Сподели со пријателите

Салата од млада тиквичка и фета сирење

Состојки:
·       3 лажици лимонов сок
·       рендана кора од половина лимон
·       3 млади кромитчиња, ситно сечкани
·       2 млади тиквички, сечкани на тенки ленти
·       1 младо лукче, ситно сечкано
·       80 – 100 г здробено фета сирење
·       1 лажица ситно сечкано свежо нане
·       1 лажица ситно сечкан свеж магдонос
·       по желба додадете ореви и шери домати

Подготовка:
Во голем длабок сад помешајте ги сокот од лимон, ренданата кора од лимон, ситно сечканиот млад лук, сол и црн пипер. Постепено истурајте го маслиновото масло мешајќи со лажица. Потоа, додадете ги тиквиците и мешајте за тие да се обложат со маслото од сите страни. Покријте го садот, ставете го во ладилник за тиквиците да се маринираат во текот на ноќта. Пред послужување, додадете ги сирењето, магдоносот, нането и младиот кромид. Ако вклучувате шери домати, не заборавајте да ги пресечете на половина. 

За Нас

Ваш Аптекар, наменето да ги задоволи вашите потреби за квалитетни информации во врска со употребата на лековите и другите средства кои ги земате во аптеките. Ние се грижиме за вашето здравје и ќе ви обезбедиме интересни содржини кои директно ќе влијаат врз вашиот приод кон лекувањето и начинот на живот воопшто.

Следете не на Facebook

Newsletter

Внесете ја вашата е-пошта и навремено дознајте за сите новости и информации поврзани со Ваш Аптекар.