Сподели со пријателите

Како се однесува телото при МАРАТОН

Далечините се напорни и за телото и за умот, но позитивните ефекти вредат за секоја жртва!
 

На стартна линија
Нервозни сте и под стрес? Мирно поразговарајте си со себе за да го наведете мозокот да се фокусира. Секој присилен обид да се олабавите ќе поттикне лачење на стрес хормоните, а тоа ги зголемува шансите за брз и нерационален старт. Како што се приближува почетокот на трката, така се забрзува работата на срцето и дишењето. Напливот на адреналин ќе го поттикне протокот на крв во мускулите, на тој начин телото се подготвува за мисијата. 

Додека трчате
Во првите 2-3 минути, телото го троши горивото наречено гликоген (енергетските резерви во мускулите). Штом тоа се потроши, телото почнува да ги користискладираните јаглехидрати и другите хранливи материи. Од овие причини, сосем легитимно е да го наполните телото со јаглехидрати 2 дена пред трката. Во текот на трката, активните мускули бараат 50 пати повеќе кислород и хранливи материи, добезбедувајќи крв што им е потребна при мирување. Тоа е знак дека треба да дишете уште побрзо и подлабоко.

Фативте темпо
Со зголемување на телесната температура, се активира природниот систем за ладење кој ве штити од прегревање. Во топли и влажни денови, човекот може дa излачи скоро 4 литри пот, затоа не избегнувајте ги станиците за вода. Пожелно е да пиете од 200 до 300 мл вода на секои 10 до 20 минути. Бидејќи работата на мускулите е приоритетна задача, крвта се повлекува од дигестивниот систем забавувајќи ја неговата работа. Но, за трка подолга од 1 час неопходно е надополнување. Спортските напивки или гелови со висок процент на глукоза се одличен избор, спортските чоколатца носат ризик од грчеви.

Последните километри
Одржувајте удобно темпо (би требало да можете да зборувате без да се задушувате).На овој начин ќе ги избегнете мускулните грчеви и она чувство на нозе тешки како олово. Во случај сериозно да ве совлада уморот, веднаш напијте се уште еден гел или енергетски пијалак за да го вратите нивото на глукоза и да ја завршите трката. Фокусирањето на уморот прави уморните мускули да се уморат уште толку. Одвлечете си го вниманието со некоја ментална задача за да заборавите на болката. Кога целта е веќе на дофат, дајте сѐ што имате. Анаеробниот метаболизам ќе се активира зголемувајќи го капацитетот на мускулите да дојдат до нивната складирана енергија. Таа енергија е клучна за мускулите да го забрзаат темпото.

Денот потоа
Микрооштетувањата и воспалените мускулни влакна ќе предизвикаат болка. Аналгетикот ќе ја ублажи, но нема да го забрза опоравувањето кое започнува дури 72 часа после трката. Дотогаш, уживајте во храната без чувство на вина. Штотуку согоривте еден тон калории, а метаболизмот ќе биде во погон до 48 часа. Повремено потсетувајте се на својот успех, бидејќи тоа ќе ви ја зголеми самодовербата, промисленоста и ќе ви го подобри капацитетот за полесно соочување со секојдневните стресови. 
 

За Нас

Ваш Аптекар, наменето да ги задоволи вашите потреби за квалитетни информации во врска со употребата на лековите и другите средства кои ги земате во аптеките. Ние се грижиме за вашето здравје и ќе ви обезбедиме интересни содржини кои директно ќе влијаат врз вашиот приод кон лекувањето и начинот на живот воопшто.

Следете не на Facebook

Newsletter

Внесете ја вашата е-пошта и навремено дознајте за сите новости и информации поврзани со Ваш Аптекар.