Возраст:6+

Wings Of Life
Калеидоскопско обоено истражување на птиците и пчелите, документарецот на Дизни за деца нуди еден поинаков поглед на светот – онаков каков што го гледаат инсектите. Во фокусот се пеперутките, пчелите, лилјаците, птиците и останатите летачки суштества, потенцирајќи ја нивната важност за опстанок на светот преку опрашувањето со полен. Филмот изобилува со одлични лекции, а особено се препорачува за деца кои се плашат или не ги сакаат бубачките. Плус, го раскажува Meryl Streep.
Ова е седма по ред адаптација на истоимената новела од 1868 година, дело на писателката Louisa May Alcott. Овојпат на филмското платно ја пренесе режисерката Greta Gerwig. Филмот кој може да се карактеризира како драма, го следи животот на четирите сестри – Jo, Meg, Amyи Beth –во Конкорд, Масачусетс, во текот на 19-тиот век. Во време кога важат поинакви правила, четирите девојки се решени да го живеат животот по свое.
ЗАКОНОТ НА ПРИВЛЕЧНОСТА“ ОД ВИЛИЈАМ ВОКЕР АТКИНСОН
 
Станете отпорни на привлекување негативни мисли и преобразете ги во позитивни.
 
Оваа книга ве буди да ги почувству­ вате вибрациите насекаде околу вас и ќе ви покаже како да ги искористите менталните способности што веќе ги поседувате.
Секогаш кога симптомите се фатени навреме, природните препарати ја добиваат битката со вирусите. Кому да му верувате овојпат?
 
БОЗЕЛ
Кога ве гребе грло, ве боли глава, кивате сѐпочесто, чувствувате слабост во мускулите – време е за бозел. „Бозелот нема да ја спречи настинката, но ќе го спречи намножувањето на респираторниот вирус штом легнете в постела“, вели Liz Williamson, професор по фармација на Универзитетот Reading.
Доказ дека делува?
Два независни и различни експерименти на израелски научници покажаа дека бозелот го скратува траењето на симптомите на грип за два до четири дена.
Како да го пиете?
Чајот од цветот од бозел поттикнува потење и затоа се употребува против настинка, грип, воспаление на белите дробови и на респираторните органи и против реума. Една кафена лажица (10 грама) цвет од бозел се попарува со 1 литар зовриена вода. Покријте го чајот со капак и оставете го да отстои 30 минути. Пијте по една мала шолја на секои 2 часа. Дозволено е да ги јадете и бобинките од бозелот, бидејќи содржат витамини Б1, Б2 и Ц.
 
ЕХИНАЦЕА
Пожелна е за оние кои работат во голема фирма и се опкружени со многу луѓе во текот на денот, со луѓе кои често се болни или за оние кои користат јавен превоз. За разлика од бозелот, ехинацеата е добра превентивна мерка, не лек.
Доказ дека делува?
Лабораториските истражувања (тест во епрувета) покажале дека ехинацеата ги оживува клетките, охрабрувајќи ги да се спротивстават на вирусите. Што велат тестирањата изведени врз луѓе? „Некои докази покажуваат дека помага, други дека не, но и покрај тоа нема штета ако ја консумирате“, вели професорот Williamson.
Како да ја пиете?
Една од причините поради кои има помешани докази за делотворноста на ехинацеата е тоа што при истражувањата се користеле различни делови од билката. За да се изборите со настинката потребни ви се деловите што растат над земја, како листовите, стеблото и цветот. За да подготвите чај, потребен ви е 30 до 50 грама исечкан корен од билката. Потопете го во 1 литар вода и оставете го да отстои 10 минути. Пијте од 3 до 5 мали шолји секој ден додека да оздравите. Чајот не се препорачува за секојдневна употреба.
 
ВИТАМИН Ц
Ако милувате да посетувате сала за вежбање.
„Единствениот случај кога витаминот Ц докажано спречил настинка е кога го пиеле луѓе што напорно тренираат, како маратонците“, вели д-р Sarah Brewer, автор на „The Essential Guide To Vitamins, Minerals And Herbal Supplements“.
Доказ дека делува?
При анализирањето на витаминот Ц во Универзитетот Helsinki, истражувачите потврдиле дека дозите од 600 до 1.000 милиграми им помогнале на луѓето кои се изложени на физички стрес (оние што вежбаат или работат физичка работа) да ги спречат настинките. Друга студија вели дека дневната доза од 1.000 милиграми витамин Ц го намалува траењето на настинката за 8 %.
Како да го пиете?
Превисоките дози на витамин Ц можат да го вознемират стомакот. 1.000 милиграми е максимумот што треба да го земате на дневна база, но најдобро е да се консултирате со вашиот матичен лекар за да ја дознаете точната доза.
 
ПРОБИОТИК
Задолжителен придружник на антибиотската терапија, но пожелен и при обични настинки.
„Ако пробиотикот има заштитна функција, тогаш тоа е превенција, а не третман“, вели Phillip Calder, професор по нутритивна имунологија на Универзитетот Southampton. Во теорија, пробиотските бактерии ја подобруваат функцијата на одбранбените клетки кои живеат во утробата, а кои подоцна патуваат на друго место во телото за да спречат каква било инфекција.
Доказ дека делува?
Во последниот осврт во кој беа анализирани доказите на докторите од Hallym University College of Medicineво Кореја, се вели дека пробиотикот има маргинален ефект при спречувањето на настинката.
Како да го пиете?
Пиејќи јогурт или апче, и по можност побарајте ги во составот следните бактерии: Bifidobacteria, Lactobacilus, Saccharomices boulardi, LGG (Lactobacillus rhamnosus GG), бидејќи се покажале како најефикасни при дијареја за време на патување или при дијареја предизвикана од антибиотици.
ЦИНК
Ако во вашата исхрана или диета недостасува месо, живина или житарки со цело зрно.
 „Цинкот е важен микронутриент на имунолошката функција;неговиот недостиг значи дека можете да станете склони на настинки“, вели професор Calder.
Доказ дека делува?
Сте чуле ли дека лижењето таблетка цинк го скратува рокот на настинката? За жал само за еден ден, па ако мислите дека вреди жртвата позната како метален вкус во уста (кај некои и гадење), повелете пробајте.
Како да го пиете?
Професорот Calderне препорачува да консумирате чист цинк, бидејќи тој може да предизвика дебаланс во однос на другите минерали како бакарот. Идеално би било да јадете повеќе храна што содржи цинк (пилешко месо, млеко, спанаќ, семки од тиква, морски плодови). За да ги спречите нуспојавите на чистиот цинк суплемент, внесете го преку мултивитамин. 
 
Филмот „Marriage Story

Брилијантниот режисер Ноа Баумбах,на еден искрен и сочувствителен начин ни го прикажува бракот денес, брак кој се распаѓа, но и покрај тоа семејството останува заедно. Главните улоги или сопружници ги толкуваат Адам Драјвер и Скарлет Џохансон. Одлично филмско остварување кое третира актуелна тема и испраќа силна порака дека децата се вредни за секоја жртва, а секој крај значи нов и поубав почеток. 
ТВ-серијата „The State Of Union

Не, нема да заглавите со безброј епизоди и сезони, зборуваме само за 10 епизоди кои траат по 10 минути, а со сигурност ќе сакате да траат повеќе. Луиси Том се запознаваат во паб, уживаат во моментите на среќа, а потоа почнуваат да се оддалечуваат – зошто? 
Инстаграм профилите на @snestorovskaа (Стефанија) и @teatrpovska (Теа), бидејќи се вистински ризници на оригинални, вкусни и здрави рецепти. Овие девојки ќе ве мотивираат да готвите, бидејќи готвењето е забавно, готвењето е евтино и готвењето значи здравје и среќа за семејството што се собира околу трпезата. 
Наши фаворити: 
„Banana bread“или леб со банана (без шеќер) кај @snestorovskaa
„Meatloaf“од леќа и печурки кај @teatrpovska

„Mоќта на умот“  од ВИЛИЈАМ ВОКЕР АТКИНСОН
 

Моќта на умот е монументално достигнување во науката за умот. Пораката од оваа книга ќе допре до сите оние што слушаат, бидејќи човештвото еволуира низ својата духовна адолесценција.
Аткинсон имал длабоко разбирање за моќта на умот и за тоа како да го управува, што е елегантно и јасно претставено во оваа безвременска книга.

За Нас

Ваш Аптекар, наменето да ги задоволи вашите потреби за квалитетни информации во врска со употребата на лековите и другите средства кои ги земате во аптеките. Ние се грижиме за вашето здравје и ќе ви обезбедиме интересни содржини кои директно ќе влијаат врз вашиот приод кон лекувањето и начинот на живот воопшто.

Следете не на Facebook

Newsletter

Внесете ја вашата е-пошта и навремено дознајте за сите новости и информации поврзани со Ваш Аптекар.