
Секоја билка носи благодет и придобивки на одреден начин. Убавата природна атмосфера и расположение исполнето со елан што ни го даваат растенијата се целосни кога ние самите ги садиме и негуваме. Обидете се да го збогатите вашиот простор и живот со оваа смирувачка активност

Цвеќето го менува амбиентот, му дава живост и топлина на домот а благотворно влијае и на расположението. Тоа особено се забе- лежува во сивите денови на долгата зима, кога колоритноста на
собните цвеќиња и зеленилото на растенијата во домот потсетуваат на сончевите денови. За многу луѓе, цвеќето е извор на среќа, сознание што е поткрепено со научни докази. Негувајте ги нивните листови, а тие ќе ја почувствуват вашата љубов и внимание и ќе ви возвратат со убавина, свеж воздух и нераскинлива доверба. Еве неколку предлози за цвеќиња кои ќе го облагородат вашиот дом

АЛОЕ
(лат. Aloe Vera) Уништувач на голем број штетни соединенија во воздухот, вклучувајќи го и зрачењето од ТВ-екраните и компјутерските монитори. Едно алое постигнува исто што и 9 биолошки прочистувачи на воздух во просторијата.
 

БАМБУС - ПАЛМА
(лат. Chamaedorea radicalis) Еден од најдобрите прочистувачи на воздухот. Совршено ги филтрира формалдехидот, трихлороетиленот, ксиленот и толуенот.
 

БРШЛЕН
(лат. Hederahelix) Отстранува 60% од штетните соединенија во воздухот за само 6 часа од неговото поставување во просторот.
 

ФИКУС
(лат. Ficus elastica) Фикусот потек- нува од Индија. Поради својот тропски изглед, прекрасно ќе го украси домот, а во исто време ефикасно ќе ги отстрани моноксидот, формалдехидот и другите штетни соединенија во воздухот.

СВЕКРВИН ЈАЗИК ИЛИ САБЈА
(лат. Sansevieriatrifasciata Lau-rentii) Го прочистува бензенот, формалдехидот и трихлоретиленот од воздухот. Може да се постави и близу радијатори бидејќи самиот цвет не поднесува преголема влага.
 
Освен што ги отстранува отровите од просторот, одличен е и за во спална соба, бидејќи произведува кислород и во текот на ноќта.

ГЕРБЕР
(лат. Gerbera) Цвеќе што го чисти просторот од азот, бензен и формалдехид. Овој цвет со прекрасна боја ги апсорбира штетните соединенија што се наоѓаат во чадот од цигарите.
 
ДРАЦЕНА
(лат. Dracaena) Драцената е тропско растение кое потекнува од Мадагаскар. Филтрира многу токсини, вклучувајќи го и формалдехидот.
 

За Нас

Ваш Аптекар, наменето да ги задоволи вашите потреби за квалитетни информации во врска со употребата на лековите и другите средства кои ги земате во аптеките. Ние се грижиме за вашето здравје и ќе ви обезбедиме интересни содржини кои директно ќе влијаат врз вашиот приод кон лекувањето и начинот на живот воопшто.

Следете не на Facebook

Newsletter

Внесете ја вашата е-пошта и навремено дознајте за сите новости и информации поврзани со Ваш Аптекар.