Сподели со пријателите

5 супер намирници - коишто сигурно ги имате дома!

Киноа, кокосово масло, кефир – во последно време постојано слушаме за нови,здрави,намирници на кои едвај можеме да им го запаметиме името, нели? Затоа, ве потсетуваме на неколку здрави херои што сигурно ги имате во кујна. Не откажувајте се од овие 5!
 
ПУКАНКИ
По навика, ги подготвуваме со сончогледово масло, а многумина додаваат путер за да го збогатат вкусот. Но, новата студија на универзитетот „Скрантон“ во Пенсилванија откри дека пуканките содржат повеќе полифеноли (чувари на имунитетот) во однос на многу овошки. Овие хранливи материи полесно се апсорбираат кога ги јадеме во комбинација со маслиново масло. 

ТЕСТЕНИНИ
Можно ли е редовното консумирање тестенини да ги намали килограмите? Да, но само ако претходно сварените тестенини убаво ги оладите. На тој начин, јаглеродните хидрати ќе се претворат во скроб кој содржи несварливи влакна кои не само што го намалуваат апетитот туку и го зголемуваат нивото на масни киселини – молекули што штитат од рак. 

КОЗЈО МЕСО
Во поголемиот дел од светот, месото од коза е омилено меѓу родителите и тоа со добра причина. Имено, козјото месо има помалку сало, а е побогато со железо во однос на говедското или свинското месо. Железото е минерал одговорен за циркулацијата на кислород во телото.

 
 
Ф’СТАЦИ
Иако можеби буџетот нѐприморува да грицкаме сончоглед, тоа не го менува фактот дека сите сакаме ф’стаци.Студиите покажуваат дека ф’стаците изобилуваат со антиоксиданти, со импресивна висока присутност на БЦАА – клучна аминокиселина која ги репарира мускулните влакна. Дали ова значи дека се одличен оброк за по тренинг? И тоа како да! 
 
 
ОВОШНО ЖЕЛЕ
На толку чоколади, кој би помислил да јаде овошни желе-бонбони? Да, овие потсетници од детството, по сѐ изгледа се добри и за здравјето. Желатинот е богат извор на колаген кој е неопходен за еластичноста на кожата. Исто така, содржи глицин, аминокиселина која го намалува времето што вообичаено е потребно за да заспиете. Ќе ви се 

За Нас

Ваш Аптекар, наменето да ги задоволи вашите потреби за квалитетни информации во врска со употребата на лековите и другите средства кои ги земате во аптеките. Ние се грижиме за вашето здравје и ќе ви обезбедиме интересни содржини кои директно ќе влијаат врз вашиот приод кон лекувањето и начинот на живот воопшто.

Следете не на Facebook

Newsletter

Внесете ја вашата е-пошта и навремено дознајте за сите новости и информации поврзани со Ваш Аптекар.