Сподели со пријателите

СКЛЕКОВИ!

Речиси во сите фитнес програми се вклученисклековите, проблемот е што ретко кој може да издржи да ги прави. Десет секунди и рацете почнуваат да ви се тресат, а задникот ви паѓа на подот? Ве разбираме, но и вие разберете дека вреди да ја совладете оваа вежба. Зошто? Склековите ги зајакнуваатстомачните мускули, вклучувајќи ги и подлабоките до кои потешко се стасува и го подобруваат балансот и држењето. Плус, создаваат помал притисок на долниот дел од грбот и на вратот за разлика од чучни-стани вежбите, а при тоа ги зајакнуваат мускулите на рбетниот столб, што значи дека и при долго седење нема да чувствувате болка. 

 
 

Не залажувајте се дека со часови можете да изигравате штици за пеглање. Стартувајте со 10 секунди секој ден и зголемувајте по само пет секунди неделно. Помеѓу секој склек, правете пауза од една минута. Целете на тоа да изведете склек што ќе трае три минути. Ова ќе ве израдува: потребни се само 6 недели за да забележите резултати. За да бидете сигурни дека добро ги изведувате склековите и дека ќе имате ефекти, фокусирајте се на тоа да го вовлечете папокот и да ги контрахирате длабоките централни абдоменални мускули кои го поддржуваат рбетниот столб и пршлените. Затегнувањето на задникот исто така помага. 

За Нас

Ваш Аптекар, наменето да ги задоволи вашите потреби за квалитетни информации во врска со употребата на лековите и другите средства кои ги земате во аптеките. Ние се грижиме за вашето здравје и ќе ви обезбедиме интересни содржини кои директно ќе влијаат врз вашиот приод кон лекувањето и начинот на живот воопшто.

Следете не на Facebook

Newsletter

Внесете ја вашата е-пошта и навремено дознајте за сите новости и информации поврзани со Ваш Аптекар.