Сподели со пријателите

СИРОВА ФЕРЕРО ТОРТА

Потребни состојки:
200 г лешници
4 лажици стопено кокосово масло
4 лажици јаворов сируп
1 кафена лажица екстракт од ванила
прстофат сол
35 г какао
Состојки за крем:
200 г индиски ореви
100 мл вода
60 г стопено кокосово масло
прстофат сол
130 г агаве сируп
2 лажици какао 

Подготовка:
Лешниците потпечете ги во рерна за да им го засилите вкусот (10 мин. на 170 степени). Откако ќе се изладат, додадете ги останатите состојки и миксирајте додека да се соединат. Смесата натапкајте ја во калап и ставете ја во ладилник. Индиските ореви омекнете ги варејќи ги во вода 10 минути. Блендирајте ги состојките за кремот додека да добиете глатка текстура, додајте агаве сируп по потреба. Сипете го кремот врз подлогата и оставете ја тортата во ладилник да преноќи

За Нас

Ваш Аптекар, наменето да ги задоволи вашите потреби за квалитетни информации во врска со употребата на лековите и другите средства кои ги земате во аптеките. Ние се грижиме за вашето здравје и ќе ви обезбедиме интересни содржини кои директно ќе влијаат врз вашиот приод кон лекувањето и начинот на живот воопшто.

Следете не на Facebook

Newsletter

Внесете ја вашата е-пошта и навремено дознајте за сите новости и информации поврзани со Ваш Аптекар.