Очите се огледало на душата. Повеќе од 80% од информациите што ги примаме доаѓаат преку сетилото за вид. На здравјето на очите влијаат многу фактори со кои сме опкружени: прашина, ветер, издувни гасови, физички трауми, долготрајно гледање во монитор, УВ-зраци, многу ниски температури. Во многу случаи за лошиот вид виновна е долгогодишната исхрана со многу скроб, шеќер, протеини, кафе, цигари... За среќа, многу благотворно може да влијаеме и да го поправиме видот со нешто што е безболно, здраво и вкусно. Тоа е нашата храна! Добро избалансираната исхрана богата со минерали, витамини, антиоксиданси и други биолошки вредни материи има благотворно влијание на здравјето на очите.

Морков
Не можеме да не го ставиме на прво место. Неговата моќ се крие во големата количина на бетакаротен, ликопен, лу- теин и многу витамин А. Бетакаротенот е материја која во човечкиот организам се претвора во витамин А. Воедно бетакаро- тенот е силен антиоксиданс ефикасен во борбата против некои облици на карци- ном. Помага во одржување на слузницата на окото, го намалува ризикот од маку- ларна дегенерација и катаракт.

Лосос
Омега-3 масните киселини се важни чувари на целокупното здравје и имаат позитивно влијание на видот. Лососот е одли- чен извор на омега-3 масни киселини, но исто така е богат со витамин А, витамин Д, кои го прават една од најпопуларните храни за подобрување на видот. Освен лососот, омега-3 масни киселини содржи скушата, пастрмката, туната, сардината, јат- кастите плодови, лененото семе, семките од тиква и други производи. Рибата треба да се јаде најмалку два пати не- делно.

Боровинка
Како и другите бобинки, така и боровин- ката многу придонесува за здравјето на очите. Содржи антоцијани кои помагаат во зачувување на цврстината на капила- рите, ноќното слепило и штити од ката- ракт. Замрзнатата боровинка е исто толку квалитетна како и свежата. Јадете барем два пати неделно. Боровинката е добар извор на растителни влакна, вита- мин Ц и витамин К. Според некои тести- рања има најмногу антиоксиданси од сите видови овошја.

Зеленолистен зеленчук
Блитвата, спанаќот, зелената салата и броколата содржат лутеин и зеаксентин, кои често ги викаме “витамини за очи”. Делуваат на мрежницата на окото и ја спречуваат макуларната дегенерација на очите, којашто е поврзана со стареењето. Освен што се грижи за добриот вид, лутеинот, исто така, ја чува и нашата кожа од штетното влијание на УВ-зраците. Зеленолис- ниот зеленчук изобилува со витамин А, Б, Ц и со калциум и затоа треба редовно да биде на нашето мени.

Домат
Содржи ликопен, лутен и витамин Ц, кои се први во борбата против слободните радикали кои го оштету- ваат видот. Ликопенот ги одржува ткивата млади и еластични, а витаминот Ц го зајакнува имунитетот, со што покрај видот го штити организмот од инфекции и настинки.

Лук
Богат е со многу минерали - кал- циум, сулфур, фосфор, железо. Содржи етерични масла како што е алицинот, па затоа го викаат ан- тибиотик од природата. Благода- рение на сулфурните соединенија во својот состав, лукот го подоб- рува видот, спречува глауком, ка- таракта и дегенеративни болести на очите. Со еден збор, лукот ја зголемува одбранбената способ- ност на организмот.

Покрај наведениве производи за добар вид одлично влијание имаат авокадото, тиквичките и цитрусите (лимон, портокал, цитрон).
Што се антибиотици?
Антибиотиците се супстанции кои можат да ги убијат бактериите (бактерицидно дејство) или да го спречат нивниот раст (бактериостатско дејство). Може да бидат од природно потекло, синтетички или полусинтетички добиени. Тие се добар избор за лекување на бактериски инфекции, но не делуваат на вируси и на габички. Антибиотиците се пуштени во употреба во раните 40-ти години од минатиот век. Во почетокот се користени само во болниците за лекување на силни и животозагрозувачки болести, како што се туберкулозата, воспаление на белите дробови и менингитис. Денес најмногу се употребуваат во примарната здравствена заштита, и тоа, во најголем дел кога не се потребни или неопходни: за благи инфекции, вирусни инфекции и превентивно. Тоа се состојби при кои воопшто не делуваат, а може да нанесат сериозни штети на организмот. Денес е скоро неможно да се најде човек кој никогаш не користел антибиотик. Нивната пречеста и прераширена употреба доведува до негативни последици за луѓето и целото општество, бидејќи доведува до слабеење на имунитетот и развој на отпорни видови на бактерии. Во овој момент, тоа е проблем од глобални (светски) размери во јавното здравство.

Како да се користат антибиотиците
Антибиотиците се добиваат во аптека САМО врз основа на рецепт препишан од лекар, што значи треба да се земаат само по препорака на лекар. Пропишаниот антибиотик не смеете да го делите со друг. Важно е антибиотикот да се зема доволно долго, а не да се прекине со негово земање во моментот кога ќе се почувствуваме подобро. Ако прерано го прекинеме антибиотикот, преостанатите бактерии продолжуваат да се размножуваат и можат да развијат отпорност на антибиотикот.

Антибиотиците се ефикасни во лекувањето на бактериските инфекции ако се земаат:
  • во препорачана доза
  • во еднакви временски интервали
  • доволно долго


Отпорност на бактериите кон антибиотици
Антибиотиците ги убиваат повеќето бактерии, но сепак некои бактерии успеваат да развијат заштита и во тој случај антибиотиците престануваат да делуваат на нив. Колку почесто се земаат антибиотиците толку е поголема опасноста од развој на отпорност. Денес постојат бактерии кои се отпорни на повеќето познати антибиотици и инфекциите со такви бактерии го загрозуваат здравјето и животот. Главната причина за појавата на отпорност на бактериите е прекумерната и несовесна употреба на антибиотиците, нивното земање кога не се потребни, прекин на терапијата со антибиотици пред да биде завршено лекувањето, земање на несоодветни (помали) дози од потребните и непочитување на правилните временски интервали при земањето на терапијата.

Злоупотреба на антибиотици
Антибиотици најчесто се пропишуваат за инфекции на горните дишни патишта (како што се акутна кашлица, настинка, зеленикав секрет од носот, болки во грлото, бронхитис) и средното уво, наспроти доказите дека антибиотиците не делуваат во најголемиот број од овие случаи. Многу луѓе чуваат неискористени лекови за лекување на следната настинка или болки во грлото. Чување на неискористени антибиотици за лекување на следната болест може да изгледа како добра идеја, но само лекарот може да каже кога навистина има потреба од употреба на антибиотици, и ако има, кои се најдобри за болеста.

НЕСАКАНИ ПОЈАВИ ПРИ ЗЕМАЊЕТО НА АНТИБИОТИЦИ
Антибиотиците можат да предизвикаат алергиски реакции кај некои луѓе. Многу често несакано дејство на антибиотиците може да биде и појава на пролив или запек, мачнина и габични инфекции. Антибиотиците, особено оние со широк спектар на делување, ги уништуваат и добрите и лошите бактерии и на тој начин посредно го намалуваат имунитетот. Само цревата содржат околу 1,5 милиони добри бактерии без кои не би можеле да живееме. Кога ќе уништиме голем дел од нив со земањето на антибиотик, се отвора патот за размножување на патогените бактерии, што доведува до нарушувања во системот за варење на храната, главоболка, замор, несоница, болки во стомакот и слично. Земањето на поголем број антибиотици без контрола на здравствен работник нанесува големи штети на здравјето во целост.


Како можеме да го спречиме развојот на отпорни бактерии
Развојот на отпорни бактерии не можеме да го спречиме во потполност, но можеме да го забавиме со правилна употреба на антибиотици, што би значело само по препорака на лекар.
  • Антибиотиците не се лекови за лекување на грип и настинка
  • Антибиотикот не е лек за секоја болка во грлото
  • Со антибиотик се лекуваат бактериски, а не вирусни инфекции
  • Антибиотикот не е лек за намалување на телесната температура
  • Нерационалната примена на антибиотиците ја намалува нивната делотворност
  • Антибиотикот треба да се зема само по препорака на лекар и тоа во точно определено време и дозата треба да се испие цела
  • Со неправилна употреба на антибиотикот создаваме отпорни бактерии
  • Тоа се единствените лекови чија неразумна употреба влијае негативно не само на здравјето на лекуваниот пациент, туку делува на здравјето во глобална смисла

Што може секој од нас да направи
Пред да се решите да земате антибиотик, обидете се да се лекувате со некои природни методи на лекување што го зајакнуваат имунитетот и целото тело. Можете да се обидете со употреба на некои природни антиинфективни материи: прополис, ехинацеа, лук, ѓумбир, рен, мајчина душица и други. Силниот имунитет е важен за да се одбрани организмот од инфекции, а тој се зајакнува и одржува со здрава храна, физичка активност и здрав начин на живеење. Здравиот организам е способен да се избори против голем број на инфекции и без антибиотици, и со тоа да стане уште појак. Доколку е неопходно да земате антибиотик, тогаш:
  • Земајте го само по препорака на лекар
  • Не барајте од лекарот да ви пропише антибиотик „за секој случај“, и не ги купувајте на своја рака
  • Терапијата со антибиотици секогаш спроведете ја до крај
  • Не земајте туѓи антибиотици и не употребувајте ги антибиотиците што ви останале од некоја претходна терапија
  • За време на антибиотската терапија и две недели по завршувањето може да биде корисно земањето на пробиотик (консултирајте го фармацевтот)
проф. д-р Бистра Ангеловска

За Нас

Ваш Аптекар, наменето да ги задоволи вашите потреби за квалитетни информации во врска со употребата на лековите и другите средства кои ги земате во аптеките. Ние се грижиме за вашето здравје и ќе ви обезбедиме интересни содржини кои директно ќе влијаат врз вашиот приод кон лекувањето и начинот на живот воопшто.

Следете не на Facebook

Newsletter

Внесете ја вашата е-пошта и навремено дознајте за сите новости и информации поврзани со Ваш Аптекар.