Сподели со пријателите

Поточарка

Ливчињата кои до скоро ги сметавме за обична трева, во себе кријат низа хранливи материи, а многу малку калории. Со само 34 г поточарка ќе ги задоволите дневните потреби за витамин К кој е неопходен за здрави коски. Поточарката, исто така, содржи витамин Е, А, Ц, тиамин, витамин Б6, фолати, магнезиум, натриум, железо и др. Речиси и да не постои растение кое содржи толку многу антиоксиданти, поради што поточарката се смета за врвна превентивна мерка од хронични заболувања како дијабетес, срцеви заболувања и рак. Бидејќи нејзиниот состав изобилува со фитохемикалии, таа докажано го намалува ризикот од појава на одредени типови рак. Не е за потценување ниту количеството витамин Ц што го содржи, затоа се препорачува нејзината редовна консумација во период на настинки, вируси или пандемии со цел да го зајакнете имунитетот. Поточарката има специфичен вкус кој одлично оди во комбинација со друг зеленчук или месо. Задолжително земете ја предвид, особено ако ви здодеа од марули – малку треба да изедете, а многу ќе добиете. 
  

За Нас

Ваш Аптекар, наменето да ги задоволи вашите потреби за квалитетни информации во врска со употребата на лековите и другите средства кои ги земате во аптеките. Ние се грижиме за вашето здравје и ќе ви обезбедиме интересни содржини кои директно ќе влијаат врз вашиот приод кон лекувањето и начинот на живот воопшто.

Следете не на Facebook

Newsletter

Внесете ја вашата е-пошта и навремено дознајте за сите новости и информации поврзани со Ваш Аптекар.