• 250 г црвен грав

  • 250 г пченка шеќерац

  • 1 праз

  • 1 помала главица кромид

  • 2 чешниња бел лук

  • 2 печени пиперки

  • 1 краставица

  • месо по желба (димена пастрмка, туна, бело пилешко месо)

  • маслиново масло, сол, бибер, магдонос, сок од лимон

 

Сите состојки се сечкаат и се мешаат заедно со гравот и пченката. Се додава малку маслиново масло, се меша, се зачинува и се посолува. На крај, се додава месото. Се остава да се излади и се сервира.

Во тенџере ставете 250 мл вода, додадете и 25 мл маслиново масло или путер и зачинете со 1 лажичка сол. Откако ќе зоврие водата, тргнете ја од рингла, истурете внатре 250 гр кус кус и мешајте со виљушка (внимавајте да не се направат грутки).
Исечкајте ситно 1 домат, ½ модар патлиџан, 1 кромид и 2 чешниња лукче.
Во тава ставете 1 лажица путер и 30 мл маслиново масло. Прво, додадете ги кромидот и лукот, откако ќе добијат стаклест изглед, додадете го останатиот зеленчук. Потоа, додадете кус кус и мешајте да се спои со зеленчукот. Постојано мешајте за да не ви се залепи или за да не се формираат грутки. 
Доколку сакате, јадењето можете да го збогатите со туна. Послужете со лимон.
  • 1 кг брокола

  • 200 г бело сирење

  • 4 лажици павлака

  • 2 јајца

  • 3 лажици маслиново масло

  • 2 лажици лимонов сок

  • 2 чешниња бел лук

  • сол, бибер

Броколата одвојте ја на цветчиња и обарете ја во вода (не повеќе од 4 минути) во која претходно сте додале малку сол, масло и лажица лимонов сок. Процедете и оставете да се излади. Во меѓувреме, сирењето измешајте го со павлаката и со истолчениот лук. Прелијте со лажица лимонов сок, посолете и забиберете. Со вака подготвениот сос, прелијте ја броколата, промешајте и од горе додадете ги варените јајца исечкани на осминки.

Потребни состојки ( за двајца)


200 г тестенини
400 г спанаќ
2 пилешки копани 
1чешне лук
маслиново масло
сол и зачини
 

 Подготовка

Најпрвин пилешкото месо се вари , се сецка на парченца и се пропржува на маслиново масло со лукчето и зачините се додека не зарумени. 
Во меѓувреме обарете го спанаќот , претходно добро измиен и процедете го.  Сварете ги и тестенините. 
Измешајте го пилешкото и спанаќот и со вака добиената смеса прелијте ги сварените и процедени тестенин.
Нарендајте пармезан по желба. 

Потребни состојки


·       ½ краставица
·       1 шолја спанаќ
·       1 јаболко
·       1 лажица мед
·       малку ѓимбир
·       1 шолја вода
 
Сите намирници кои се користат за подготовка пожелно е да бидат исецкани на мали парчиња со големина од 1 центиметар, кои потоа се блендираат на што поголема брзина со цел подобро да се соединат и создадат пена. На крајот ја додавате водата со која ја одредувате и густината на напитокот. Идеален за освежување за ова лето.

Потребни состојки (4 лица)


- Брокула- 600 гр
- Свежи шампињони- 300 гр
- 2 јајца
- 250 мл павлака за готвење
- магдонос по желба
- масло, сол и бибер
 

Подготовка


Брокулата ставете ја во вода што врие околу 5-10 минути. Шампињоните исецкајте ги на ливчиња и на масло пропржете ги. Брокулата и шампињоните ставете ги во сад за печење, јајцата и павлаката измешајте ги заедно со солта, биберот и магдоносот и сипете во садот. Ставете го садот во загреана рерна на 200 степени и печете околу 20 минути. Да се послужи топло.

Потребни состојки:


·       3 модри домати
·       5-6 лажици таан
·       3 лажици сок од лимон
·       3 чешниња лук
·       2 лажици маслоново масло
·       ситно сецкан магдонос
·       сол и бибер

Потребни состојки:

- 1 шоља урми 
- 1/4 од шоља таан
- 1/4 од шоља мед или јаворов сируп
- мала лажичка цимет
- малку сол
- 3 лажици какао
- 1 и 1/2 шоља ситни овесни снегулки

 
Подготовка

Сите состојки освен снегулките ставете ги во блендер и соединете ги. Овесните снегулки може претходно да ги покиснете во млака вода или во млеко за да омекнат. Кога ќе ги додадете снегулките во смесата со урми, правете топчиња и може да ги валкате во сусам или какао

За Нас

Ваш Аптекар, наменето да ги задоволи вашите потреби за квалитетни информации во врска со употребата на лековите и другите средства кои ги земате во аптеките. Ние се грижиме за вашето здравје и ќе ви обезбедиме интересни содржини кои директно ќе влијаат врз вашиот приод кон лекувањето и начинот на живот воопшто.

Следете не на Facebook

Newsletter

Внесете ја вашата е-пошта и навремено дознајте за сите новости и информации поврзани со Ваш Аптекар.