Сподели со пријателите

Тајната зад цврстата и сјајна коса гласи: ПРОТЕИНИ!

Протеините не се гориво само за мускулите, неопходни им се и на фоликулите. За максимум ефекти, вклучете ги и во исхраната и во негата на коса. 
 
Зошто протеините се неопходни?
 

...во исхраната
Аминокиселините – радбените единици на овие макронутриенти се клучни за создавање и раст на кератинот или главната структурна компонента на влакното. Консумирањето протеини од животинско потекло е најдобриот начин за да дојдете до дневната доза на аминокиселини, но ако сте вегани или вегетаријанци, погрижете се да ги обезбедите преку намирниците наведени подолу. Што се однесува на количеството, целете на 30 г протеини трипати дневно за да направите разлика кај изгледот на косата. Знаци дека не ја внесувате препорачаната доза? Коса без сјај и косопад. 

...во негата на коса
Бојадисувањето, стилизирањето со фен и надворешните агресори (УВ-зраци, ветер, сув воздух) ја одземаат влагата од косата и ги еродираат аминокиселинските ланци кои, пак, го создаваат кератинот во секое влакно. Штом дојде до оштетување на тие ланци, ќе забележите дека косата станува кршлива, врвовите се двојат и, генерално, косата е груба. Производите за нега на коса коишто се базираат на протеини, имаат моќ да ги пресоздадат аминокиселинските ланци и да ја заробат влагата во влакното. Спротивно на некогашното уверување, редовната употреба на ваквите формули нема да ја ослабат косата; протеините што влакната нема да ги апсорбираат ќе ги измие водата. Но, интензивните протеински третмани може да ја направат косата потешка, затоа користете ги еднаш до двапати неделно. 

 
Задолжителни на менито
Овие намирници се богати со протеини што имаат моќ целосно да ја трансформираат косата.
 
Соја 
Сојата во зрно е одлична ужина за грицкање пред ТВ, а само половина шолја ќе ве снабди со 9 грама протеини.
Бадеми
Вкусни се и кога не се солени, а една четвртина шолја ќе ве снабди со 7 грама протеини коишто косата со задоволство ќе ги искористи.
Грчки јогурт
Оваа ужина (веќе достапна и кај нас во поголемите маркети), се комбинира и со овошје и со зеленчук. Една шолја ќе ве снабди со 15 грама протеини.
Јајца
Секогаш кога сте гладни, а немате време за готвење, сетете се дека можете да си сварите јајце. Само едно и вие сте обезбедиле 6 грама протеини. 

За Нас

Ваш Аптекар, наменето да ги задоволи вашите потреби за квалитетни информации во врска со употребата на лековите и другите средства кои ги земате во аптеките. Ние се грижиме за вашето здравје и ќе ви обезбедиме интересни содржини кои директно ќе влијаат врз вашиот приод кон лекувањето и начинот на живот воопшто.

Следете не на Facebook

Newsletter

Внесете ја вашата е-пошта и навремено дознајте за сите новости и информации поврзани со Ваш Аптекар.