Сподели со пријателите

Вежбање во двојка? Дали функционира во реалноста?

Веднаш да преминеме на одговорот: и ДА и НЕ! Ајде да пресудиме на крај! Ако сте од оние кои постојано бараат изговори за да ја прескокнат салата за вежбање, тогаш партнер и тоа како ви е потребен. Всушност, сите на почетокот бараме партнер, сѐ додека не се навлечеме на убавото чувство по тренинг и не сфатиме дека никој не ни е потребен за да работиме на себе.


Студијата објавена во „Хелт Едукејшн Рисерч“ (Health Education Research)имала цел да ја открие моќта на партнерската поддршка при соочување со дијабетес тип 2. Притоа, се дознало дека вежбањето со партнер ја зголемува мотивацијата кај индивидуите да останат доследни на спортскиот режим. Ова е супер, бидејќи нема да ви пропаднат парите што ги вложивте. Уште ако партнерот не е вашата пријателка, туку момчето или сопругот, тогаш истражувачите велат дека ќе заработите плус бенефиции како продлабочување на односот и поврзување на ново ниво.
Но, мечот има две острици, така што истовремено ризикувате и да го расипете односот поради:  доцнење на партнерот, идеја за различен тип на спорт, комплетно поинаков начин за релаксација по тренинг, различен став кон исхраната и сл. И, сега? Обидете се во двојка, но, на крај, правете онака како што вам ви одговара. 

За Нас

Ваш Аптекар, наменето да ги задоволи вашите потреби за квалитетни информации во врска со употребата на лековите и другите средства кои ги земате во аптеките. Ние се грижиме за вашето здравје и ќе ви обезбедиме интересни содржини кои директно ќе влијаат врз вашиот приод кон лекувањето и начинот на живот воопшто.

Следете не на Facebook

Newsletter

Внесете ја вашата е-пошта и навремено дознајте за сите новости и информации поврзани со Ваш Аптекар.