Сподели со пријателите

Што да јадете за инстант мускули?

Хранливите материи на овие намирници, во комбинација со спортот го поттикнуваат создавањето на мускулна маса

УРДА
Овој млечен производ фигурира и на листата намирници за диета и на листата намирници за раст на мускулите. Оние што вежбаат, треба да ја консумираат поради високото количество казеин во составот – млечен протеин кој бавно се разградува. Урдата содржи и бактерии кои му помагаат на организмот полесно да ги апсорбира хранливите материи од останатата храна.

МЕШУНКИ
Ако одлучите да одмарате од протеини од животинско потекло, тогаш задолжително вклучете ги оние од растително, во спротивно нема да го издржите тренингот, а уште помалку ќе ги напумпате мускулите. Мешунките како грав, леќа, грашок, изобилуваат со протеини, јаглеродни хидрати и есенцијални витамини и минерали.

ЈАЈЦА
Евтини се и лесни за подготовка, а богати со хранливи материи и протеини – 6 грама во едно јајце со просечна големина. Содржат високо ниво на минерали како цинк, железо, селен и калциум. 

ПИЛЕШКО            
Најмалку масен извор на чисти протеини. Но, варениот стек за ручек знае да здодее, затоа користете различни зачини за да го менувате вкусот.

ОВЕС
Овесот нуди повеќе од 58 грама јаглеродни хидрати во порција од 90 грама, содржи бета-глукан кој го регулира нивото на шеќер во крвта и на тој начин ќе обезбеди појадокот да ве одржува сити до ручек. 

ПРОТЕИНСКИ ПРАВ
Очигледно е зошто е на листата, а ќе ви се најде во ситуациите кога немате време за да дојдете до хранливите материи кои служат како градбени мускулни единици. Протеинот во прав е одличен за да го смените вкусот на вообичаените оброци, додадете го во палачинки, смути или пијте го чист.

ЛОСОС
Омега-3 масните киселини се одлични за срцето, но истовремено ги штитат и мускулите од повреди така што го зголемуваат капацитетот за градење на мускулна маса на амино киселините. Лососот доаѓа во пакет со протеини.

КИНОА
Износот на јаглеродни хидрати треба да висок ако сакате брза изградба на мускулите, но тоа не значи ориз и само ориз. Киноата е одличен извор на хранливи материи кои служат како градбени единици на мускулите - витамин Б6, железо, магнезиум, а и сами по себе содржат протеини. 

ЈАТКИ
Додајте јатки во оброците за да го зголемите калорискиот внес, бидејќи е невозможно да градите мускули без калории – само 30 грама бадеми ќе ве обезбедат со 170 калории, плус протеини, масти и влакна. 
 

Слични содржини

За Нас

Ваш Аптекар, наменето да ги задоволи вашите потреби за квалитетни информации во врска со употребата на лековите и другите средства кои ги земате во аптеките. Ние се грижиме за вашето здравје и ќе ви обезбедиме интересни содржини кои директно ќе влијаат врз вашиот приод кон лекувањето и начинот на живот воопшто.

Следете не на Facebook

Newsletter

Внесете ја вашата е-пошта и навремено дознајте за сите новости и информации поврзани со Ваш Аптекар.