Сподели со пријателите

Медитација - 5 феномени што ги поттикнува


 
1. ДИШЕЊЕТО ДЕЛУВА
Мозокот ви работи со полна пареа? Сѐ што треба да направите е да дишете. „Фокусирањето на дишењето и неговите сензации, по сѐ изгледа, го поврзува срцето со главата“, вели д-р Даниел Сигел, клинички професор на „Универзитетот на Калифорнија“ и автор на „Aware: The Science And Practice Of Presence“. „Ваквата практика го намалува срцевиот ритам и го намалува нивото на кортизол, правејќи да се чувствувате помалку стресно“.
 
2. БЕТА БЛОКЕР
Се верува дека фокусирањето на сегашноста ги намалува бета мозочните бранови (оние кои се активни додека пребројувате сѐ што имате за работа). Но, норвешките истражувачи кои ги испитувале мозочните бранови кај луѓето кои медитираат, забележале поголема присутност на бета бранови (поврзани со учење, меморија и интуиција) и алфа бранови (поврзани со креативност). Студијата во која биле вклучени тибетанските монаси, открила и гама бранови кои се поврзуваат со висок степен на свесност. 
 
3. СИВАТА МАТЕРИЈА Е ВАЖНА
Иако мозокот е програмиран да лута, постојаното мозочно талкање се поврзува со пониско ниво на среќа. Истражувањата на мозоците на луѓето со долгогодишно искуство во медитација, откриваат помала активност во задниотцингуларенкортекс– делот од мозокот поврзан со набљудувањето себеси и когнитивна контрола – откривајќи поголема способност за фокус на овде и сега. Запомнете, сегашноста е дар!
 
4. МОЗОЧНИ ПРИДОБИВКИ
Добро е да знаете дека медитацијата може да поттикне раст на мозокот. Студиите покажуваат згуснување на хипокампусот кај луѓето што постојано медитираат – дел од мозокот одговорен за учење, разбирање и меморија. Бил забележан раст и кај церебралниот кортекс, а тоа води до забрзана мозочна обработка и меморија на информациите. 
 
5. ШТИТЕНИК НА КЛЕТКИТЕ
Освен тврдењата дека ја попречува Алцхајмеровата болест, редовната медитација го подобрува имунитетот и општото кардиоваскуларно здравје. „Медитацијата го подобрува здравјето и векот на клетките така што го поттикнува ензимот теломераза – тој ги поправа и ги одржува хромозомските завршетоци“, вели д-р Сигел. 

Слични содржини

За Нас

Ваш Аптекар, наменето да ги задоволи вашите потреби за квалитетни информации во врска со употребата на лековите и другите средства кои ги земате во аптеките. Ние се грижиме за вашето здравје и ќе ви обезбедиме интересни содржини кои директно ќе влијаат врз вашиот приод кон лекувањето и начинот на живот воопшто.

Следете не на Facebook

Newsletter

Внесете ја вашата е-пошта и навремено дознајте за сите новости и информации поврзани со Ваш Аптекар.