Сподели со пријателите

Високо интензивен ТРЕНИНГ VS Ниско интензивен ТРЕНИНГ

Високо интензивен тренинг
 
 Ниско интензивен тренинг
 
80 % е максималниот срцев ритам до кој треба да стасате за да може вежбањето да се вброи во категорија на високо интензивен тренинг. 

VS

65 % eмаксималниот срцев ритам до кој треба да целите при ниско интензивен тренинг за да дојдете до точка на топење масти.
 
При интензивно и анаeробно вежбање, мускулите кои брзо се грчат се оние кои ја завршуваат целата работа. Токму нив треба да ангажирате за да дојдете до моќ и сила. 
 
 
 
 

Што вели науката?

 
Во ниско интензивен тренинг спаѓа кој било облик на кардио при кое одржувате константно темпо. Мускулите кои бавно се грчат, сами си обезбедуваат енергија, па вежбањето може да трае подолго.

 
 
Метаболизмот продолжува да согорува калории и после тренинг сесијата. Еден восоко интензивен тренинг во денот е доволен за да согорите 5 % од масните наслаги за 45 дена.
 
 
 
 

Доброто кај нив

 
Редовните кардио сесии го зајакнуваат срцето и белите дробови и ве прават издржливи. Студијата од 2013-та тврди дека помалку агресивниот пристап во вежбањето води до долгорочен успех.

 
 
Бидејќи од луѓето се бара да го дадат максимумот, почетниците го доживуваат овој тип на тренинг како крајно непријатен. Ризикот од повреди е голем, особено ако лошо го процените својот капацитет. 
 
 
 

Лошото кај нив

 
Ако не сте фан на ниско интензивен тренинг, истиот може да ви делува како обврска. Истражувањето на Универзитетот на Флорида откри дека оние кои ги менуваат тренинзите уживаат во вежбањето за 45 % повеќе, во однос на оние кои постојано вежбаат исто.

 
 
Ужината восооднос 1:3 на јаглехидрати и протеини во рамки на 30 минути од завршување на тренингот, е одлична за надоместување на енергетските резерви и опоравување. 
 
 

Нутритивност

 
Гладни или сити? Според една студија, ако вежбате на празен стомак ќе согорите 20 % повеќе масти. Плус, оброкот е далеку повкусен после вежбање.

 
 
Високо интензивниот тренинг стимулира продукција на хормоните за раст, тестостерон за раст на мускулите и ендорфин и адреналин што ќе ви помогнат да одржите темпо. Го подобрува капацитетот на телото да ги користи мастите како извор на енергија. 
 
 

Експертско мислење

 
Бидејќи не е толку суров кон телото, ниско интензивниот тренинг е одличен начин да останете активни и да согорувате масти додека заздравувате. Но, ако се потпрете исклучиво на него, имајте на ум дека телото брзо се адаптира на движењата и нивниот ритам, па ефектите се ограничени.

 
 
 

 
Високо интензивниот тренинг е за победници!
Согорувањето на масти се одвива во петта брзина за екстра кусо време. Да, другиот ден сѐ ќе ве боли, но овде зборуваме за вистинско потење. 

За Нас

Ваш Аптекар, наменето да ги задоволи вашите потреби за квалитетни информации во врска со употребата на лековите и другите средства кои ги земате во аптеките. Ние се грижиме за вашето здравје и ќе ви обезбедиме интересни содржини кои директно ќе влијаат врз вашиот приод кон лекувањето и начинот на живот воопшто.

Следете не на Facebook

Newsletter

Внесете ја вашата е-пошта и навремено дознајте за сите новости и информации поврзани со Ваш Аптекар.