Сподели со пријателите

ШТО Е ВАЖНО ОТКАКО ЌЕ СЕ ИСТРЧА МАРАТОН? - Корисни совети за рехабилитација

Трчањето на долги патекие своевиден предизвик не само за рекреативците кои се впуштиле во една ваква авантура на себенадминување туку и за професионалците кои едноставно живеат со ваквите трки. Се има впечаток дека целата концентрација на активности е сведена на припремите за тоа како да се совлада оваа километарска бариера. Сепак подеднаквоо е важно и како ке го одмориме и рехабилитираме телото по една ваква исцрпувачка битка.

За тоа како да се прилагодите и како да се избегнат евентуални последици или повреди по трчањето, дознајте од препораките  на  нашиот репрезентативец и повекекратен атлетски шампион Кокан Ајановски

Се она што треба да се направи кога ќе заврши еден маратон исто така подеднакво е важно да се применува и додека трае целиот процес на подготовките. Здрава исхрана и соодветни додатоци во исхраната, посета на спа центар и масажа одлично ќе придонесат за побрзо опоравување.

Откако ке се помине целта
 
Непосредно по завршување на маратонот (ова важи и за секој тренинг) од огромна важност е да се има урамнотежен, високо нутритивен оброк. Јас секогаш по трка или тренинг, во првиот час од завршувањето, најпрвин  пијам изотоничен хидрациски раствор а веднаш потоа и протеински шејк. 2 или 3 часа подоцна јадам традиционален здрав оброк богат со протеини. Секогаш кога сум во можност на денот на трката, посетувам парна бања и сауна,за на крај да завршам со масажа. Ова е одличен метод за брзо опоравување и што побрзо враќање на телото во нормала по завршувањето на исцрпувачкиот маратон.

На мускулатурата и се потребни околу две недели да се рехабилитира после напорот од долготрајното трчање. Оксидативните оштетувања на ниво на клетки бараат нешто помалку време - од седум до десет дена


Кога да се продолжи со тренинзи и трки

Какво искуство имаме од претходно со трчањето и која била моменталната подготвеност во голема мера ќе зависи кога ќе биде и првиот тренинг по маратонот. Исто така е важно кои се нашите следни цели, за да може се тоа да се вклопи во нова целина која ќе донесе успех. Моето искуство кажува дека 5 до 7 дена ми се доволни за да почнам повторно да тренирам и обично маратонската трка ми е последна во планот на трки, па некогаш по истрчување на 42км правам пауза и до 2 недели. Ова,се разбира,се однесува ако сум дал максимум на трката,а ако 42км е дел од тренинг подготовките,тогаш 1 ден одмор и продолжуваме пак со остатокот од тренинзите. Првиот тренинг по маратонот најчесто ми е 10-тина км лесно растрчување.
 
Воспаленија и болки

Воспаленија и болки во мускулите, може да се избегнат ако тренираме правилно и мудро, ако редовно јадеме здрава исхрана,ако имаме соодветен одмор и ако повремено имаме масажи и сме дел од некој спа центар. Но, доколку сепак се случат некои воспаленија и болки во мускулите, третирање со соодветни креми и масти,како и специфична масажа многу ќе помогне за се да биде повторно во ред.
 
Бидете константнтни и секогаш имајте сопствена цел!

Целтасекогаш е да се спречи,наместо да се лекува. Затоа сите претходно дадени препораки и совети најдобро е  да ги применуваме секој ден и на тој начин секогаш ќе бидеме во посакуваната форма,а непријатностите ќе бидат сведени на минимум.
Според мене, најтешкиот дел од трчањето како индивидуален спорт е да се биде континуираново ТОП форма,а тоа е можно само доколкусме здрави и немаме повреди кои ќе не оддалечат од нашата цел!


Кокан Ајановски,
24 пати шампион на Македонија во различни атлетски дисциплини
www.skolazatrcanje.mk
NRC - Nike+ Run Club
Nike Школата за трчање

За Нас

Ваш Аптекар, наменето да ги задоволи вашите потреби за квалитетни информации во врска со употребата на лековите и другите средства кои ги земате во аптеките. Ние се грижиме за вашето здравје и ќе ви обезбедиме интересни содржини кои директно ќе влијаат врз вашиот приод кон лекувањето и начинот на живот воопшто.

Следете не на Facebook

Newsletter

Внесете ја вашата е-пошта и навремено дознајте за сите новости и информации поврзани со Ваш Аптекар.