Сподели со пријателите

ОВЧАРСКА ТОРБИЧКА

Овчарската торбичка  латински Capsella Bursa – Pastorisкај народот е позната и како русомачка, ме сака-не ме сака, бабини гниди или Моминска трева. Расте по ливадите, покрај патиштата, полињата и градините.

 

Овчарката торбичка представува  едногодишно или двегодишно зелјесто растение , кое расте до 50 см, стеблото е исправено, слабо разгрането, листовите по основата му се покрупни и пересто се разделени и градат розета, а по должината на стеблото се ситно, долгнавести, шилести и по рабовите се цели.

На гораната старана од стеблото се сместени цевтовите кои се бели и ситни, со различна старост, на врвот се наоѓаат пипки, а под нив отворени цветови. Плодовите се тркалезни и лушпести, кои што кога ќе созреат пукаат и од нивната внатрешност паѓаат бројни, ситни, семиња, со помош на кои оваа билка се расејува.

Цвета од март до ноември , а лековит дел од растението представува надземниот дел (Bursa pastoris herba), кој се бере додека билката е млада, затоа што тогаш е најлековита, а тоа е во периодот од рана пролет до доцна есен. Растението нема мирис, а вкусот е малку лут, кој потекнува од сулфурните хетерозиди кои ги содржи.

 

Лековити компоненти
 

Освен хетерозиди, овој надземен дел на растението содржи други компоненти како што се органски бази тирамин, ацетил-холин, инозитол, танини, разни органски киселини, сапонозиди, витамин Ц и друго.

 

Употреба

 

Овчарската торбичка представува една од најпознатите хемостатски билки и неговата примена во народната медицина е голема.

Се применува при различни видови на крварења , вклучително и крварења на некој од внатрешните органи кога чајот од овчарска торбичка е вистинското решение. Во оваа насока може да се  употребува и помага за спречување на крварење на белите дробови, бубрезите, желудникот, цревата, матката, носот или при вадење на заб. 

 

Се употребува при менстриуални крварења и неуредна менструација, како и за спречување на крварењето при мокрење.

Помага и при хемороиди, камен во бубрезите, воспаление на мочниот меур и црниот дроб.

Оваа билка има антивоспалително дејство и ги зајакнува ѕидовите на крвните садови.

 

Исто така се употребува и за лекување на тумори (фиброма) на матката, за регулирање на крвниот притисок ( и за висок и за низок притисок). Може да се употребува за болести на мускулите, зглобовите , слабости на мускулите на завршното дебело црево, пролапс (испаѓање на дебелото црево), матка и кила.

 

 Се употребува во форма на чај, облоги, купки и тинктура.

За подготвка на чај се употребува надземниот дел на билката и тоа: листовите, цветовите и плодовите. Во 500 мл зовриена вода се оставаат да киснат 2 лажици од овчарската торбичка, при што садот се покрива и се остава да одстои од 10 минути до 2 часа. Во текот на денот не треба да се пијат повеќе од 500 мл, и при тоа оваа количина потребно е да биде поделена на повеќе делови во текот на денот.

 

Нејзиното конзумирање без потреба може да има негативни последици и треба да напоменеме дека чај од овчарска торбичка не смеат да конзумираат бремени жени.

Најчесто се користи во комбинација со други билки, при што се подобрува аромата и вкусот. 

 

Може да се комбинира со троскот, камилица и бела имела, потоа со ајдучка трева, и кора од даб. Исто така  се комбинира со нане, камилица, цвет од невен, коњско опавче и брезов лист  при крварења на бубрезите, додека  пак во комбинација со вркут одлично ги ублажува гинеколошките проблеми.

За Нас

Ваш Аптекар, наменето да ги задоволи вашите потреби за квалитетни информации во врска со употребата на лековите и другите средства кои ги земате во аптеките. Ние се грижиме за вашето здравје и ќе ви обезбедиме интересни содржини кои директно ќе влијаат врз вашиот приод кон лекувањето и начинот на живот воопшто.

Следете не на Facebook

Newsletter

Внесете ја вашата е-пошта и навремено дознајте за сите новости и информации поврзани со Ваш Аптекар.