Сподели со пријателите

МАСЛИНКА

Маслиновото дрво е можеби едно од најстарите растенија познати на човекот. 

И ден денес се одгледува и плодот има непроценлива примена во човековото живеење, општо. Познати се повеќе од 70 видови маслинови плодови различни по боја, форма и големина, но сите подеднакво корисни за здравјето и исхраната. Нутриционистички гледано, маслинката е исклучително богата со хранливи елементи и, пред сè, антиоксиданти. Тука се надополнуваат и растителните влакна, витамините А, Ц, Д ,Е, К, монозаситените масти, омега 3 масните киселини, флавоноидите... Интересен е податокот дека во маслинката може да се најде ибупруфен – противвоспалителен лек со широка медицинска примена. Листата на здравствени ефекти е исклучително долга и несомнено редовната употреба во исхраната е вистински благодат за целокупното здравје.

За Нас

Ваш Аптекар, наменето да ги задоволи вашите потреби за квалитетни информации во врска со употребата на лековите и другите средства кои ги земате во аптеките. Ние се грижиме за вашето здравје и ќе ви обезбедиме интересни содржини кои директно ќе влијаат врз вашиот приод кон лекувањето и начинот на живот воопшто.

Следете не на Facebook

Newsletter

Внесете ја вашата е-пошта и навремено дознајте за сите новости и информации поврзани со Ваш Аптекар.