Има премногу митови и лажни аларми кога станува збор за бременоста. Бремената жена треба да биде добро информирана за сопственото здравје, можностите што ги има телото во бременоста и храната што може да се консумира. Важно е да се биде активен во текот на вашата бременост за да останете фит, да се намали стресот и жената да се подготви за раѓање.
 
 
Бременоста може да биде многу возбудлив период кај повеќето жени. Но, исто така, некои се чувствуваат загрижени за тоа што треба (или не треба) да направат за сопственото и за здравјето на своето бебе. Поаѓајќи од аксиомата дека секоја жена е различна, таквата различност особено доаѓа до израз во оваа чувствителна состојба за секоја жена. За некои жени, бременоста не го менува значително нивниот животен стил, но кај други животот се менува од корен. И на таквата различност се надоврзуваат прашањата: што е дозволено, и што не смее да се прави во текот на бременоста? Кои правила треба задолжително да се следат, а кои не?
Повеќето навики, за жал, се само во служба на нарушување на некои функции, ткива или органски системи во нашето тело. Од истата причина, бременоста треба да биде време кога жената се преиспитува колку овие навики се потенцијално штетни и за нејзиниот организам, како и за бебето. Старите навики, во бременоста стануваат лоши навики кои треба да се прекинат дури и „преку ноќ“. Совети за бременост може да се најдат на многу места, но треба внимателно да се применуваат. Затоа ги истакнавме клучните совети за бремени жени и ги поделивме во неколку важни категории.

Исхрана во бременоста

Дали е дозволено сè да се јаде во бременоста? Тоа е едно од првите прашања што ги поставуваат идните мајки, иако е јасно дека одговорот е – не. Советите за исхраната на бремени жени мора да започнат со кршење на митот дека жените во оваа состојба „мора да јадат за двајца“. Ова не е докажано, а прејадувањето е лошо и за идната мајка и за нејзиното бебе. Според некои истражувања, потребни се само дополнителни 300 до 500 калории на ден. Бремените жени може да добијат на тежина од 8 до 12 килограми, најмногу до 15 килограми. Вкупната тежина која се губи при раѓање е 5000-6000 грама.

 Што треба да избегнува од храна во текот на бременоста

–  Суши, односно каква било сурова риба или сурово месо, зашто постои опасност за присуство на бактерии.
–  Морска храна која содржи жива како туната.
–  Јајца кои не се добро сварени
– Млади сирења.
– Внесувањето на кофеин и алкохол треба да се избегнува по секоја цена, дури и во мали количини. 
-       Пушењето е исто така строго забрането за време на бременоста.
 
Што треба да се јаде во текот на бременоста

Она што се јаде за време на бременоста влијае на енергија и благосостојбата на трудницата. Но, исто така, исхраната на мајката може директно да влијае на здравјето и развојот на нејзиното бебе. Бидејќи потребите на калории и хранливи материи се зголемуваат, многу е важно да се избере здрава храна богата со хранливи материи.
Зголемувањето тежина во текот на бременоста е нормално, но важно е тоа да биде на здрав начин. Тоа е корисно за мајката, за бебето и за здравјето на мајката по бременоста.

– Храна базирана на скроб (леб, житарки, компири, ориз и тестенини).

– Многу растителни влакна, кои можат да се најдат во лебот од интегрални житарки, како и во овошјето и во зеленчукот.

– Протеинска храна: месо, риба, пилешко месо. 

– Млечни производи: јогурт, млеко и сирење.

– Мешунки: леќа, грашок, грав, наут, соја и кикиритки.
  Мешунките се одлични растителни извори на растителни влакна, протеини, железо, фолат (Б9) и калциум – кои му се потребни на телото, дополнително во текот на бременоста.

– Слатките компири се богати со бета-каротин, растително соединение кое се претвора во витамин А во телото. Витаминот А е неопходен за раст и диференцијација на повеќето клетки и ткива. Тоа е многу важно за здрав развој на фетусот.

– Лосос - богат со есенцијални омега-3 масни киселини.

– Вода. За време на бременоста, волуменот на крвта се зголемува за 1,5 литри. Затоа, важно е да се задржи правилната хидратација. Фетусот обично добива сè што е потребно, но ако не внимавате на внесот на вода, може да се случи трудницата да дехидрира.
 
Хигиена и козметика во текот на бременоста

Покрај исхраната, потребни се совети за бремени жени во врска со хигиената и козметиката. Постојат голем број нерешени дилеми во оваа област. Но, совет заснован на повеќе искуства е дека не е безбедно бремените жени да се капат во премногу топла вода. Во втората половина на бременоста, капењето во затворена када или базен не е дозволено поради зголемена можност од инфекција или предвремено прснување на водењакот. 

Во одговорот на прашањето „што може да се прави во бременоста“ вклучено е бојосувањето на косата. Иако боите за коса содржат одредено ниво на хемикалии, тие не се штетни за бебето.Треба добро да се провери составот на кремите што се користат. Ако содржат салицилна киселина во сооднос повеќе од 2 проценти, најдобро е да се избегнуваат овие производи.
 
Сексуален живот

Односот не мора да биде незгоден, но нормално е дека со партнерот ќе треба да се прилагодите на некои пози. Треба да се потенцира дека фетусот е многу добро заштитен и сексуалните односи во најголем број случаи немаат никаков ефект врз бебето. Сепак, не е лошо да се изврши консултација со лекар пред одлуката да се одржуваат сексуални односи за време на бременоста.


 
 
Секоја билка носи благодет и придобивки на одреден начин. Убавата природна атмосфера и расположение исполнето со елан што ни го даваат растенијата се целосни кога ние самите ги садиме и негуваме. Обидете се да го збогатите вашиот простор и живот со оваа смирувачка активност

Цвеќето го менува амбиентот, му дава живост и топлина на домот а благотворно влијае и на расположението. Тоа особено се забе- лежува во сивите денови на долгата зима, кога колоритноста на
собните цвеќиња и зеленилото на растенијата во домот потсетуваат на сончевите денови. За многу луѓе, цвеќето е извор на среќа, сознание што е поткрепено со научни докази. Негувајте ги нивните листови, а тие ќе ја почувствуват вашата љубов и внимание и ќе ви возвратат со убавина, свеж воздух и нераскинлива доверба. Еве неколку предлози за цвеќиња кои ќе го облагородат вашиот дом

АЛОЕ
(лат. Aloe Vera) Уништувач на голем број штетни соединенија во воздухот, вклучувајќи го и зрачењето од ТВ-екраните и компјутерските монитори. Едно алое постигнува исто што и 9 биолошки прочистувачи на воздух во просторијата.
 

БАМБУС - ПАЛМА
(лат. Chamaedorea radicalis) Еден од најдобрите прочистувачи на воздухот. Совршено ги филтрира формалдехидот, трихлороетиленот, ксиленот и толуенот.
 

БРШЛЕН
(лат. Hederahelix) Отстранува 60% од штетните соединенија во воздухот за само 6 часа од неговото поставување во просторот.
 

ФИКУС
(лат. Ficus elastica) Фикусот потек- нува од Индија. Поради својот тропски изглед, прекрасно ќе го украси домот, а во исто време ефикасно ќе ги отстрани моноксидот, формалдехидот и другите штетни соединенија во воздухот.

СВЕКРВИН ЈАЗИК ИЛИ САБЈА
(лат. Sansevieriatrifasciata Lau-rentii) Го прочистува бензенот, формалдехидот и трихлоретиленот од воздухот. Може да се постави и близу радијатори бидејќи самиот цвет не поднесува преголема влага.
 
Освен што ги отстранува отровите од просторот, одличен е и за во спална соба, бидејќи произведува кислород и во текот на ноќта.

ГЕРБЕР
(лат. Gerbera) Цвеќе што го чисти просторот од азот, бензен и формалдехид. Овој цвет со прекрасна боја ги апсорбира штетните соединенија што се наоѓаат во чадот од цигарите.
 
ДРАЦЕНА
(лат. Dracaena) Драцената е тропско растение кое потекнува од Мадагаскар. Филтрира многу токсини, вклучувајќи го и формалдехидот.
 

Традиционално во светот, месецот ноември се смета за месец за подигање на свеста кај луѓето, за дијабетесот како хронично и прогресивно заболување, додека, пак, 14 ноември се одбележува како Светски ден на дијабетесот, во чест на роденденот на еден од пронаоѓачите на инсулинот – Фредерик Бантинг. Светскиот ден на дијабетесот е креиран во 1991 година од страна на Меѓународната федерација за дијабетес (ИДФ) и Светската здравствена организација (ЊХО), како одговор на растечката загриженост поради епидемиските размери и ескалирачката закана по здравјето предизвикана од дијабетесот. Во 2006 година, со резолуција на ОН, тој станува официјално забележан ден и од ОН.

 

Исхрана кај дијабетес мелитус

 

 Дијабетесот, особено дијабетес тип 2, претставува една од болестите која е најмногу поврзувана со нездравиот начин на живот (нездрава исхрана, недоволна физичка активност, стрес) и за успешно превенирање и лекување на дијабетесот потребно е да се усвојат здрави животни и прехранбени навики. Едукацијата околу правилната исхрана е потребно на сите нивоа бидејќи превенцијата е прв чекор и може во голема мера да помогне да се избегне појава на дијабетес. Кога станува збор за дијабетесот, од клучно значење е правилната исхрана.

 

ДИЕТОТЕРАПИЈА

 

Во принцип, диетотерапијата, односно режимот на исхрана, кај секое лице заболено од дијабетес е индивидуална. Оваа индивидуална исхрана подразбира избалансиран план на исхрана составен од одредени намирници кои ќе ги задоволат индивидуалните нутритивни, енергетски и други потреби кај секое лице посебно, и ќе биде усогласен со препишаната терапија. Сепак, постојат и општи препораки за исхрана базирани врз принципи кои веќе се практично докажани и се врз основа на научни докази. Овие препораки и принципи се клучни во превенцијата и лекувањето на дијабетесот.

 

Дијабетесот не може да се држи под контрола доколку не се води сметка за тоа што, колку и кога јадете.

 

ШТО И КОЛКУ?
 

Исхраната за дијабетес ги вклучува сите хранливи намирници, но во дозирани количества и правилно временски распределени. Исхраната кај дијабетес тип 1 и кај тип 2 се разликува во однос на бројот на оброци кој зависи од терапијата. Кога станува збор за дијабетесот, не е само приоритет да се бираат здрави намирници, туку и правилно да се храните распоредувајќи ги оброците правилно временски, да не се прескокнуваат, како и да бидат избалансирани и разновидни, односно, секој оброк да ги содржи сите хранливи материи во соодветен однос и количество. Значи, исхраната треба да биде здрава, правилна и избалансирана, при што постојат одредени правила. На пример, при избор на јаглехидрати, треба да бидат избрани намирници кои содржат сложени јаглехидрати и кои се богати со прехранбени влакна. Храна богата со сложени јаглехидрати и влакна се интегралните житарки (‘рж, јачмен, хелда, интегрален ориз и сл.), мешункастите растенија (грашок, боранија, грав, леќа и сл.), зеленчук, јаткасти плодови и др. Сложените јаглехидрати и влакна се од голема важност во исхраната кај дијабетичарите бидејќи значајно помагаат во регулацијата на нивото на гликоза во крвта. Тие побавно се апсорбираат со што не го качуваат нагло нивото на гликоза. Влакната ја забавуваат апсорпцијата на гликоза и го регулираат нивото на шеќер во крвта. Препораките се да се внесува најмалку 14 г/1000 ккал влакна дневно. 

 

Дијабетичарите, во принцип, треба да го ограничат внесувањето храна богата со високорафинирани јаглехидрати (бело брашно, бел леб, бели печива, тестенини, слатки, газирани сокови, грицки и сл.). 

 

Зеленчукот во исхраната треба да биде застапен во големи количества. Особено препорачливи се: зелен лиснат зеленчук, зелка, спанаќ, блитва, зелена салата, кељ, прокељ, брокола, краставица, целер, тиквица, лук и праз. Морковот и цвеклото се препорачани само доколку се консумираат сурови, бидејќи со нивна термичка обработка значително им се покачува гликемискиот индекс. Овошјето во исхраната на дијабетичарите треба да биде присутно во умерени количества поради природниот шеќер (фруктоза) што го содржи, а кој влијае врз нивото на шеќерот во крвта. Особено полезно овошје за дијабетес се: малини, боровница, капина, јагода, аронија, рибизла, лимон, јаболко, портокал и сл. Пожелно е да се избегнува внесување на кандирано и сушено овошје, зашеќерени мармалади и џемови, засладени овошни сокови и сл. 

 

Други намирници кои се препорачливи во исхраната на дијабетичарите се употребата на храна која содржи здрави масти, како што се ладно цедено маслиново масло, маслинки, авокадо, ленено семе и масло, риба богата со омега-3 масни киселини (скуша, лосос, туна и сл.), цејлонски цимет, куркума, природни засладувачи како што се стевија, алое вера, карела и др. Како суплементарна поддршка, кај дијабетичарите препорачливо е внесување на Б-комплекс, витамин Ц, АЛА (алфа липоична киселина), магнезиум, хром и пробиотик. 

 

Што се алергиски реакции? Терминот „алергија“ значи изменета реактивност на домаќинот при повторна средба со антигенот. Алергиските реакции може да бидат   провоцирани од бројни антигени. Постојат четири типа алергиски реакции, но во практиката тие ретко се појавуваат поединечно и изолирано. 

 

Уртикаријата која ја знаеме како „уртики“ или „копривки“, е чест и карактеристичен начин на реакција. Може да се појави на која било возраст и до 20% од популацијата имаат барем по една епизода во текот на животот. Почеста е кај атопичните пациенти, односно кај оние пациенти со сува кожа. Уртикаријата се класифицира како акутна или хронична. Повеќе од случаите се акутни и траат од неколку часа до неколку недели. Хроничната уртикарија, дефинирана како епизоди на уртикарија што траат повеќе од шест недели, е почеста кај средовечни жени. 

 

Ангиоедемот или отокот на очните капаци и на усните, често се појавува со акутна уртикарија и почест е кај децата и кај младите возрасни луѓе. 

 

 

Симптоми. Уртиките чешаат. Интензитетот е различен, а некои пациенти може да имаат сосема мало чешање. Пруритисот (јадежот) е поблаг кај ангиоедемот. Ангиоедемот е локализиран каде било на кожата или на слузокожите, но најчесто се сретнува на лицето, очните капаци, усните, половите органи, јазикот, фаринксот и ларинксот. Кожата над отокот е со непроменета боја или е лесно розеникава, присутно е чувство на напнатост, а понекогаш и јадеж со различен интензитет. Отокот се создава брзо, а се повлекува по неколку часа, поретко трае повеќе од 24 часа. Рецидиви, односно повторени реакции, може да се појават на истото или на друго место по кожата. Ангиоедемот локализиран на ларинксот, може да биде опасен по живот, бидејќи може да доведе до гушење. 

 

Клиничка слика. Уртиката е ограничена со раб, црвеникава или бела боја, најчесто малку над нивото на кожата и често е придружена со силен јадеж. Варијациите на боја, обично се присутни во површните уртики. Подебелите уртикариелни промени имаат еднаква боја. Таа може да биде различна во облик, најчесто има овална форма и може да трае само неколку часа, но дел од границата може да не се формира или да се реапсорбира, давајќи изглед на нецелосни прстени. Исто така, може да биде различна и во големина и тоа од 2 до 4 милиметри, па сè до гигантски уртики, чијашто една единствена промена може да покрие еден екстремитет. Средишниот дел може да биде посветол од рабовите на уртиката. Јадежот кој е често интензивен, се ублажува со триење или притискање, а не со чешање, што е многу важен знак за уртикаријата. Уртиките се појавуваат брзо, во текот на неколку минути и траат помалку од 24 часа. Истовремено, може да се појават нови уртики, поради што уртикаријата опстојува неколку дена или неколку недели. Поради тоа, развојот на уртикаријата е динамичен процес. Кога поминуваат старите, се појавуваат нови промени. 

 

Терапија. Терапијата на уртикаријата и ангиоедемот може да биде специфична и симптоматска (неспецифична). Антихистаминици се медикаменти кои и според називот дејствуваат против хистаминот. Инаку, хистамин е супстанција која се ослободува при алергиски реакции. Оваа супстанција предизвикува ширење на крвните садови (што резултира со пад на крвниот притисок), потоа зголемена активност на секрециските жлезди, што доведува до солзење на очите, „течење“ од носот, како и јадеж во очите и носот, и кивање. 


 

Неседативните антихистаминици се прв избор на лекување. Постарите седативни антихистаминици треба да се користат за лекување на тешка уртикарија, за пациентите со сериозен ангиоедем со отекување на лицето, јазикот и фаринксот. Антихистаминиците ја контролираат уртикаријата преку спречување на вазодилатацијата и загубата на течности од крвните садови. Тие не го спречуваат ослободувањето на хистамин. Доколку хистаминот се ослободи пред да се земе антихистаминикот, местата на рецепторот ќе се окупираат и антихистаминот нема да има никаков ефект. Антихистаминиците може да се употребуваат до 6 месеци. Антихистаминикот – деслоратадин е прв избор од антихистаминската терапија за третирање на сите видови уртикариски реакции. Деслоратидинот е антихистаминик од понова генерација со неседативно дејство кој одлично делува за третирање на алергиските реакции, како и за нивна премедикација.

 

                                                д-р Дејан Филиповиќ

                                           спец. дерматовенеролог

 
 
Иако милиони години го носиме генот на палеолитскиот предок кој се борел за секој залак храна, во последните 100 години, човекот се соочува со прехранбено изобилство на кое тешко може да му одолее. Без поголема потреба да вложува голем физички напор, во изгревот на цивилизацијата, човечкиот организам почна да таложи вишок на калории и на масти, кои со тек на времето предизвикуваат низ функционални пореметувања.
Основниот проблем на заболувања и смртност кај современиот човек се хроничните незаразни метаболички болести чие ширење добива пандемиски размери.
 
Инсулинската резистенција е здравствен проблем кој сѐповеќе се споменува, а алармот мора да го вклучиме сите, зашто никој не е имун. Добрата вест е дека од нас самите зависи дали нашиот инсулин ќе има можност да ја заврши работата која му е дадена или ќе нѐнасочи кон инсулинска резистенција, односно кон дијабетес.
 
Што е инсулинска резистенција?
 
Инсулинска резистенцијапретставува метаболичко нарушување, односно преддијабетна состојба за која сѐ уште не е откриена причината. Се смета дека водечки фактори на ризик се лошата исхрана која изобилува со јаглехидрати и масти (особено заситени и трансмасти) и дебелината. Кога нарушувањето ќе се открие на време, инсулинската резистенција е реверзибилна со соодветна промена на исхраната и животниот стил. Прекумерниот внес на јаглехидрати со висок гликемиски индекс, како што се простите шеќери, храна приготвена со пржење на масло, газирани пијалоци и многу други биолошки безвредни и нездрави намирници, доведуваат до брзо подигнување на нивото на шеќер во крвта. Како одговор на зголеменото ниво на шеќер во крвта, панкреасот лачи хормон инсулин чија задача е да го помогне преминот на гликозата од крвта во клетките. Инсулинот својата задача ја остварува врзувајќи се за инсулинските рецептори кои се наоѓаат на површината на мускулните клетки. Клетките го слушаат „повикот“, се отвараат и дозволуваат влез на гликозата. Ако нивото на шеќер во крвта е подолго време висок, и нивото на инсулинот ќе биде долготрајно висок, при што инсулинот постојано ќе ги стимулира мускулните и масните клетки. Клетките со тек на време ќе „отапат“ на повиците на инсулинот, така што ќе се намали бројот на инсулински рецептори или рецепторите ќе станат помалку чувствителни, и на овој начин настанува инсулинска резистенција. Кардиоваскуларни заболувања, промени на кожата, болести на репродуктивните органи се само дел од здравствените проблеми кои можат да бидат предизвикани од инсулинската резистенција.
 

Причини за инсулинска резистенција
 
Најчести причини се присуството на адитиви, вештачки или термички лошо преработени намирници, кои може да предизвикаат промени во ендокриниот систем,  најчесто со зголемување на телесната тежина, што во суштина претставува „активатор“ на ова нарушување. 
Генетската предиспозиција, дебелината, нередовни менструални циклуси, полицистични јајници, зголемена влакнатост, најчесто укажуваат на појава на инсулинска резистенција.
Отуството на континуирана физичка активност исто така претставува значајна причина за 
појавата на инсулинска резистенција.
 
Како да се бориме против инсулинската резистенција?
 
Современиот начин на живот, пред сѐнедоволното движење и прекумерниот внес на храна што како последица ја има сѐпоприсутната прекумерна телесна тежина, само по себе ја поттикнува инсулинската резистенција. Сѐпочесто се среќаваме со дијабетес тип 2 кај младите, и сѐпомалку нѐизненадува појавата на оваа болест кај децата и кај младите со прекумерна телесна тежина. 
Првиот чекор е промена на животните навики и редовни физички активности.  Дополнителен напор треба да се вложи кога се во прашање децата и адолесцентите. Кај нив превенцијата од дебелината е од клучно значење, бидејќи дебелината се јавува како последица на два механизми, пораст и удвојување на клетките на масно ткиво. 
Вториот чекор е во редукција на внесот на јаглехидрати во исхраната. Тоа секако не подразбира строги диети, иако кај развиената дебелина и тие се неизбежни. Потребно е прилагодување и откажување од „лошиот“  ритам на исхрана, со главна цел да се елиминираат едноставните, односно рафинираните јаглехидрати од исхраната.

Превентивата е во храната на чинијата и новите животни навики
 
Каква исхрана се препорачува за инсулинската резистенција 
 
Храна богата со растителни влакна поради нискиот гликемиски индекс.Затоа менито треба да го збогатите со интегрални житарки, особено ако веќе имате инсулинска резистенција. Зеленчук кој не содржи скроб е драгоцен. Тука, пред сѐспаѓаат: брокула, зелка, краставица, морков, модар домат, зелен лиснат зеленчук, пиперка, целер. Можете слободно да користите и сладок компир, кој иако е богат со шеќер, го регулира нивото на холестерол во крвта, а им се препорачува и на дијабетичарите. Од овошје се препорачува бобичесто овошје, кое покрај тоа што е богато со антиоксиданси, ги ублажува воспалителните процеси во телото и ја намалува потребата за инсулин. Секогаш имајте на ум дека овошјето треба да се консумира свежо. 
Исто, треба да се определи и внесот на протеини, што може да се постигне со конзумирање на риба, јајца, пилешко или мисиркино месо.
 
Комбинирајте ја храната паметно
 
Ова се постигнува со едноставен избор на храна во целовит облик, затоа што побавно го подигнува шеќерот во крвта во однос на рафинираните производи. На овој начин, панкреасот поефикасно го ослободува инсулинот, наместо да го излачи во голема количина, со цел да одговори на инстант високиот шеќер во крвта.
 
Совет: Комбинирајте два вида храна и тоа храна богата со растителни влакна кои ќе го редуцираат гликемискиот одговор, а ги вклучува поголемиот дел од зеленчукот и храната богата со антиоксиданси, како што е на пример зелениот лиснат зеленчук.
Оптимизирајте го внесот на масти.
 
Избегувајте трансмасти коишто се делумно хидрогенизирани, хидрогенизирани масла кои многу често се котистат во печената и преработената храна.
 


Секојдневна физичка активност
 
Основна цел на денешното живеење е да се доживее што подолг живот. Денес е докажано дека „човекот на денешнината“ радикално ја има намалено физичката активност и има достигнато големо ниво на негова незавидна неактивност. Физичката активност е човекова витална потреба. Крајно време е да се реагира и да се укаже на последиците од недоволната физичка активност на човекот (независно од возраста).
Зголемувањето на телесната тежина и физичката неактивност во раното детство, може да ги зголемат шансите за инсулинска резистенција. Ова е причината зошто е императив да се превенира дебелината и сите нејзини нуспојави уште од почеток.
 
Бидете сигурни дека вашите деца се физички активни и не јадат спакувана храна од кутија секој ден!
Редовните физички вежби допринесуваат за значајно подобрување на метаболизмот на јаглехидратите и мастите, дури и пред да се воспостави идеална телесна тежина. Најефикасниот режим на физички вежби е континуирана активност и тоа пешачење, брзо одење, трчање, возење велосипед, пливање и тоа три пати неделно во траење од 30 минути. Поради тоа, се наметнува потребата од постојана едукација на популацијата дека од физичката активност треба да добијат максимално корисни ефекти за зачувување и унапредување на здравјето.

ПЛАТОН: „НЕДОСТАТОКОТ НА ФИЗИЧКА АКТИВНОСТ ЈА УНИШТУВА ДОБРАТА СОСТОЈБА НА СЕКОЕ ЧОВЕЧКО СУШТЕСТВО, ДОДЕКА ДВИЖЕЊЕТО И ВЕЖБАЊЕТО МОЖЕ ДА ЈА ЗАЧУВААТ И ДА ЈА СПАСАТ."
 
  

FAKTU МАСТ

БРЗО ГО ОТСТРАНУВА КРВАРЕЊЕТО, БОЛКАТА И ЈАДЕЖОТ
ГО ЗАБРЗУВА ПРОЦЕСОТ НА РЕГЕНЕРАЦИЈА НА ТКИВОТО
САМО ЗА РЕКТАЛНА УПОТРЕБА


ШТО Е ФАКТУ?
ФАКТУ се употребува за третман на хемороиди, особено кога се придружени со симптоми на воспаление и крварење, анални фисури, анални рагади, анален јадеж (анален пруритис) и анален егзем кој е пре диз ви кан од аноректални состојби, третман на рани после про ктолошки операции.

Претставува комбинација на две активни компоненти:
цинхокаин хлорид кој брзо и ефикасно го отстранува јадежот и болката и поликрезулен кој го намалува крварењето, го сти му ли ра заздравувањето
и реепителизацијата на тки во то, спречува настанок на инфекција и воспаление. Ис то така го спречува и навлажнувањето што претста ву ва чест пропратен симптом кај хемороидите.

КАДЕ ДА ГО НАЈДЕТЕ ФАКТУ?
ФАКТУ може да го најдете во Вашата аптека во 2 фор ми: ФАКТУ маст и ФАКТУ супозитории (чепчиња)

ФАКТУ МАСТ:
Маста се нанесува 2 до 3 пати на ден на заболеното место, после дефекација.

Вашиот лекар или фармацевт ќе Ве советува колку дол го да го употребувате ФАКТУ.

Пред употреба внимателно да се прочита упатството!
За индикациите, ризикот од употреба и несаканите дејства на лекот консултирајте се со Вашиот лекар или фармацевт!

ИШИЈАС

Ишијасот, познат уште и како лумбоишијалгија, претставува болка која почнува во половината, па се шири по должина на нозете и e проследена со трнење, слабост во мускулите или недостаток на чувство во некој дел од нозете. Болката може да биде непријатна. Симптомите се појавуваат одеднаш и траат со денови или со месеци. Најпогодени се лицата од 30–50 година од животот. Најчеста причина за појава на ишијас се долготрајно седење како и недоволна физичка активност. 
 
Најчести причини за појава на ишијас
Ишијасот воглавно настанува како резултат на дегенеративни промени на дисковите помеѓу пршлените, недоволна физичка активност, како изаради:

·       Неправилно седење и одење 
·       Носење високи потпетици 
·       Кревање тежок товар и повреда
·       Дегенеративно заболување на интервертебралниот дискус во лумбален дел
·       Тумор на ‘рбет
·       Бременост. Промените низ кои поминува телото при бременоста, како зголемување на телесната тежина, притисок од плодот и хормонални промени, може да доведат до појава на ишијас
·      Секундарно, како резултат на некое примарно заболување како што е  дијабетес
 
Сигнал дека можеби на повидок се симптоми на ишијас

Главен симптом е остра, жаречка болка проследена со чувство на трнење, слабост, вкочанетост и здрвување. Во најголем дел од случаите се јавува на една страна, односно од половината се спушта по должина на едната нога. Одредени положби на телото може да влијаат врз интензитетот на болката, па така болката најчесто се зголемува при исправена положба, одење, клекнување или свиткување во половината, додека во лежечка положба, болката делумно се намалува или целосно исчезнува.
За правилна дијагноза на ишијас потребно е да се земе добра анамнеза и да се направи детален физикален и невролошки преглед.
Со цел да се одреди причината за појавата на ишијас, во некои случаи потребни се и дополнителни испитувања, како правење на електромиограм, рендген, компјутерска томографија и магнетна резонанца.

Превенција

За да се намали ризикот од појавата на ишијас потребно е да се обрне внимание на начинот и стилот на живење и да се направат соодветни промени како што се: 
·     Лежење и спиење на тврд душек на страна и со свиени нозе и перница помеѓу колената. Да се избегнува спиење на стомак. 
·     При седење потребно е максимална исправеност на ‘рбетот. Висината на столицата треба да се прилагоди така што колената да бидат под прав агол. Исто така, се препорачува да не се седи со прекрстени нозе.
·     При стоење тежината рамномерно да биде распределена на двете нозе.
·     Здрава исхрана.
·     Физичка активност.

Терапија

Постојат неколку опции за третман во зависност од причината која довела до појава на симптомите, како и нивниот интензитет.
Најчесто се користат аналгетици за ублажување на болката, мускулни релаксанти и др. Во потешки случаеви се применува кортикотерапија.
Понатамошното лекување вклучува физикална терапија, вежби и масажи.
Во одредени случаи, единствена опција за лекување е хируршка интервенција, која за среќа не е потребна кај најголем дел од пациентите

Овошјето, зеленчукот и нивните преработки претставуваат еден од најбогатите извори на витамини, минерали, фитонутритиенти, растителни влакна, ензими, а нивното консумирирање во доволни количини е еден од основните принципи за здрава и правилна исхрана. Тие се најбогати со хранливи материи доколку се консумираат свежи.

 
Конзервирањето како добра алтернатива

Да се јадат свеж и разновиден зеленчук и овошје во текот на зимскиот период е тешко изводливо со оглед на слабата застапеност, односно  ограничениот  избор на свежи плодови во овој период од годината. Познато е дека нивната трајност може да се продолжи со конзервирање.Иако од нутритивен аспект предност секогаш имаат свежиот зеленчук и овошје, сепак, со правилно конзервирање се одржуваат и подобруваат некои нутритивни и органолептички својствана намирниците, се спречува нивно расипување и деградација и се продолжува рокот на траењеи употреба.
 
Конзервирањето на овошјето и зеленчукот во индустриски услови е стандардизирано и произведено во контролирани услови,а од друга страна пак, во домаќинствата,овошјето и зеленчукот се конзервираат по стари, проверени рецептури.Конзервирањето на храна е познато од дамнешни времиња кога луѓето откривале различни начини за зачувување на храната подолг временски период. Во минатото било неопходно зеленчукот и овошјето да се подготвуваат за зимските месеци, кога гинема во природата.Со денешниот развојна  технологијата на конзервирање, индустриски конзервираната храна е достапна во текот на целата година, како и свежиот зеленчук и овошје.Конзервирањето на храната има голема важност во исхраната затоа што овозможува во текот на целата година да консумираме храна богата со минерали, витамини и други корисни состојки. Домашните зимници и конзервиран зеленчук се неизоставен дел од исхраната за време на зимскиот период.Правилно подготвена зимница е уште еден облик на здрава храна со што со малку труд ќе си овозможите во ладните зимски денови на својата трпеза да ги имате летните и есенските плодови.Притоа,од особена важностза конзервирање е да се одберат здрави и зрели плодови,бидејќи таквите плодови не се само атрактивни со својот изглед, туку имаати максимална нутритивнавредност.Иако се смета дека конзервираната храна има помалку хранливи материи од свежата, треба да се има предвиддека процесот на конзервирањенезначително влијае врз протеините, јаглехидратите и мастите, какои врз витамините растворлививо масти (A, D, E и K). Но, поради фактот што некои методи на конзервирање вклучуваатповисоки температури, количината на некои витамини растворлививо вода (како C и B-комплекс) може значително да се намали.
 
Со правилно конзервирање се одржуваат и подобруваат некои нутритивни и  органолептички својствана намирниците, се спречува нивно расипување и деградација и се продолжува рокот на траењеи употреба.
 
 
Методите на конзервирање се делат на:
·       физички – храната се конзервира по пат на примена на високи или ниски температури и сушење
·       хемиски – со додавање на адитиви (конзерванси) – сол, шеќер, оцетна киселина, етил алкохол, сулфуреста или бензоева киселина, сорбинска киселина
·       биолошки (природни) – примена на култури на микроорганизми. Најпозната метода е киселење на зелката
Како методи на конзервирање на храна во домашни услови најчесто се користат биолошки (киселење и ферментација), термичко конзервирање (пастеризација и стерилизација), замрзнување, димење и сушење.
 
Биолошко конзервирање
Биолошкото конзервирање се заснова врз принципот на контролирана примена на  култури на поедини микроорганизми кои преку својата активност (произведена млечна киселина) создаваат неповолни услови за развој на микрорганизми одговорни за расипување на храната, истовремено оплеменувајќи ја храната во која се додадени. Овој метод е еден од најстарите, се користи одамна, најчесто за да се зачува хранливата вредност на зеленчукот, да се превенира негово расипување и да биде достапно во текот на целата година.Постојат два начина на киселење: киселење во оцет, каде што малку бактерии можат да преживеат, и во солена вода каде солта спречува раст на бактерии одговорни за расипување на храната првите неколку дена, односно има улога да ја потпомогне ферментацијата (додека не се создаде доволно млечна киселина) со што ќе се конзервира зеленчукот во текот на одреден временски период. Најчест пример за овој тип на конзервирање е киселењето на зелката. Освен фактот што важи за вкусна намирница, киселата зелка претставува вистинска ризница на здравје која го чува имунитетот за време на зимскиот период. Биолошко конзервираниот зеленчук има значајна улога во исхраната поради својата нутритивна вредност (витамини, минерали, каротеноиди, флавоноиди, растителни влакна), како и поради исклучителните органолептички својства (вкус, мирис, боја). Зеленчукот добиен со биолошко конзервирање не ги губи нутритивните својства, а некои од нив дури се и подобрени.
 
Пастеризација и стерилизација
 
Кај термичкото конзервирање, намирниците се изложени на дејство на високи температури со цел уништување на микрооорганизмите кои предизвикуваат расипување.                                                  
Колку е повисока температурата, толку поголем број имаме на уништени микроорганизми. Како методи на термичка обработка се применуваат пастеризација и стерилизација на намирниците. Пастеризацијата е постапка каде храната се загрева одреден временски период на температура од 65-90 степени. Пастеризацијата во домашни услови најчесто ја користиме за зачувување на овошје и зеленчук. Особено е погодна за конзервирање овошни сокови. Стерилизацијата претставува метода на конзервирање со што при температура повисока од 100 степени се уништуваат сите микроорганизми вклучувајќи ги и спорите. Овошјето, обично, се стерилизира на температура од 100 степени. Во домашни услови стерилизацијата се постигнува со варење.На овој начин, најчесто се приготвуваат компоти. Од нутритивен аспект, при темичка конзервација, поради високите температури имаме значителна загуба на витамини, особено на оние растворливи во вода (Ц и Б комплекс).
 
Замрзнување
 
Конзервирање на храната со замрзнување се темели на фактот дека на ниски температури се стопираат хемиските, биохемиските и микробиолошките процеси. Длабокото замрзнување претставува наједноставен и најбрз начин на чување на намирниците. Од нутритивен аспект е од огромно значење, бидејќи со замрзнување имаме најголема задршка на хранливите материи, како  на хидросолубините витамини (Ц и Б комплекс), така и на поделикатните минерали. Пред подготовка за замрзнување потребно е некои видови зеленчукда се бланшираат. Доколку сакате храната да ја држите подолг временски период во замрзнувач (повеќе од 6 месеци) пожелно е да се користат стаклени садови или вакуумско затворање на ќесичките, со што намирниците ќе се заштитат од дехидратација и оксидација.Обезбедувањето на зеленчук за зима со замрзнување е многу успешен начин на конзервирање.Екстремно ниската температура го запира растот на микроорганизмите и ги забавува промените кои водат до расипување на храната. Квалитетот на замрзнатиот зеленчук и овошје зависи од квалитетот кога е свеж – колку се посвежи и позрели зеленчукот и овошјето, особено ако се дојдени директно од градина, најдобри се за замрзнување. Зеленчук замрзнат веднаш по берење има голема хранлива вредност. Оптимална температура за складирање на замрзнат зеленчук е -18 степени и трае до 1 година. Кога се купува готов замрзнат зеленчук треба задолжително да се читаат декларациите на самиот производ. Корисно е да се напомене дека  одредени видови на  зеленчук и овошје не се замрзнуваат (марула, краставица, цвекло,компир,диња, лубеница,лимон, портокал итн.) освен ако не се користат за готвење или за сок.

Корисни совети за квалитетна зимница
 
·      Плодовите овошје и зеленчук употребени за зимница треба да бидат зрели, здрави и неоштетени, а пред употреба добро исчистени и измиени.
·      Садовите и приборот кои се користат за подготовка треба темелено да се измијат, а теглите и шишињата пред употреба да се стерилизираат (да се стават во рерна и на температура од 100 степени да отстојат десетина минути).
·      При подготовка на зимницата во овошјето и зеленчукот немојте да додавате преголеми количини на шеќер, сол и оцет, а немојте и подолго термички да го третирате со цел да се сочуваат што е можно повеќе хранливи состојки (витамини, минерали...).
·      Исечканото и пасирано овошје не треба да стои подолго време бидејќи ја губи хранливата вредност и арома.
·      Прегледајте ги стаклените тегли и садови пред да започнете со подготовка на зимницата, затоа што и најмалата пукнатина е доволна садот или теглата да пукне кога во неа се става врелата содржина.
·      За да спречите пукање на теглите при полнење на врелата содржина под теглите ставете влажна крпа.
·      Просторијата во која се складира зимницата треба да биде сува, ладна и темна.
 
 
 

За Нас

Ваш Аптекар, наменето да ги задоволи вашите потреби за квалитетни информации во врска со употребата на лековите и другите средства кои ги земате во аптеките. Ние се грижиме за вашето здравје и ќе ви обезбедиме интересни содржини кои директно ќе влијаат врз вашиот приод кон лекувањето и начинот на живот воопшто.

Следете не на Facebook

Newsletter

Внесете ја вашата е-пошта и навремено дознајте за сите новости и информации поврзани со Ваш Аптекар.