Сподели со пријателите

Дали треба да се храниме сезонски?

Да! Поисплатливо е, повкусно и похранливо, иако и 2. опција не е штетна.


Како поднебје кое изобилува со голем извор на квалитетни зеленчук и овошје, сосем е изводливо менито да го диктира сезоната. На толку праски, кајсии, лубеници, сливи – кому би му паднале на памет јаболки? Во студените месеци, кога изборот е помал, ќе компензираме со компоти или со замрзнати варијанти. Ако ги земеме предвид децата, чија исхрана ни е најважна, тогаш ќе се судриме со две различни гледишта. Имено, една група педијатри советуваат сезонско хранење и што побрзо адаптирање на детето на храната што ја готвите дома, други, пак, велат дека ако нема кајсии на пазарот, купете тегла од аптека.
Пред да пресудите кому ќе верувате, ајде да видиме кои се здравствените придобивки од сезонското јадење. Под сезонска храна спаѓаат плодовите кои се одгледуваат надвор, на отворено, во периодот на нивниот природен раст. Промоторите на сезонската храна како главен бенефит го потенцираат вкусот – свежо набраните јагоди, ниту по вкус ниту по мирис не може да се споредат со оние во декември. А, кога нешто е вкусно, го јадеме во големи количества, што значи дека ќе стекнете низа здравствени придобивки и без да бидете свесни.Сезонското јадење е пријателски настроено и кон домашниот буџет – доматите во сезона се трипати, ако не и повеќе, поевтини за разлика од оние достапни во зима. На листата позитивни аргументи не смее да се заборави и одржливоста – одгледувањето на овошје и зеленчук во сезона е далеку поевтино, бидејќи ретко кога се користи вештачка светлина и топлина. Всушност, енергијата која се користи за одгледување на плодовите надвор од сезона, резултира со зголемување на емисијата на стакленички гасови. И сега, клучното прашање: дали сезонското јадење е поздраво? На некој начин да, бидејќи нивото на хранливи материи опаѓа при процесот на складирање и транспорт, додека сезонската храна за кусо време стигнува до вашата чинија задржувајќи ги сите витамини и минерали. Но, што правиме во зима? Дали ако навиката за сезонско јадење ја префрлиме и во декември, нашиот имунитет ќе остане силен? Истражувањето на Светскиот фонд за природа откри дека секоја сезона е возможно да ги задоволи нутритивните потреби на луѓето, но бидејќи храната во зимските месеци неизбежно би била еднолична, не е на одмет да се потпреме на увозните варијанти или да си направиме залихи навреме. 
 

ЕСЕНСКИ(сезонски) ХЕРОИ
Капини – изобилуваат со антиоксиданти, одлични за по вежбањето или во напорни денови.
Тиква – богата со лутеин, пигмент кој го одржува здравјето на очите.
Костен – изненадувачки, но содржи витамин Ц кој ќе ве штити од есенските настинки. 
Смокви – содржат пробиотик кој ги поддржува добрите бактерии во стомакот. 
 
 

За Нас

Ваш Аптекар, наменето да ги задоволи вашите потреби за квалитетни информации во врска со употребата на лековите и другите средства кои ги земате во аптеките. Ние се грижиме за вашето здравје и ќе ви обезбедиме интересни содржини кои директно ќе влијаат врз вашиот приод кон лекувањето и начинот на живот воопшто.

Следете не на Facebook

Newsletter

Внесете ја вашата е-пошта и навремено дознајте за сите новости и информации поврзани со Ваш Аптекар.