Гел за гингива за деца.

Дејство
Dentinox-Gel N овозможува безболно излегување на првите заби, сите млечни заби и подоцнежните катници. Dentinox-Gel N ја спречува надразбата на гингивите и појавата на црвени отекувања и други пречки на места каде никнуваат забите (собирање на бактерии, воспаленија и болка). Со примена на Dentinox-Gel N се олеснуваат пропратните симптоми кои се јавуваат при никнување на заби (иритација на непца, воспаление и болка)

Начин на употреба
Нанесете Dentinox-Gel N за гингиви за деца со големина на зрно грашок на зафатеното место на слузницата користејќи чист прст или чист памук (стапче со памук) и масирајте лесно, особено по оброците и пред спиење. Третманот со Dentinox-Gel N треба да се повтори 2-3 пати на ден.

КОНТРАИНДИКАЦИИ
Пречувствителност на активните или помошни супстанции на препаратот.
Поради содржината на сорбитол како ексципиенс, овој лек не треба да се употребува кај пациенти кои се заболени од ретко вродена интолеранција на фруктоза.

Состав
10 g гел содржи:
Тинктура од камилица (1:5)
Лидокаин хидрохлорид(34 mg)
Макрогол Лаурил
Етер (32mg)

Пакување
Туба од 10 g.
Рок на употреба:
По отварањето, лекот има рок на употреба 12 месеци.
Лекот не се употребува по истекот на рокот соодветно означен на тубата и на надворешното пакување!

Ковид-19 сѐ уште е тука! Адаптирањето на развојните промени во секојдневниот живот продолжува и за вас и за вашето семејство. Како родители, должни сте да го трасирате патот по кој ќе се адаптираат децата на новото „нормално“, а во тоа ќе успеете ако им бидете добар пример. Децата бараат насоки од возрасните за да знаат како да реагираат на стресни ситуации. Ова е вашата шанса да ги научите на модел по кој ќе ги решаваат проблемите низ животот и да ги научите на емпатија. Искористете ја!

> Останете смирени, слушајте ги и тешете ги

> Бидете пример.
Децата ги следат вашите реакции и учат од нив.

> Внимавајте на кој начин зборувате за вирусот.
Од вашите дискусии на темата, зависи колку страв ќе акумулираат децата. Редовно потсетувајте ги дека како семејство ќе останете здрави, бидејќи ќе бидете одговорни и ќе ги почитувате мерките. 

> Објаснете ја важноста на социјалната дистанца.
Вистински предизвик е да ги убедите малите деца да стават маска и да ја носат подолго време, затоа однапред планирајте ги прошетките, избегнувајќи ги прометните локации и термини. На поголемите деца, покажете им ја кривата на раст за да ја сфатат сериозноста на ситуацијата и префрлете им ја одговорноста, небаре ќе ја почитувате одлуката ако излезат без маска. 

> Демонстрирајте длабоко дишење.
Тоа е клучно за смирување на нервниот систем, затоа вежбајте заедно. 

> Фокусирајте се на позитивните аспекти.
Како дружбите во природа и разните уметнички проекти. Поделете ги часовите во денот, дајте им слобода да се дружат одговорно, но поголемиот дел од минутите резервирајте ги за интимна, семејна дружба.

> Изразувајте им љубов во секоја слободна прилика.
 
> Контролирајте го следењето на медиумите
ТВ, интернет, социјални медиуми – треба да се строго под ваша контрола. Постојаното следење на најновите информации може да го зголеми стравот, затоа проверете дали навистина детето си игра на подот додека вие гледате вести. На поголемите деца објаснете им дека сѐ што циркулира на интернет не значи дека е вистина. Научете ги како да ги препознаат лажните вести. Вие треба да им бидете првиот и веродостоен извор на информации. 
 
Резервирајте време за разговор
(адаптиран според возраста)


Предучилишна возраст – кратки, едноставни информации околу вирусот и уверување дека возрасните се тука да се погрижат за сѐ. Нудете едноставни примери за заштита: „миеме рачиња, не фаќаме ништо до земја, носиме чиста облека само за по дома“.

Основно училиште– очекувајте многу прашања од оваа возрасна група, но служете се со вистината и со што помалку детали. Најверојатно ќе им треба асистенција и при одвојувањето на вистината од гласините и фантазиите. Дискутирајте со нив за мерките што ги преземаат надлежните.

Адолесценти – дискутирајте со нив и упатетете ги на веродостојни извори. Вклучете ги во процесот на донесување одлуки околу домашните и активностите надвор.
За сите деца, поттикнете ги да ги вербализираат своите мисли и емоции. Бидете трпеливи и внимателни слушатели!
 

Ментално здравје

Побарајте професионална помош доколу забележите значајна промена во однесувањето на детето или некои од симптомите подолу ако траат повеќе од 2 недели.

Предучилишна возраст– цицање палец, мокрење во кревет, немирен сон, недостиг на апетит, страв од темница, припивање до родителите, регресивно однесување и повлекување во себе.

Основно училиште– агресивност, нервоза, кошмари, избегнување на обврските, слаба концентрација, социјално дистанцирање.

Адолесценти– проблеми со спиење и апетит, конфликтност, агитација,  деликвентно однесување, слаба концентрација, физички поплаки.

SANOSTOL (+3)

Засилете го имунитетот на вашето дете. Sanostol за деца над 3 години, без додаток на шеќер. ДА РАСТЕМЕ ЗДРАВО!

Саностол без додаток на шеќер претставува мултивитамински сируп како извор на витамините А, D3, Е, C, B1, B2  и B6 наменет за деца над 3 години.

Употреба:
САНОСТОЛ без додаток на шеќер Ви овозможува да ја дополните исхраната со комбинација од важни витамини и придонесува за нормална функција на имуниот систем.
Денешните навики во исхраната би можеле делумно да доведат до тоа определени хранливи материи да не се внесуваат во доволна количина, а оттука и до недостатокот во снабдувањето на организмот со витамини. Во посебни животни ситуации кога организмот не прима доволно витамини, потребно е дополнително снабдување со истите.

Начин на употреба:
Деца над 3 години, млади и возрасни:
дневна доза од 10 ml (1 лажица/ден).
Препорачаната дневна доза не смее да се надмине.

Пред употреба на граничниот производ САНОСТОЛ без додаток на шеќер посоветувајте се со Вашиот лекар:
Бремените жени и жените кај кои бременоста не може да се исклучи, треба да се консултираат со лекар пред да го земат овој препарат.
Производител на граничниот производ: Takeda Pharma

Пред употреба внимателно да се прочита упатството!
За индикациите, ризикот од употреба и несаканите дејства на лекот консултирајте се со Вашиот лекар или фармацевт!

Основата од која треба да тргне секој родител кој сака да се нарече себеси успешен
Дечињата на возраст од 1 до 3 год. се вистински предизвик – љубопитни се и расположени да ги тестираат нервите на авторитетите. Бидејќи не доаѓаат со упатство за употреба, не е грев ако грешиме при воспитувањето. Родителството се учи и истото може да биде забавно доколку ги воочите своите слабости. 

Не сте константни
Децата се непогрешливи кога знаат точно што ги очекува - кога е време за бањање, за спиење, за играње или со кои последици ќе се соочат доколку не се послушни. Колку правилата на игра се постојани и предвидливи, толку е полесно да ги контролирате и да се договарате со нив. 

Стратегија 1: Трудете се да наметнете рутина во домот. Ова не е лесно, бидејќи кога го напуштате домот на сцена настапуваат баба, дедо или дадилката, а со нив и нови правила. Тековно договарајте се за секоја нова ситуација на пример, како да постапите ако детето фрла храна на подот и погрижете се сите да држат до договорот. Бабите важат за попустливи, но одлично воспоставуваат ред. Угледајте се на нив и заборавете на кафето со пријателите кога е време малото да спие, така нема да имате проблем со дисциплината. 

Премногу часови за семејството
Забавно е кога сите се на куп, но некои родители, особено мајките, претеруваат форсирајќи заеднички активности. Клиничкиот психолог Thomas Phelan, автор на „1-2-3 Magic“, вели: „Децата го ценат времето поминато само со едниот родител.“ Тој истакнува: „Дружењето еден на еден им годи и на родителите, бидејќи тогаш престанува несвесниот натпревар што го водат еден со друг.“

Стратегија 2: Не е потребна којзнае каква организација за да поминете квалитетно време со детето, едноставно седнете на под и поиграјте си. Уште подобро е да си ги поделите активностите како родители, едниот нека биде задолжен за спорт, друг за читање приказни пред легнување - на овој начин детето ќе создаде уникатна врска со секој од вас. 
 
Нудите премногу помош
Скокнувате во истата секунда кога вашето малечко ќе се соочи со потешкотија да изведе нешто? Пред да укажете помош, размислете дали можеби ќе му испратите порака дека не може само. „Со преголемо помаѓање го саботирате капацитетот на детето да стане самостојно,“ вели Betsy Brown Braun, автор на „You’re Not the Boss of Me“.

Стратегија 3: „Неопходно е да ги научите децата да бидат толерантни, особено кога водат битка со себеси,“ вели Braun. Но, ова не значи дека е забрането да ги охрабрите и да ги бодрите да не се откажуваат и да ги наградите со аплауз отпосле.

Премногу зборувате
Влеговте во дискусија со своето 2 годишно дете дека не смее да јаде колачи пред ручек и тоа заврши вака: зборување-убедување-карање-викање-удирање?! Ова е шемата во која најчесто запаѓаат родителите во 90% од случаите. Децата не се возрасни заробени во мало тело, тие не размислуваат логично и вашите објаснувања не им го задржуваат вниманието.

Стратегија 4: Штом упатите наредба до детето, не дискутирајте понатаму и избегнувајте контакт со очи. Ако детето не ве послуша, упатете кратко вербално предупредување или избројте до три. Ако детето повторно одбива послушност, пратете го во ќош или казнете го по ваше. Без објаснување, а удирање нека не ви паѓа на памет!
 

Како и кога да ја применуваме оваа стара дисциплинска мерка за да не ја влошиме состојбата?

 

Праќањето на детето во ќош е дисциплинска мерка која до ден-денес ја применуваат и родителите и воспитувачите во градинките. Во теорија, оваа мерка звучи брилијантно: детето е немирно, го праќате во ќош за да остане само и за да се смири и, ете, одново е соработливо. Но, практиката тврди нешто друго: детето одбива да остане само, плаче додека е под казна и е уште повознемирено отпосле. Според неодамнешното истражување на Универзитетот за здравје и наука „Орегон“ во Портланд, 85 проценти од родителите кои го користат овој метод прават клучни грешки кои ја намалуваат неговата делотворност. На пример: разговараат со децата додека се во ќош, им дозволуваат да си понесат играчка со себе додека се под казна, пречесто ја користат мерката. 

Праќањето на детето во ќош не е комплетно безопасна мерка. Кога детето доживува тантрум или се соочува со голем наплив на нервоза поради неможноста да излезе на крај со сопствените емоции, праќањето во ќош може да биде контрапродуктивно. Во овие ситуации, на вашето малечко му е потребна утеха, всушност, нему сте му потребни кога му е најтешко, па неговото праќање во ќош може да делува како да сте го напуштиле. Да, одењето во ќош може да биде делотворно сѐ додека се користи во вистински ситуации, на соодветен начин кај деца над три години, не помали. 
 

ВООБИЧАЕНИ ГРЕШКИ


> Пречесто ја користите мерката

Одењето во ќош не треба да биде со цел да го натерате детето да учи преку лошите дела што ги направило, примарната функција на оваа тактика е да спречи нештата да ескалираат. Никогаш, ама баш никогаш во историјата не се случило некое дете да појде во соба и навистина да размисли што лошо направило. Напротив, додека е под казна, детето размислува за тоа колку се сурови неговите родители. Имајте на ум дека едукативниот процес започнува по завршување на казната, тогаш детето е смирено и е спремно за разговор. Ќошот е мерка за смирување, едукативнот дел, пак, ви останува вам како задача.


> Му обрнувате внимание на детето додека е под казна

Детето е неопходно да почувствува блага последица по заминувањето во ќош, во спротивно ништо не сте постигнале. Поголемиот дел од времето детето пати за вниманието на родителите, па е спремно тоа да го предизвика и преку лоши дела. Бидете внимателни, тактизирајте, бидејќи ако му дадете преголемо значење на лошото однесување, тоа може да донесе уште полошо однесување. Детето го добило посакуваното внимание и сега му останува само да го повторува она што ги натера мама и тато да го караат. Праќањето во ќош воопшто не мора да го поврзувате со столче или агол во собата, доволно е да му го скратите вниманието на детето на краток временски период. Неопходно е детето да заклучи дека со неговото однесување предизвикало да го изгуби она што најмногу му значи. 

 

> Ја користите мерката за погрешна цел

Истражувањето на Државниот универзитет во Оклахома „Стилвотер“, откри дека тајмаутот најдобро делува кај малите деца кои обожаваат да контрираат, се однесувaат пакосно удирајќи или намерно го прават споротивното од она што ќе го побарате, но само ако прво пробате со поблаги мерки. Ако детето го ставите во ќош за различни типови проблеми или ако пречесто се користи мерката, однесувањето може да се влоши. Малите деца кои „кенкаат“ за чоколада или плачат за да играат на мобилен, подобро реагираат на други мерки. 

 

Кој го смислил седењето во ќош?

Оваа воспитна техника датира од 60-тите години како похумана алтернатива на строгите мерки кои биле вообичаени за тоа време. Благодарение на д-р Артур Стаатс, просветните работници престанаа да ги удираат децата со линијар, а родителите заборавија на ременот, стапот и  чешелот. Денес, ваквите мерки се назамисливи и строго забранети!!! Цели декади посветени на истражувања покажаа дека децата кои редовно се тепани, е поверојатно да станат агресивни или да се соочат со депресија и анксиозност понатаму во животот. 

 

 

> Само едно предупредување во однос на мерката може да ги редуцира седењата во ќош за 74%, ако детето не почне да соработува по 5 секунди, применете ја!
 

> Не користете фрази како: „Стопати те предупредив!“ – и тоа се смета за обрнување внимание.
 

> Колку време да седи во ќош? Една минута за секоја година од возраста на детето. 

 
Колку и да е големо животното искуство, секогаш е пријатно да се добие одредена мотивација за да се продолжи понатаму, или да се започне нешто ново. Иако некои ги сметаат за потрошена формалност, чудно е дека сепак новогодишните честитки со мотивација за верба во себе, верба во некои класични вредности – добрина, чесност, емпатија, сѐ уште можат да предизвикаат чувство дека радоста од детството за празниците може да се појави (не)очекувано. Не е познато кога се појави „модата“ да се препорачува список на новогодишни ветувања кои си ги поставувате самите себеси како цел, но во најново време психолозите советуваат тоа да бидат лабави одлуки без да си задавате голем пртитисок за нивно исполнување. Иднината не треба да се доживува како притисок, туку како можност. Сепак, како мотивација да започнете со реализација на своите новогодишни одлуки, можат да послужат размислувањата и цитатите на некои познати личности. Во честитките и во мотивацијата не е важна формата, туку желбата.

Цитати на познатите за Нова година:

– Постојат многу подобри работи пред нас, отколку оние што ги оставаме зад себе. ( Ч. С. Луис)

– Старата година фрлете ја во минатото. Оставете ја, зашто била несовршена и заблагодарете се на Бога што можете да ја оставите. (Брукс Аткинсон) 

– Сите добиваме 365 дена. Единствената разлика е што ќе направиме со нив. (Хилари Де Пјано)

– Се надевам дека сите соништа ќе ги имате при рака и до крајот на годината. (Фаиз Израили)

– Ние сме автори на нашите судбини. Никој не ја гледа визијата појасно, верува во неа и напорно работи за да ја оствари, повеќе од визионерот. (Најл Капбел – Фатоки). 

– Мислам на денот на одлуките, а не на годината. ( Хенри Мур)

– Вашите грижи нека траат толку долго како и новогодишните одлуки. (Џои Адамс)

– Кога сѐ ќе почне да пропаѓа, држете се за својата внатрешна сила и денешните предизвици закопајте ги со утрешната слобода. (Аниекл Точукву)

– Лошата вест е дека времето лета. Добрата вест е дека вие сте пилотот. ( Мајкл Алтшулер)

– Крајот на годината не е ни крај, ни почеток, туку продолжение со сета мудрост на искуството во нас. (Хал Борланд)

– Тешко е да се живее во сегашноста, лудост е да се живее во иднината, а невозможно е да се живее во минатото. Ништо не е толку далеку, како претходната минута. (Џим Бишоп)

– Единствената одлука што сум ја донел и до која се обидувам да се придржувам е да се издигнам над малите нешта. (Џон Бурогс)

– Учете од вчерашниот ден, живејте за денес, надевајте се на утрешниот ден. (Алберт Ајнштајн)

– Да живееме за Новата година и новата шанса да ја на направиме вистинската работа. (Опра Винфри)

– Ден по Новата година... Сега е време да направите добри годишни одлуки. Наредната седмица можете да почнете да го поплочувате патот до пеколот, како и обично. (Марк Твен)

– Ако ме прашувате за мојата новогодишна одлука, таа беше да откријам кој сум. (Сирил Кјузак)

– Ова е Нова година. Нов почеток. Сѐ ќе се промени. (Тејлор Свифт)

– Славете ги краевите, зашто тие носат нови почетоци. (Џонатан Локвуд Хјул) 

SANOSTOL (+3)

Саностол без додаток на шеќер претставува мултивитамински сируп како извор на витамините А, D3, Е, C, B1, B2  и B6 наменет за деца над 3 години.

Употреба:
САНОСТОЛ без додаток на шеќер Ви овозможува да ја дополните исхраната со комбинација од важни витамини и придонесува за нормална функција на имуниот систем.
Денешните навики во исхраната би можеле делумно да доведат до тоа определени хранливи материи да не се внесуваат во доволна количина, а оттука и до недостатокот во снабдувањето на организмот со витамини. Во посебни животни ситуации кога организмот не прима доволно витамини, потребно е дополнително снабдување со истите.

Начин на употреба:
Деца над 3 години, млади и возрасни:
дневна доза од 10 ml (1 лажица/ден).
Препорачаната дневна доза не смее да се надмине.

Пред употреба на граничниот производ САНОСТОЛ без додаток на шеќер посоветувајте се со Вашиот лекар:
Бремените жени и жените кај кои бременоста не може да се исклучи, треба да се консултираат со лекар пред да го земат овој препарат.
Производител на граничниот производ: Takeda Pharma

Пред употреба внимателно да се прочита упатството!
За индикациите, ризикот од употреба и несаканите дејства на лекот консултирајте се со Вашиот лекар или фармацевт!

За првите припадници на генерација Y, тие родени меѓу 1982 и 1990 година, дојде време и самите да бидат родители. И одеднаш, правилата за воспитување се сменија драстично. Дали новите правила се оправдани и неопходни? Дали воспитувањето е потешко сега? Или беше потешко тогаш, но го гледавме поинаку, бидејќи бевме деца? Едноставно, што се смени?

 

Што навистина се смени?
 

Како за почеток, плескањето по газе или раче, влечењето за уши или кратко кажано физичкото дисциплинирање се забрани, особено да се прави во јавност барем во големите европски држави и во повеќе држави низ САД. Сега постојат и научни докази. Педесетгодишна студија во која биле вклучени повеќе од 160.000 деца, спроведена од професори на универзитетите во Остин, Тексас и Мичиген, вели дека популарно кажано ќотекот, всушност не е соодветна алатка за дисциплинирање на децата. Едноставно, агресијата раѓа агресија. Па така, и ќотекот резултира со ненамерни штетни исходи и деца агресори со антисоцијално однесување и психички проблеми. И тука се појави првиот проблем за новата генерација. Денешните млади родители, тогаш воспитувани со по некој ќотек, сега треба да најдат нови начини да се здобијат со почит од сопствените деца, нови методи за да бидат слушнати, што може да биде многу тешко понекогаш. 

 

Порано постоеше книга „1000 зошто, 1000 затоа“. Денес постои Google. Повеќе не можеме да ги „лажеме“ децата, да се правиме дека не знаеме, да го криеме знаењето или пак да се правиме дека знаеме повеќе само затоа што сме родители. Денес едноставно сѐ е достапно на интернет. На крајот, сепак децата сами ќе ја откријат вистината, или барем тоа што мислат дека е вистина. 

 

Комбинацијата на отсутни родители од дома и релативно лесно достапни паметни играчки, за жал создава мрзливи деца

 

Порано постоеја радио, ТВ, касети, ЦД-а и тетрис, а сега постојат паметни телефони и таблети со неограничен интернет достапни за многумина. Секоја генерација ќе има нешто за што ќе се приврзе. Разликата е во тоа колку таа техника ја буди или успива нивната креативност и како влијае на развојот на генерациите. Комбинацијата на отсутни родители од дома и релативно лесно достапни паметни играчки, за жал, создава мрзливи деца. Родителите покрај тоа што немаат доволно време за да поминат со децата, и не се толку интересни како најновото видео на YouTube на девојката или дечкото кои ги следат. И ние имавме идоли, лепевме постери на ѕидовите и сонувавме некогаш да ги видиме во живо, но најчесто сонувавме. 

 

Во времето кога растевме, ние играчките што ги поседувавме се броеја на прстите на рацете, а денес секое дете има сопствена продавница за играчки дома. Порано помалку се купуваше, повеќе се ценеше тоа што се има, а многу често и се поправаа работите, наместо само да се фрли скршената и да се потрча во продавница по новата играчка.

 

Пред да дојдеме на свет, нашите мајки можеби и имале прочитано по некоја книга за тоа што да очекуваат после породувањето, а поверојатно им кажале нивните мајки и баби од сопственото искуство, и тоа било „закон“. Сега е натпревар која идна мајка повеќе прочитала или знае, која книга или веб-страница нуди „најточни“ и најнови информации. Информациите се лесно достапни, но прашање е дали се сите точни.

 

Порано со душа се исчекуваше бебето за да се ужива во него, во неговото едноставно постоење сега и тука. Сега, уште пред да се роди, веќе е запишано во најдобрата градинка, се знае кој спорт ќе го тренира, колку јазици ќе научи итн...    

Овие ситуации може да се разгледаат и поинаку. Сега, родителите знаат многу повеќе за развојот на децата од кога било, за сите нивни скокови во развојот, како и кога да им помогнат. Ако ова се искористи правилно, всушност, да се биде родител и не е така тешка работа.

 

Технолошки гледано е полесно. Денес постојат секакви „гаџети“ што го олеснуваат патувањето со мали деца, секојдневното хранење и капење, и најважното, нивната едукација. Со мобилните телефони и најразличните апликации, сите се лесно достапни, родители, учителки во градинка, професори во училиште, па дури и децата. Родителот може да добие информација за своето дете во секој момент од денот, па дури и видео во живо. 

 

Времето на бабите и дедовците како да изминува...

 

 

Во нашето општество е нормално двајцата родители да работат. Меѓутоа, нашите баби не работеа, па имаше кој да нѐ чува и беше нормално децата да растат во присуство на баби. Денес, идните баби сѐ уште работат, внучињата доаѓаат на свет сѐ подоцна, а родителите го ставаат под знак прашалник влијанието на бабите и дедовците врз развојот на децата.  Направени се многу истражувања, и сите велат дека дружбата со бабите и дедовците влијае позитивно на сите учесници. Кај децата развива чувство на припадност на генерации и генерации наназад, а бабите и дедовците, народски кажано, се „подмладуваат“. Бабите не брзаат никаде, цел ден е пред нив, смирени се, а тоа влијае позитивно на темпераментот на децата. 
 

Не постоеше потреба да се договараат дружби со други деца, во игротека каде што мајките пијат кафе и муабетат, а децата си играат. Едноставно, ако времето беше убаво, бабите се собираа на клупите, а децата околу нив играа ластик, криенка, плочка итн. Денес речиси и да не се слуша детската смеа надвор, децата се дружат исклучиво по игротеки каде што се безбедни, и тоа кога родителите имаат време, а за жал, најчесто немаат. 

 

Направени се низа истражувања кои потврдуваат дека дружењето и воспитувањето на децата од страна на бабите и дедовците има обострано позитивно влијание како врз децата, така и врз бабите и дедовците

 

На крајот, се сведува на тоа дека секоја генерација на родители смета дека генерацијата на која припаѓаат била подобрата генерација од таа што ја воспитуваат сега. А тоа како дилема најверојатно ќе остане да ја прогонува секоја генерација. Она што е поважно е дека секоја генерација се соочува со предизвици. Реално, на сите ќе ни биде полесно ако се потрудиме да ги искористиме позитивните промени, наместо само да се жалиме на недостатоците и негативните работи.

 

За Нас

Ваш Аптекар, наменето да ги задоволи вашите потреби за квалитетни информации во врска со употребата на лековите и другите средства кои ги земате во аптеките. Ние се грижиме за вашето здравје и ќе ви обезбедиме интересни содржини кои директно ќе влијаат врз вашиот приод кон лекувањето и начинот на живот воопшто.

Следете не на Facebook

Newsletter

Внесете ја вашата е-пошта и навремено дознајте за сите новости и информации поврзани со Ваш Аптекар.