Сподели со пријателите

ЧОКОЛАДЕН ТАРТУФ СО ЈАТКИ

Потребни состојки:
80 г јатки (ф’стаци, лешници, ореви)
125 г какао путер
100 г кокосов шеќер
100 г какао 
прстофат сол
240 г претходно сварени костени
1 кафена лажица екстракт од ванила
140 г суво овошје (кајсии, сливи, смокви), сечкани
рендана кора од ½ портокал

Подготовка:
Загрејте ја рерната на 180 степени. Ставете ги јатките на хартија за печење и печете ги 6 до 8 минути. Исечкајте ги откако ќе се оладат.Какао путерот, какаото, кокосовиот шеќер и солта, топете ги на пареа. Блендирајте ги костените заедно со екстрактот од ванила, сипете ги во сад во кој ќе го додадете сувото овошје, кората од портокал и јатките. Врз нив сипете ја стопената чоколадна глазура и мешајте за состојките да се соединат. Смесата натапкајте ја во калап (25 см) и оставете ја во ладилник 4 часа. 

За Нас

Ваш Аптекар, наменето да ги задоволи вашите потреби за квалитетни информации во врска со употребата на лековите и другите средства кои ги земате во аптеките. Ние се грижиме за вашето здравје и ќе ви обезбедиме интересни содржини кои директно ќе влијаат врз вашиот приод кон лекувањето и начинот на живот воопшто.

Следете не на Facebook

Newsletter

Внесете ја вашата е-пошта и навремено дознајте за сите новости и информации поврзани со Ваш Аптекар.