Сподели со пријателите

Здрав чипс - Грицкајте без грижа на совест

ЧИПС ОД ЦВЕКЛО
Вистинска енергетска ужина благодарение на високото присуство на Ц витамин и железо кои истовремено ќе го зајакнат имунитетот и коските. Фитонутриентот беталаин, што ќе ви ги бојадиса прстите во розово, е одличен за детоксикација.

ЧИПС ОД СЛАДОК КОМПИР
Содржи енормни количини витамин А - добар за видот, витамин Ц и витамин Е - одлични за кожата. Плус, растителни влакна и антиканцерогени фитонутриенти, помалку калории и јаглеродни хидрати. 

ЧИПС ОД КЕЉ
Ги содржи витамините А, Ц и Б6и минералите калциум, калиум, железо, манган, бакаркако и каротеноиди и хлорофил. Содржи лутеин и зеаксантин, кои го чуваат здравјето на очите.Калциумот во кељот може да се апсорбира дури за 30% повеќе, за разлика одонојво кравјото млеко.
 
НАЧИН НА ПОДГОТОВКА
Загрејте ја рерната на 175 степени. Исечкајте го зеленчукот на крукчиња, резанките нека бидат потенки. Оставете ги да се исушат или избришете ги со кујнска крпа. Пропрскајте ги со маслиново масло, ќе бидат похранливи и уште покрцкави. Наредете ги во тава обложена со хартија за печење, поросете ги со морска сол и корисни хранливи зачини.

ЗАЧИНЕТЕ СО:

  1. КУМИН
Земјениот азиски зачин е вистинско изненадување за вишокот масно ткиво.
  1. ПАРМЕЗАН
Ќе ја олесни дигестијата и апсорпцијата на непослушните каротеноиди.
  1. ПИКАНТЕН ЦРВЕН ПИПЕР
Го забрзува метаболизмот, плус е одличен афродизијак.
 
Дозволено е чаша пиво!
Единствениот алкохолен пијалак што не содржи масти, холестерол и има многу ниско ниво на јаглеродни хидрати. Според истражувањата на The Journal of Science and Food Agriculture, пивото содржи ксантхохумол, флавоноид кој спречува остеопороза.
 

За Нас

Ваш Аптекар, наменето да ги задоволи вашите потреби за квалитетни информации во врска со употребата на лековите и другите средства кои ги земате во аптеките. Ние се грижиме за вашето здравје и ќе ви обезбедиме интересни содржини кои директно ќе влијаат врз вашиот приод кон лекувањето и начинот на живот воопшто.

Следете не на Facebook

Newsletter

Внесете ја вашата е-пошта и навремено дознајте за сите новости и информации поврзани со Ваш Аптекар.