Сподели со пријателите

БАНАНА - ЛЕБ СО БАДЕМИ

Потребни состојки:
2 банани
50 г мед
1 супена лажица путер од бадеми
1 супена лажица кокосово масло, стопено
2 јајца
½ кафена лажица цимет
120 г брашно
½ кафена лажица сода бикарбона
50 г бадеми, сечкани
Подготовка:
Загрејте ја рерната на 180 степени и обложете калап за торта (20 см) со хартија за печење. Истолчете ги бананите во длабок сад, додајте ги медот, путерот од бадеми, кокосовото масло, јајцата и убаво мешајте. Постепено додавајте ги сувите состојки, а на крај бадемите и формирајте тесто. Распоредете го тестото во калапот и печете го лепчето 25 минути. 

За Нас

Ваш Аптекар, наменето да ги задоволи вашите потреби за квалитетни информации во врска со употребата на лековите и другите средства кои ги земате во аптеките. Ние се грижиме за вашето здравје и ќе ви обезбедиме интересни содржини кои директно ќе влијаат врз вашиот приод кон лекувањето и начинот на живот воопшто.

Следете не на Facebook

Newsletter

Внесете ја вашата е-пошта и навремено дознајте за сите новости и информации поврзани со Ваш Аптекар.