Потребни состојки:
500 мл млеко
100 г овесни снегулки
1 чаша ситно сечкани малини 
2 полни лажички кокосово брашно
2 лажички јаворов сируп или мед
малини 
кокос 

Подготовка: 
Ставете го млекото на силен оган да зоврие, па додадете ги овесните снегулки, намалете ја температурата и повремено мешајте. Малку пред крај, додадете ги сечканите малини, кокосовото брашно и јаворовиот сируп. Убаво промешајте. Штом кашата се згусне, тргнете ја од оган. Кога убаво ќе се излади, додадете цели малини и поросете со кокос. 
Потребни состојки:
200 мл врела вода
100 мл кускус
малку вегета
0,5 кг брокола
4 компира
2 моркова
1 главица кромид
зачини: сол, црн пипер, мешан зачин „Вегета“, магдонос
2 лажици пармезан
1 јајце
2 лажици лебни трошки, по потреба

Состојки за сос:
200 мл павлака
150 мл јогурт
копар и сол, по вкус

Подготовка:
Прелијте го кускусот со врела вода во која ќе додадете малку мешан зачин и оставете го 10 минути, промешајте и исцедете го вишокот вода. Прво, сварете ја броколата во солена вода, а потоа морковот и компирот. Исцедете ги и ставете ги во длабок сад. Кромидот исечкајте го што поситно. Додадете ги зачините и пармезанот, исцедениот кускус и едно јајце, добро промешајте ја смесата, ако е течна, додајте малку лебни трошки. Оставете ја смесата да одмори 10 минути. Формирајте мали топчиња, тркалајте ги во лебни трошки, потоа стиснете ги како плескавици и наредете ги во тава обложена со хартија за печење. Печете ги на 200 степени околу 25 минути, превртете ги и печете уште 20 минути. Состојките за сосот, едноставно, спојте ги.
Потребни состојки:
150 г шпагети
4 чешниња лук
200 г кељ
30 г пармезан
20 г сирење „Рикота“

Подготовка:
Сварете ги шпагетите, по можност набавете оризови или соини. Излупете го лукот. Отстранете ги тврдите стебленца од кељот, а ливчињата исечкајте ги на половина. Лукот и кељот пропржете ги на маслиново масло (2 лажици), а потоа блендирајте ги заедно со пармезанот за да наликуваат на песто сос. Ставете ги сварените шпагети во длабок сад со малку вода, додајте го сосот и убаво промешајте за да се поврзат. Одозгора поросете со сирење. 
Потребни состојки:
1 поголема диња
2 банани
2 лажици мед
сок од 1 лимон
4 лажици густ јогурт
150 мл вода
цимет

Подготовка:
Ставете ги состојките во блендер, а потоа сипете ги во чаша. Дињата исчистете ја претходно и исечкајте ја на коцки за да не губите време наутро. 
Потребни состојки:
300 г лосос филе
1 рака рендана црвена зелка
1 рака рендана бела зелка
1 рендан морков
100 г бадеми
100 г суви кајсии
малку оригано, босилек и хималајска сол
2 лажици оцет „Балсамико“
3 лажици маслиново масло
 
Подготовка: 
Загрејте го маслиновото масло во тефлонска тава и пржете го лососот од двете страни по 3 минути. Тргнете го настрана да се олади. Бадемите и сувите кајсии исечкајте ги на ситни парчиња. Ренданите зелка и морков ставете ги во длабок сад, врз нив наредете го лососот исечкан на коцки, па додадете ги бадемите и кајсиите. Прелијте ја салатата со оцетот во кој претходно ги измешавте зачините.
Потребни состојки:
·       150 гр интегрален ориз (кратко зрно)
·       5 см свеж ѓумбир
·       4-5 ротквички 
·       1 ½ лажица соја сос
·       1 лажица јаболков оцет
·       4 лажици мешавина од сусам, сончоглед и семки од тиква
·       3-4 лажици свеж коријандер или магдонос
·       1 авокадо

Подготовка:
Варете го оризот во 250 мл вода поклопен и на тивко околу 30 мин. Излупениот ѓумбир исечкајте го на тенки листови. Во длабок сад ставете го оризот, додадете соја сос и оцет и промешајте. Додадете ги лентите ѓумбир, ротквичките сечкани на тенки кругови, семките и ситно сечканиот коријандер или магдонос и сѐ убаво промешајте. На крај, врз салатата наредете го авокадото сечкано на кришки.
Потребни состојки:
·       2 смрзнати банани
·       10 јагоди
·       ½ чаша вода
·       2 кафени лажици рогач
·       1 кафена лажица мед
·       3 капки рум
·       ананас за декорација
 
Подготовка:
Ставете ги состојките во блендер, а потоа сипете ги во чаша и декорирајте со парчиња ананас. Доколку не ви се допаѓа комбинацијата рум и рогач, обидете се со какао и ванила. Количината на мед зависи од вашата желба за благо. Бананите задолжително замрзнете ги за да имаат вкус на сладолед- излупете ги, замотајте ги во алуминиумска фолија, па ставете ги во ладилник да се замрзнат околу 3 часа. 
Потребни состојки:
·       300 гр урми
·       50 гр сусам
·       45 гр еспандирани житни снегулки
·       3 лажици медотаан 
·       2 лажици путер
·       55 гр црна чоколада
·       150 гр кикирики
·       ½ кафено лажиче ѓумбир во прав
·       прстофат мелено каранфилче 

Подготовка:
Ситно исечкајте ги урмите. Сусамот потпечете го да добие златна боја. Медотаанот, путерот и чоколадата топете ги на тивок оган или уште подобро на пареа додека да се соединат. Ситно исечкајте ги и кикириките, можете да користите и апарат за сечкање или згмечете ги со тегла. Во длабок сад сипете ги сувите состојки и убаво измешајте, прелијте ги со растопените состојки, не заборавајте на зачините и мешајте додека да добиете компактна смеса. Смесата распоредете ја во калап или плех и убаво израмнете ја. Почекајте да се стегне па исечете ги плочките.

За Нас

Ваш Аптекар, наменето да ги задоволи вашите потреби за квалитетни информации во врска со употребата на лековите и другите средства кои ги земате во аптеките. Ние се грижиме за вашето здравје и ќе ви обезбедиме интересни содржини кои директно ќе влијаат врз вашиот приод кон лекувањето и начинот на живот воопшто.

Следете не на Facebook

Newsletter

Внесете ја вашата е-пошта и навремено дознајте за сите новости и информации поврзани со Ваш Аптекар.