Сподели со пријателите

Интересни прашања -Научни одговори

Може ли да јадам карфиол секој ден?
Да, особено ако го комбинирате со доволно протеини. Обично е актуелен во зимскиот период, но карфиолот заслужува постојано да биде присутен на менито, бидејќи неговите нутритивни придобивки ги ставаат во сенка и оние на актуелниот кељ. Најдобро од сѐ? Невозможно е да се предозирате од карфиол ипо цена да го јадете секој ден. Содржи многу малку калории и делува антивоспалително–што го прави одлична замена за јаглехидрати. 
 
Ти не си ти, кога си гладен! Мит или факт?
Најновите истражувања велат: ФАКТ! На празен стомак, поголема е веројатноста ситуациите да ги интерпретирате како негативни, бидејќи истите симптоми кои сигнализираат глад (потење, кркорење на цревата), исто така сигнализираат и нервоза. Решение: пред да експлодирате поради нечиј коментар или однесување, избројте до 10 и запрашајте се дали би биле толку нервозни ако бевте сити? Ако сте на работа, практикувајте да консумирате ужини богати со протеини и растителни влакна на секои 3 часа. Пропуштивте оброк? Истата комбинација ќе го стабилизира организмот, но и умот за брзо време. 
 
Возможно ли е да станам утрински човек? - И додека вие сѐ уште се тркалате во кревет борејќи се со сите сили да станете, вашиот познаник веќе појадуваше, вежбаше, се тушираше и тргна на работа. Не обвинувајте се, не е до вас, туку до гените кои недолжни ги наследивте. „Секој човек поседува генетски детерминиран хронотип“, објаснува Барбара Хелм, професор на „Универзитетот на Гронинген“ во Холандија. Ова е научниот одговор за целиот оној концепт наречен „утрински тип на човек“кој зависи од она што се нарекува деноноќен ритам. Некаде помеѓу 23.7 и 24.7 часови, ритамот одредува кога температурата на телото ќе се покачи пред да се разбудите, а тоа зависи од низа фактори, како возраста и полот. Со ова се објаснува зошто малите деца се будни во 5 часот наутро, додека тинејџерите не можат да се освестат до пладне, додека вашиот познаник е некој вид на суперхерој. Невозможно е да го смените наследениот хронотип, но можете да го унапредите. На пример, светлото најмногу влијае на телесниот часовник. Не спијте со спуштени ролетни за порано да станете. Легнете си порано, за да станете порано. За да го подобрите квалитетот на сонот и вистински да се одморите за помалку часови, ќе ви помогне магнезиумот.


Дали ако ги скријам слаткото и грицките, полесно ќе им одолеам?
Голема е веројатноста да ви успее ваквата „криенка“! Студијата на Универзитетот „Дјук“,Северна Каролина, откри дека изборот на ужините во голем дел зависи од тоа каде тие се сместени во кујната. Учесниците во студијата, двојно повеќе, ги одбирале здравите опции како банана, портокал, пуканки, кога тие стоеле до чоколадата, бисквитите и чипсовите. Време е за преуредување, зар не? 
 

 

Дали позитивниот став носи позитивен ден?
„Мисли позитивно“ – совет кој со леснотија го кажуваме, но не го применуваме. А, што кога ќе го чуеме? Па, попрво ќе превртиме со очите, наместо сериозно да се потрудиме да ги насочиме мислите во плус. Но, дали би се исплатил трудот? Истражувањето објавено во „The Journals Of Gerontology: Psychological Sciences“откри: ако единственото нешто што го очекувате од денот е тоа да биде стресен, несомнено ќе бидете помалку продуктивни – без разлика на тоа каков ќе излезе на крај. Во период од две недели, испитаниците одговарале на прашања околу нивните нивоа на стрес и изведувале мемориски задачи во текот на денот. Истражувачите откриле врска помеѓу високите стрес-прогнози што ги дале испитаниците и нивната оскудна меморија во текот на денот. И тоа, не зборуваме за неможноста да се сетите што се случи во последната епизода на ТВ-серијата што ја гледате, туку за слаба работна меморија којашто ќе ви донесе неред во работата.


Со други зборови: мисли позитивно за да делуваш продуктивно!

 
Знајте го ова...
Потребна е само една непроспана ноќ, за да поттикнете загуба на мускулите кои едвај ги стекнавте. Од друга страна, менталниот одмор по работа, како листање списание или дружење со децата, ќе ви помогне да заспиете без проблем. 


 
 
 
 
 
 
 
 
 

За Нас

Ваш Аптекар, наменето да ги задоволи вашите потреби за квалитетни информации во врска со употребата на лековите и другите средства кои ги земате во аптеките. Ние се грижиме за вашето здравје и ќе ви обезбедиме интересни содржини кои директно ќе влијаат врз вашиот приод кон лекувањето и начинот на живот воопшто.

Следете не на Facebook

Newsletter

Внесете ја вашата е-пошта и навремено дознајте за сите новости и информации поврзани со Ваш Аптекар.