Сподели со пријателите

МЕДИЦИНСКИ ЛЕКСИКОН

Лекарите, а сѐ почесто и обичните луѓе кои имаат одредени здравствени проблеми, имаат навика одредена болест или состојба да ја нарекуваат со нејзиното латинско име. Сепак, речиси за секоја дијагноза постои и народно име, па честопати се јавуваат недоумици, или недоразбирања во комуникацијата кога некој го користи латинското, а друг народното име на некоја болест. Овој медицински лексикон е мал придонес во обид да се расчистат евентуалните недоразбирања. 

Хипертензија висок крвен притисок. Оваа стручна дијагноза претставува хронична медицинска состојба во која крвниот притисок во артериите е повисок од стандардниот. Поради ова зголемување на притисокот, срцето треба да работи понапорно, за крвта да може да циркулира низ крвните садови. Крвниот притисок има две вредности, систолен и дијастолен притисок, кои зависат од тоа дали срцето е контрахирано (систола) или релаксирано (дијастола). Нормален крвен притисок во мирување е од 100-140 mmHg кај систолниот (високиот) и 60-90 mmHg кај дијастолниот (нискиот). Состојба на висок крвен притисок постои, доколку постојано има вредност од 140/90 mmHg или повеќе.

Дијареа пролив. Со овие именувања се дефинира појава на ретки, воденести столици кои се многу чести, повеќе од три пати во еден ден. Може да биде акутна и хронична. Акутната дијареа трае кратко и не остава последици, додека хроничната дијареа може да трае и до неколку месеци. Во тој случај се препорачува посета на лекар за да се препише соодветна терапија, бидејќи хроничниот облик е посериозен и укажува дека во организмот постои и некој друг проблем. 

Алопеција ареата кружно опаѓање на косата, односно непредвидливо губење на косата во мали кружни површини со големина на паричка. Овој проблем може да се јави наеднаш и може да зафати и други делови на телото.
 
Вертиго – вртоглавица.Нарушување на ориентацијата во просторот, која се манифестира со силни илузии на движење во просторот (најчесто ротационо). Околу 85 % од вртоглавиците се од периферно потекло и се предизвикани од промени во вестибуларниот апарат во внатрешното уво.

Тинитус зуење во уши. Звук кој се јавува во внатрешното уво, а воедно е и моментална психичка состојба на чувство на присуство на звук во ушите и во главата без да постои реален звук во околината.

За Нас

Ваш Аптекар, наменето да ги задоволи вашите потреби за квалитетни информации во врска со употребата на лековите и другите средства кои ги земате во аптеките. Ние се грижиме за вашето здравје и ќе ви обезбедиме интересни содржини кои директно ќе влијаат врз вашиот приод кон лекувањето и начинот на живот воопшто.

Следете не на Facebook

Newsletter

Внесете ја вашата е-пошта и навремено дознајте за сите новости и информации поврзани со Ваш Аптекар.