Сподели со пријателите

ШТО ВО СЛОБОДНО ВРЕМЕ?

 
ПРОСЛАВЕТЕ
12 Мај - Интернационален ден на медицинските сестри
Кренете чаша високо горе во име на сите оние кои неуморно и пожртвувано му го чуваат грбот на светот. 

ПРОЧИТАЈТЕ
ВНАТРЕШНИ КОНФЛИКТИ“ ОД КАРЕН ХОРНАЈ 

Книга за смирување на внатрешните конфликти и за пронаоѓање на вашиот спокој! Овде Хорнај ги опишува различните типови на личности и на конфликти. Укажува на тоа дека поголемиот број луѓе поминуваат низ различен број конфликти и дека сите употребуваат различни одбранбени механизми во однесувањето и во справувањето со сопствените немири.

 

 

ПОГЛЕДНЕТЕ
Филмот Incendies 
Филм што ќе ве освои уште од првата сцена, текот на настаните е невозможно да го предвидите, а крајот е маестрален. Ова е еден од оние филмови кои долго се паметат. Приказната се врти околу Jeanne и Simon, кои за да ја исполнат посмртната желба на мајка си, ќе мора да отпатуваат во нејзиниот роден град некаде во Средниот Исток. Таму ќе дознаат за нејзиното тажно минато и ќе откријат вознемирувачка тајна која ќе им го смени животот засекогаш.

 
ПРЕЗЕМЕТЕ
Мобилна апликација MyFitnessPal
Ако темата за масти на стр. 8 ве поттикна да обрнете внимание што точно консумирате, тогаш оваа апликација ќе ви биде од помош. Дизајнирана е да го брои калорискиот внес, да пресмета колку калории сте согориле и да ве мотивира со вежби. Штотуку си најдовте партнер за спортување, па што чекате?

 
 
 
 
 
 
 

За Нас

Ваш Аптекар, наменето да ги задоволи вашите потреби за квалитетни информации во врска со употребата на лековите и другите средства кои ги земате во аптеките. Ние се грижиме за вашето здравје и ќе ви обезбедиме интересни содржини кои директно ќе влијаат врз вашиот приод кон лекувањето и начинот на живот воопшто.

Следете не на Facebook

Newsletter

Внесете ја вашата е-пошта и навремено дознајте за сите новости и информации поврзани со Ваш Аптекар.