Сподели со пријателите

Гласаме ЗА Масти на менито

Тие не ви се непријатели и не ви ја саботираат диетата
 
Со декади нѐ учеа дека нездравите масти (оние од млекото и месото) се главни виновници за покачување на холестеролот и за затнување на артериите. Но, вистината околу заситените масти е многу покомплицирана. 
Новата доктрина, објавена во магазинот Lancet, траела една декада и во истата биле вклучени 135.000 испитаници од 18 земји во светот, за кои се воделе дневници на исхрана. Студијата покажала дека оние кои консумирале помалку масти, а повеќе јаглеродни хидрати, имале 28% поголем ризик од смрт во тој период од 10 години, додека оние чија исхрана се темелела на масти, имале 23% помал ризик од смрт. 
Научниците ги земале во предвид сите типови масти, вклучувајќи ги и заситените како најозогласени, кои се покажале дури и за пожелни, бидејќи ги снижувале шансите од мозочен удар. Но, не сите се согласни со ваквите откритија, некои експерти сѐ уште стојат на ставот дека заститените масти треба да учестувуват со најмногу 6% во дневниот калориски внес на еден возрасен човек.
Постојат три различни природни форми на масти – заситени, мононезаситени, полинезаситени. Храната што ја декларираме како добар извор на масти, ги содржи трите форми, но во различна количина. 

60% од луѓето не ја знаат разликата помеѓу заситените и незаситените масти
Мастите  нѐ обезбедуваат со витамини А, Д, Е и К и нѐ одржуваат сити подолг период од денот

ПОЛИНЕЗАСИТЕНИ
Колку се добри? Онолку колку што е добро да се дружите со постарите членови од семејството. 
Најприсутни во...Растителните масла како сончогледово и пченкарно; риби во масло.
Зошто ни требаат? Одредени типови на омега-3 и омега-6 полинезаситени масти, телото не е во состојба да ги произведе, токму затоа е неопходно да ги внесеме преку исхрана. Омега-3 мастите (риба во масло) се неопходни за здрав мозок, срце и вид.
Опасност? Внесуваме повеќе омега-6 (го има во растителните масла, семиња и јатки) за разлика од омега-3. Преголемото количество омега-6 го поврзуваат со срцеви заболувања, рак и воспаление. Фокусирајте се на омега-3: харинга, скушата или свежа туна се најдобрите извори. 
Знајте го ова: Една студија откри дека кога готвиме на висока температура, некои растителни масла испуштаат токсични компоненти. Маслото од сончоглед и пченка се главните осомничени. „Користите производ со висок процент на заситени и/или мононезаситени масни киселини, а низок процент на полинезаситени (помалку од 20%) – како маслиново масло или уште подобро путер, кокосово масло или свинска маст,“ вели Д-р Martin Grootveld од универзитетот De Montfort. Најсигурно е рафинираното масло - има висока точка на димење (температура на која маслото почнува да се разложува).


 
МОНОНЕЗАСИТЕНИ 
Колку се добри? Нивното име треба да гласи суперхерој!
Најприсутни во...Авокадо, бадеми, бразилски орев, кикирики, маслиново масло.
Зошто ни требаат? Тие го подмачкуваат срцето и тоа совршено работи. 13% од енергијата што ја добиваме од храната треба да ни ја достават мононезаситените масти. 
Опасност? Не постои! Користете ладно цедено маслиново во салата -побогато е со полифеноли за разлика од рафинираното маслиново.
Знајте го ова: Авокадо и рендан морков - одлична двојка за моќна салата. Истражувањето објавено во The Journal of Nutrition го потврди следново: храната што содржи провитамин А каротеноиди (кои се конвертираат во витамин А во телото) ја подобруваат апсорпцијата и конверзијата на мастите во авокадото. Нема подобар извор на каротеноиди од сировиот морков!
 
ЗАСИТЕНИ
Колку се добри? Изгледа не се толку лоши како што мислевме.
Најприсутни во...Путер, сирење, месо.
Зошто ни требаат? Студијата на Универзитетот Кембриџ го поврза присуството на одредени заситени масни киселини во крвта, (оние кои потекнуваат од млечни производи) со намалување на ризикот од дијабетес тип 2. Потсетете се дека млечните производи доаѓаат во пакет со калциум и протеини.
Било каква опасност? Истражувањата од 80тите сугерираа да се намалат заситените масти од исхраната, бидејќи го загрозуваат срцето. Во 2014та научниците излегоа со став дека не постојат докази кои го потврдуваат тоа. Дебатата сѐ уште трае, но насоките остануваат исти. Се препорачува 11% од енергијата што ја добиваме преку храна да им припадне на заситените масти.
Знајте го и ова: Многумина од нас не знаат која храна содржи висок процент на заситени масти. Една супена лажица маслиново масло (само да ве потсетиме, тоа ги содржи сите три форми на масти) може да содржи повисок процент на заситени масти во однос на 100 грама свинско месо. Читајте етикети!
 
ТРАНС МАСТИ
Колку се добри? Воопшто не се добри! Индустриски произведените транс масни киселини се вештачки модифицирани масти кои се додаваат во процесираната храна со цел да ѝ обезбедат подолг рок на полица. 
Најприсутни во...Тортите, бисквитите, храната за носење, маргаринот.
Зошто ни требаат? Не ни требаат!
Било каква опасност? Вештачките транс масти докажано го покачуваат лошиот холестерол (ЛДЛ) во крвта, а го редуцираат добриот холестерол (ХДЛ). 
Знајте го и ова: Постојат мали дози на природни транс масти присутни во месото и млекото. Ако имате добра крвна слика и немате проблем исо холестеролот, продолжете да џвакате.
 
 

За Нас

Ваш Аптекар, наменето да ги задоволи вашите потреби за квалитетни информации во врска со употребата на лековите и другите средства кои ги земате во аптеките. Ние се грижиме за вашето здравје и ќе ви обезбедиме интересни содржини кои директно ќе влијаат врз вашиот приод кон лекувањето и начинот на живот воопшто.

Следете не на Facebook

Newsletter

Внесете ја вашата е-пошта и навремено дознајте за сите новости и информации поврзани со Ваш Аптекар.