Сподели со пријателите

МАГНЕЗИУМ

Магнезиумот заедно со калиумот, калциумот и натриумот се основните елементи неопходни за правилно функционирање на организмот на човекоткојне е во состојба да го синтетизира овој минерал. Поради тоа, потребно е секојдневно да консумирамехрана, богата со магнезиум. 
Магнезиумот е еден од најраспространет елементи на Земјината кора (околу 2%)  и е третиот најброен елемент растворен во морската вода. Магнезиумовиот јон е есенцијален за сите живи клетки. 
Истражувањата покажуваат дека дури 50 % од лицата кои страдаат од чести главоболки имаат ниски концентрации на магнезиум во крвта. 
 
Зошто ни е потребен магнезиум?
Магнезиумот е многу важен за организмот, бидејки влијае на активноста на повеќе од 300 ензимски системи, вклучувајќи синтеза на протеини, синтеза на нуклеински киселини.Пред се играважна улога во работата на кардиоваскуларниот, нервниот систем, мускулите, бубрезите, црниот дроб, жлездите што лачат хормони. Особено е значаен за опуштање на мускулите и за добар сон и ги спречува тегобите како што се хроничен замор, главоболка и мигрена. Магнезиумот помага во превенцијата и лекувањето на многу болести како астма, аутизам, срцеви заболувања, епилепсија, мултиплекс склероза, ПМС.
Магнезиумот и срцето
Магнезиум е од суштинско значење за правилно функционирање на срцевата работа. Тој е  вклучен во трансферот на другите електролити, како што се калциум и калиум, важни за пренос на нервните сигнали и мускулната контракција. Докажано е дека недостиг на магнезиум може да предизвика неправилна работа на срцето, позната како аритмија.
Магнезиумот и крвниот притисок
Докажано е дека зголемувањето на внесот на магнезиум може да помогне да се спречи високиот крвен притисок. Ниски нивоа на магнезиум се поврзани со ризикот од хипертензија и срцеви заболувања, особено срцев удар.
Чести грчеви и болку во мускулите
Ниските концентрации на магнезиум во организмот можат да бидат причина за чести и болни грчеви во мускулите. Ова особено може да биде изразено кај спортисти и кај лица со зголемена физичка активност. 
Магнезиумот и сонот
Мночу чест и вообичаен показател за недостаток на магнезиум може да биде и појавата на несоица. Дури и помали отстапки во потребните концентрации можат да бидат доволна причина за тешкотии во заспивањето или континуирано будење во текот на ноќта.
Препорачани дневни концентрации
Препорачаните дневни количини се зависни од возрасното доба, полот како и  специфичните состојби на организмот. Генерално препорачаниот дневен внес кај  возрасни мажи изнесува 420 мг., додекакај жените е 320 мг.
  
Симптоми при недостиг на магнезиум
Симптоми кои се манифестираат како резултат од недостаток на магнезиум се најразлични но како најчести се следните:
- слабост и грчеви во мускулите
- меки и кршливи коски
- главоболка/ мигрена
- нестабилниконцентрациина шеќер во крвта
- покачен крвен притисок и аритмија
- депресија
- недостиг на апетит
  
Храна богата со магнезиум
Потребата на телото за магнезиум треба да се обезбедувапреку соодветна исхрана. Во храна која е богата со магнезиум спаѓаат бадеми и други јаткасти плодови, производи од соја (тофу), банани и зелен лиснат зеленчук како спанаќ и блитва. 
Сто грама бадеми содржат околу 290мг магнезиум, пола чаша спанаќ содржи 78 мг милиграми магнезиум. Една средна банана содржи околу 32 мг магнезиум.Семките од сончоглед обезбедуваат 325мг  на магнезиум на 100 грама а сусамот обезбедува 350мгна 100 грама. Богато со магнезиум е и темното чоколадо кое на 100 грама содржи околу  320 мг на магнезиум. 
Други добри извори на магнезиум се мешунките, соја млеко, црн грав, авокадо , пченични и оризни трици , овес, семки од тиква.
 
Нашиот организам апсорбира само 1/3 магнезиум од храната. Конзумирањето  на бело брашно во форма на леб, пецива и тестениниги троши залихите на магнезиумот од организмот. Исто така долгото чување, замрзнување и готвење на храната, ја осиромажува истата одовој минерал.
 
Неконтролираното консумирање на магнезиум во форма на додаток во исхраната може да доведе до предозирање. Карактеристични симптоми при земање на поголеми количини на магнезиум се: дијареја, малаксаност и поспаност. Затоа пред употреба на било какви додатоци во исхраната консултирајте го вашиот фармецевт.
 

За Нас

Ваш Аптекар, наменето да ги задоволи вашите потреби за квалитетни информации во врска со употребата на лековите и другите средства кои ги земате во аптеките. Ние се грижиме за вашето здравје и ќе ви обезбедиме интересни содржини кои директно ќе влијаат врз вашиот приод кон лекувањето и начинот на живот воопшто.

Следете не на Facebook

Newsletter

Внесете ја вашата е-пошта и навремено дознајте за сите новости и информации поврзани со Ваш Аптекар.