Сподели со пријателите

Витамини 5 неопходни за секој тип кожа

Витамин А
Познат како ретинол, ја измазнува текстурата на кожата така што го забрзува обновувањето на клетките и ја поттикнува продукцијата на колаген.

Витамин Б
Ниацинамид или Б3 го изедначува тенот и го минимизира создавањето митесери на тој начин што регулира двојна продукција, онаа на себум и онаа на пигменти. 

Витамин Ц
Избелувач на темните дамки, благодарение на неговите антиоксидантски својства. Ја суспензира активноста на меланинот (осветлува, но и спречува да се создаде) и го спречува дополнителното темнеење на веќе
постојните дамки.

Витамин Д
Нанесете го пред излегување, и овој признат антиоксидант ќе ја заштити вашата кожа од надворешните агресори како УВ-зраци и загадување.

Витамин Е
Најголем пријател на сувата и дехидрирана кожа. Тој негува и буквално ја гаси жедта на кожата, правејќи ја мазна и сјајна. 
 
 
Тајминг - Клуч за ефикасна маска за лице
Маската од глина е најчестиот избор на жените во случаите кога им треба инстант сјај и мазна текстура. Изборот несомнено е добар, но ефектот е загрозен и честопати нецелосен поради неточната временска рамка резервирана за делување на формулата. Во превод, ако маската ја затегне кожата и почне да пука, сте ја оставиле предолго. Подобро е да ја измиете глинената маска пред целосно да се исуши, бидејќи така ќе спречите кожата да пресуши и плус нема да ја ослабете нејзината заштитна функција. Идеално решение би била глинена маска со глицерин (признат хидратант) во составот. Ова правило важи и за останатите маски за лице, без разлика на нивниот состав. Оставете ги да делуваат на кожата онолку колку што е наведено на пакувањето. 
 
 
Воспалена кожа - Поттикнувач – нездрава храна
Процесираната храна ја забавува дигестијата, а резултатот од ваквата стагнација е размножување на нездравите бактерии во стомакот. Кога ова се случува, секогаш постои можност лошите бактерии да навлезат во крвотокот и да предизвикаат воспаление кое ќе биде видливо и на кожата. Решението? Консумирајте пробиотици (добри бактерии), тие делуваат како природни антибиотици кои го штитат стомакот и индиректно ги контролираат воспалителните процеси во организмот.
 
Нова хит состојка за кожа
Азиатска центела или во оригинал Centella asiatica– тревка којашто има силни антиоксидантски својства, има моќ да поттикне регенерација на кожата и на тој начин да ја зајакне нејзината заштитна функција – клучно во зимскиот период кога кожата се соочува со честичките од загадување. Плус, го намалува црвенилото, воспаленијата, а дури делува и на природниот процес на стареење. 

За Нас

Ваш Аптекар, наменето да ги задоволи вашите потреби за квалитетни информации во врска со употребата на лековите и другите средства кои ги земате во аптеките. Ние се грижиме за вашето здравје и ќе ви обезбедиме интересни содржини кои директно ќе влијаат врз вашиот приод кон лекувањето и начинот на живот воопшто.

Следете не на Facebook

Newsletter

Внесете ја вашата е-пошта и навремено дознајте за сите новости и информации поврзани со Ваш Аптекар.