Сподели со пријателите

Нега за пегаво лице - 4 чекори до здрави и слатки пеги

Пегавото лице никогаш не било толку посакувано како денес. Во минатото, ситните кафени точкички беа асоцијација за недоволно заштитена кожа од сонце, па жените ги покриваа со пудра. Денес, истите се поим за природна убавина.
Луѓето со пеги всушност имаат повеќе активен меланин во клетките на кожата, благодарение на родителите. Пегите се генетски наследни, но не се јавуваат од раѓање. Не постои бебе со пеги. 
Обично стануваат видливи во 2-рата година, а своето деби го имаат во 7-8-та година од животот. Бидејќи се појавуваат и се размножуваат под влијание на сонцето, порано беа доживувани како сончеви штети. Но, пеги имаат и најодговорните во однос на сонцето.

Пегавото лице е всушност тип на кожа за која е неопходна посебна, но многу едноставна нега.
 

СПФ фактор
Пегите се неодоливи, но сончевите дамки не се! Здравите пеги се разликуваат од сончевите дамки по тоа што потемнуваат во лето, а се бледи во зима. Сончевите дамки се поголеми (ако пегите се точка нацртана со молив, сончевите дамки се гумичката за бришење на моливот), имаат јасно дефинирани граници и потемна боја која не се менува. Но, ако пегите многу се намножат и потемнат, тоа е знак дека сте претерале под сонцето. Имајте на ум дека луѓето со бел тен и пеги имаат поголем ризик да заболат од рак на кожа во однос на луѓето со ист тен, но без пеги. Пегавото лице има потреба од УВА/УВБСПФ 30 во текот на целата година. Факторот може да биде и повисок во летниот период и истиот се обновува на секои 90 минути, на плажа и почесто.

Ладење на лицето
За да го задржите здравиот и дефиниран изглед на пегите, неопходно е да спречите создавање нови. Пегите не настануваат само под дејство на сонцето туку и под дејство на топлина. Кога кожата е изложена на топлина од сонце, сауна, солариум, меланинот се активира резултирајќи со потемни и побројни пеги. Топлината е далеку поголем виновник за дисколорациите на кожата. За да не го прегреете лицето, а со тоа да го разбудите пигментот во клетките, повремено плакнете го лицето, ладете го со коцка лед, нанесете маска или спреј за разладување. 

Витамин Ц
Ако треба да инвестирате во некоја состојка, нека биде тоа витаминот Ц. Добро формулираниот серум со витамин Ц ќе ви помогне да го сузбиете меланинот во клетките и на тој начин да одржите стабилна бројка на пеги. Антиоксидантите се клучни за пегавата кожа и треба да се нанесуваат секој ден, а во летните месеци и два пати дневно. Побарајте состојки како Л-аскорбинска киселина и етрахексилдецил аскорбат, двете се ефикасни форми на витамин Ц, кои комбинирани со СПФ, нудат двојна заштита од сонце.
 
Нежен пилинг
За да ја држите под контрола дисколорацијата, неопходно е да го ексфолирате лицето редовно. Мртвите клетки на површината на кожата складираат поголем дел од вишокот пигмент кој се наоѓа во клетките. Но, бидете внимателни, агресивниот пилинг на киселинска база, употребата на алатки како четки или ролер за лице со иглички, а најмногу салонскиот хемиски пилинг, ја прават кожата почувствителна на сонце. Побарајте нежен пилинг на база на овес, ориз, пченка.
 

За Нас

Ваш Аптекар, наменето да ги задоволи вашите потреби за квалитетни информации во врска со употребата на лековите и другите средства кои ги земате во аптеките. Ние се грижиме за вашето здравје и ќе ви обезбедиме интересни содржини кои директно ќе влијаат врз вашиот приод кон лекувањето и начинот на живот воопшто.

Следете не на Facebook

Newsletter

Внесете ја вашата е-пошта и навремено дознајте за сите новости и информации поврзани со Ваш Аптекар.