Сподели со пријателите

Месни топчиња со зеленчук

Состојки:
·       250 г мелено телешко месо
·       250 г мелено свинско месо
·       1 поголем морков
·       1 поголема млада тиквичка
·       1 главица кромид
·       2 чешниња лук
·       2 јајца
·       1 шолја (за кафе) овесни снегулки
·       1 лажица чиа семе
·       малку масло, сол и црн пипер 
Подготовка:
Излупете ги зеленчукот, морковот и тиквичката и изрендајте ги на ситната страна од рендето, а лукот и кромидот ситно исечкајте ги. Овесните снегулки измелете ги за да добиете ситно брашно, а во него додадете го чиа семето (без да го мелете). Сите состојки заедно помешајте ги, користете ги рацете за да ја замесите смесата, и додадете сол и црн пипер. На тава ставете хартија за печење врз која ќе ги редите обликуваните топчиња, полијте ги со зејтин и печете ги околу 30 минути. Можете и да ги пржите во тава како плескавици. Служете ги со пире или со печен компир. 

За Нас

Ваш Аптекар, наменето да ги задоволи вашите потреби за квалитетни информации во врска со употребата на лековите и другите средства кои ги земате во аптеките. Ние се грижиме за вашето здравје и ќе ви обезбедиме интересни содржини кои директно ќе влијаат врз вашиот приод кон лекувањето и начинот на живот воопшто.

Следете не на Facebook

Newsletter

Внесете ја вашата е-пошта и навремено дознајте за сите новости и информации поврзани со Ваш Аптекар.