Сподели со пријателите

БЕЛ СЛЕЗ

Althaea officinalis – Бел слез, припаѓа на фам. Malvaceae. Белиот слез е едно од лековитите растенија кои се користат терапевтски уште од античко време. Расте на рамни и влажни предели во Јужна и Средна Европа.
Поради својата лековитост се одгледува насекаде ширум светот. Како лековита состојка се користат листовите и коренот од ова растение. Од состојките кои ги содржи коренот на белиот слез, најзначајна е слузта која предизвикува терапевтски ефект при кашлица, иритација на грло, воспаление на желудник а воедно пројавува и  антитуморско, антивирусно и имуностимулативно дејство.

Белиот слез се нарекува уште и чувар на дишните патишта. Се употребува и при проблеми со мочниот меур, бубрезите, при воспаление на дебелото црево, дијареа, цревни болести и сл. Во комбинација со мед, од коренот на бел слез се прави смеса за облоги кои помагаат за акни, гнојни чирови, изгореници, воспаление на очите итн.

За Нас

Ваш Аптекар, наменето да ги задоволи вашите потреби за квалитетни информации во врска со употребата на лековите и другите средства кои ги земате во аптеките. Ние се грижиме за вашето здравје и ќе ви обезбедиме интересни содржини кои директно ќе влијаат врз вашиот приод кон лекувањето и начинот на живот воопшто.

Следете не на Facebook

Newsletter

Внесете ја вашата е-пошта и навремено дознајте за сите новости и информации поврзани со Ваш Аптекар.