Сподели со пријателите

Атанас Атанасовски - Актерот кој живее за да ги засмејува луѓето

Ако смеењето е најдобра терапија за душата, тогаш оние чија професија е да ги засмејуваат другите треба да се најбогати луѓе во светот, зарем не? Ако го тргнеме настрана материјалниот аспект, тогаш несомнено се! Кој знае колку е убаво чувството да знаеш дека некому си му го разведрил денот, дека со твоите актерски перформанси на театарската сцена, си го испратил дома со задоволна душа и насмеано лице. Токму таа привилегија ја ужива младиот актер Атанас Атанасовски. Но, колку и да делува лесно во очите на другите, својата кариера Атанас ја гради со многу труд, посветеност на својот талент и пред сѐ љубов. На фановите им недостасуваше неговата оригиналност, харизма, шармантност, но пред сѐ неговата глума. После долгата пауза, денес ни делува некако зрело и разубавено, а со сигурност во него е собрано цело едно море од хумор со кое доправа ќе нѐ освежи. 
 

Некако полесно е да ги натажиш луѓето отколку да ги насмееш, па дали тој талент може да се совлада, научи или едноставно човек се раѓа со тоа?
Денес ако имаш некој да те насмееимаш сѐ. Мислам дека е потреба некого да насмееш, за да заборави бар накратко на сите проблеми.
Дали и во приватниот живот си одговорен за смеата во друштвото? 
Кога не сум на сцена повеќе сакам да слушам разни приказни, да ми раскажуваат за секакви ситуации и карактери.
А што се случува кога се соочуваш со падови, дали и тогаш се криеш зад хуморот или им дозволуваш на луѓето да те видат тажен?
И кога сум тажен сум смешен. Најискрено мислам дека секогаш сум ставен во комичен контекст. 
Како го помина карантинскиот период, што научи, што промени кај себе?
Театарското „овде и сега“ ми стана како животна филозофија. Нема калкулации со ништо, едноставно треба да се користи секоја можна креативност. Ете тоа го променив, почнав да реализирам работи за кои си викав: „Ај, премлад сум сега да го правам ова...“.

Дали принудната стагнација премногу го оштети театарот, каква иднина му предвидуваш?
Напротив, потребата од жива уметност сега е поголема од било кога, сите ние имаме потреба од истото. Размена на енергии, емоции. Предвидувам дека следи златното доба на театарот.

Мислиш ли дека во иднина ќе живне македонската филмска продукција? Што ти е тебе подраго?
Карантинот овозможи креативците да имаат повеќе време за создавање светови. Очекувам да има наплив од фантастични идеи на сите страни. Мислам дека ќе ги гледаме најдобрите филмови, ќе ги слушаме најдобрите концерти, во театрите ќе се прават најдобрите претстави...Можеби ова е мојата фантазија и сонување, но жедта за фасцинација сега е поголема од кога било. Меѓу театар и филм...Јас би сакал и во театар и на филм.

Дали твојата камелеонска убавина, што многу лесно се трансформира во ликовите што ги толкуваш, е предност или маана во актерскиот свет или, пак, сѐ се сведува на твојот талент?
Сѐ се сведува на тоа дали е добро или лошо изграден ликот. Лошо би било да ти кажат после претставата: „Еј, лошо го одглуми ликот ама бар добро изгледаше, костимот како ти стои...“

Колку улогата на татко и сопруг го менува животот на еден актер па и на еден маж? Се чувствуваш ли спремен за предизвиците кои повеќе ги носи изместеното општество отколку родителството само по себе?
Играта е најважна, тоа го сфатив. Сме заборавиле колку е интересно да си играш со кал, да собираш каменчиња, да ги раниш гулабите на прозор што доаѓаат, да се радуваш на тоа дека си се наспал...Тоа го научив од кога станав татко. Не се плашам од иднината, да се радуваме денес, утре секако е нов ден. 
Мене лично како твој фан, многу ме фрустрира тоа што секогаш си во комбинација со Тино, дури и на обични телевизиски гостувања. Ако почнам да го анализирам твојот физички изглед кој стасал до некоја доза на зрелост и изграден стил, а на тоа ја додадам зрелоста на сцена (не сум те гледала одамна ама верувам дека паузата супер ти годела), некако како да си станавте вишок еден на друг. Како да си го загрозувате актерскиот идентитет еден со друг? Дали знае и тебе да ти засмета овој момент? Дали јас сум хејтер во моментов?

„Сме заборавиле колку е интересно да си играш со кал, да собираш каменчиња, да ги раниш гулабите на прозор што доаѓаат, да се радуваш на тоа дека си се наспал“.


Секогаш си во друштво на твојот колега Тино не само на сцената туку и на телевизиски гостувања и настани. Дали почнавте да си го загрозувате актерскиот идентитет еден со друг? Се случило ли некогаш да ти засмета овој момент?
Не се согласувам! Тоа би било како на Питер Кук да му пречи Дадли Мур или на Џон Клиз да му смета Грахам Чепмен, Рики Жервејс и Стеафан Мерчант да не создаваат заедно или Дин Мартин и Џери Луис да се загрозуваат. Не велам дека ние сме легенди, едноставно постојат такви комбинации на актери кои одговараат заедно. Ние во нашево дуо не стагнираме заради тоа што сме заедно, баш напротив, мислам дека созреваме и работиме еден за друг да бидеме подобри. Секако не сме сѐ уште во шаблон како би играле само типизирани ликови туку постојано се менуваме и се ставаме во различни амбиенти. Ние живееме во континуиран скеч што би рекол Синиша Евтимов.

На кој начин водиш грижа за својот изглед, се храниш здраво, спортуваш, консумираш суплементи? Помагаш ли во домот?
Пробувам да живеам здраво. 

Покрај сцената, имаш ли некој свој начин да избегаш од реалноста, а особено од социјалните медиуми? 
Неизбежни се социјалните медиуми, сѐ се префрли таму. Театарот ќе остане како чувар на вистината и доживувањето на вистински луѓе да раскажуваат некаква приказна. „Бегство во реалноста“ ќе биде театарот. Социјалните мрежи се збир на лаги, фрустрации и незадоволство, тие станаа простор каде што неукиот човек за некоја област, тема или случување, може да го каже своето мислење и добива повеќе внимание од експертот. Што би рекол Рики Жервејс: „Кого го интересира тоа...?“ За жал повеќето. 

По некое непишано правило, најголемите уметнички имиња се сосем народни луѓе; уметници се посебен тип на луѓе; оние на кои им лежи хуморот, приватно се доста интровертни. Што од ова важи за тебе? На што се должи твојата приземност и народност, ти некако не леташ во небо иако си млад?
Немам време да летам во облаци. 


„Потребата од жива уметност сега е поголема од било кога, сите ние имаме потреба од истото. Размена на енергии, емоции. Предвидувам дека следи златното доба на театарот“.

За Нас

Ваш Аптекар, наменето да ги задоволи вашите потреби за квалитетни информации во врска со употребата на лековите и другите средства кои ги земате во аптеките. Ние се грижиме за вашето здравје и ќе ви обезбедиме интересни содржини кои директно ќе влијаат врз вашиот приод кон лекувањето и начинот на живот воопшто.

Следете не на Facebook

Newsletter

Внесете ја вашата е-пошта и навремено дознајте за сите новости и информации поврзани со Ваш Аптекар.