Сподели со пријателите

Скијање за деца

За децата е добро уште на почетокот, првите впечатоци и искустваод скијањето да бидат пријатни без стрес и да бидат најавени неколку денови порано, сѐ да биде доживеано како возбудлива забава и уживање на снег.
 
Ниту модерниот начин на живеење не успеа да ја промени вистината дека една од најголемите радости за децата во зима е токму – снегот. Детските игри на снег сѐ уште претставуваат некои од најубавите спомени што се „заработуваат“ во детството. Тргнувајќи од сопствените детски спомени, родителите обично да им овозможат слични, па и подобри зимски искуства на своите деца, истовремено придонесувајќи за нивниот физички развој и здравјето, воопшто. Како совршено зимско искуство, кое ги содржи сите компоненти и желби, како на децата, така и на родителите, е скијањето. 
Скијањетосе опишува каконачин на движење по снежни површини, сокористење наскии за да се лизгаат по снегот. Иако скијањето е првенствено замислено како начин на транспорт или движење во снег,во текот на 20.век прераснува во популарен начин за рекреација и спортување. Зборот скијање доаѓа од стариот норвешки збор „skíð“ што значи „одвоено парче дрво“ и со текот на времето станал интернационален збор, кој не се преведува во другите јазици.. Скијањето е одлична комбинација од физичка активност и престој во природа којашто овозможува изложеност на сонце во текот на зимата. Скијањето и престојот во природасе одлично искуство како за возрасните,така и за децата. Актуелноста и популарноста на овој спорт кај децатасе должи на фактот дека придонесува за нивниот физички развој, какоизаразвој на моториката.
 
Кога е вистинската возраст детeто да започне со скијање?

Прашањето кое прво им се наметнува на родителите најверојатно ласи: кога е најдобро време детето да започне со скијање.Сепак, тоанајмногу зависи од самото дете и од неговата моторика. Акодететое стабилно на сопствените нозе и е во можност да си игра и да се движи на снегот, може да се придружина некоја школа за скијање за да започне со основното запознавање со овој спорт. Голема улога игра и способностана детето да го задржи вниманието и да ги следи упатствата на инструкторот. 

Најважно е децата да не се принудуваатна работи што не им се допаѓаат! Поради тоа,немојте да инсистирате децатада се придружат на школа за скијање аконе сакаат. Децата учат поразлично од возрасните. На повеќето од нив им е потребно да ја разберат идејата што всушност сакате да ги научите, а потоасамитеќе сакаат тоада го направат.
 
Најдобар период за вашето дете да гозапочне дружењето со скиите е повтората година. Тогаш детето веќе е во можност да научи за основите на скијањето, дазастанена скии и да ги научи основните движења.Овие активности ги вклучуваат сите групи на мускули и доведува до зајакнување на зглобовите, падетето стекнува чувство за рамнотежа и се развива координацијата на движењата. 
За деца до тригодишна возраст, кои прифатиле да се запознаат со скијањето,треба да се набави соодветна опрема,која претставува најважен дел од оваа рекреативна активност. Опремата, покрај скиите,вклучува чевли за скијање кои може да се фиксираат на скиите и кацига за да се заштити главата од можни повреди. Потребна е и соодветна облека за активности на снег.  Детето треба да биде облечено удобно, и секогаш да му бидат добро заштитени очите со очила за скијање. Исто така и кожата на лицето треба да биде намачкана со соодветен заштитен крем, особенона поголеми височини, од силно сонце, силен ветар, но и од студ. Во понапредна фаза детето треба да научи да биде свесно за околината и опасностите, ситуации при забрзано скијање, нерамнини, скокови и сл. Исто така,повеќето деца учат побрзо и сакаатда напредуваат, кога се во група со свои врсници со кои ги прават истите работи.

По шестата година детето може да се запозне и со сноубординг, односно скијање на штица. Овој спорт веќе бара поголема физичка подготвеност и концентрација,ги активира сите групи на мускули и е многу корисен за развојот на децата. Облеката за овој спорт треба да биде комотна, поради многу движења со колената. Поради можност од повреда на рачните зглобови треба да носиспецијални ракавици кои гиамортизираат ударите. 
 

За Нас

Ваш Аптекар, наменето да ги задоволи вашите потреби за квалитетни информации во врска со употребата на лековите и другите средства кои ги земате во аптеките. Ние се грижиме за вашето здравје и ќе ви обезбедиме интересни содржини кои директно ќе влијаат врз вашиот приод кон лекувањето и начинот на живот воопшто.

Следете не на Facebook

Newsletter

Внесете ја вашата е-пошта и навремено дознајте за сите новости и информации поврзани со Ваш Аптекар.