Сподели со пријателите

Добрината е исплатлива!

Добрите дела ги топлат душите – и на сторителите и на уживателите – но, за првите следуваат плус здравствени бенефиции.
Забележувате ли малку повеќе човечност во воздухот? Се чини дека добрината го живее својот момент. Дали овде зборуваме за посткорона реакција или за некаков природен механизам на балансирање помеѓу доброто и злото? Сосем сеедно е! Но, пред да скокнете целосно отфрлувајќи ја тезата, бидејќи сѐ уште никакво добро не сте почувствувале, имајте го на ум следното: Невозможно е да го контролирате светот, ниту пак своето опкружување, но и тоа како го контролирате своето дејствување. Затоа, сторете добро и со добро ќе ви се врати. Плус, споделувајќи љубов ќе дојдете до низа здравствени бенефиции. 
 
ПОЗДРАВО СРЦЕ
Трошењето пари на други ја подобрува кардиоваскуларната функција, откри студијата во Здравствената психологија. Учесниците во студијата добивале по 35 евра неделно во период од 3 недели, притоа, парите можеле да ги трошат за себе или за други. Кај луѓето, кои дадените пари ги потрошиле за други, бил забележан пад на крвниот притисок. Авторите на студијата претпоставуваат дека промената се должи на нагласеното чувство на социјална поврзаност и намалување на нивото на стрес (чувства кои обезбедуваат здраво срце), што дошле до израз благодарение на великодушните постапки.
Вашиот потег:Нема потреба да одвојувате високи суми, и малку потрошените пари како педесетина денари за 100 г кафе, ќе завршат работа – тврди авторот на студијата,д-рЕшли Виланс,од „Бизнис школата Харвард“. Без повод, купете ѓеврек за себе и за колегата. 
 
ПОСРЕЌНИ ВИЕ
Добрите дела го зголемуваат нивото на окситоцин (хормон одговорен за среќата на човекот), а тоа ќе го подобри вашето расположение и ќе ги намали анксиозните чувства. Изненадувачки, истото се случува и кога ќе посведочите нечија великодушност.
Вашиот потег:Нешто што со сигурност може да ја поттикне споменатата анксиозност? Кога некоја фрустрирана душичка ќе ве нападне како гром од ведро небо. Обидете се да одолеете на потребата да возвратите со слични отровни стрели и премолчете! Потсетете се дека најверојатно не станува збор за нешто лично против вас. Честопати забораваме дека и другите луѓе се само луѓе коишто се обидуваат да го истуркаат денот на најдобар можен начин. Затоа, прекинете го кругот на ширење негативна енергија и опкружете се со љубезни луѓе колку што можете почесто – студиите велат дека љубезноста и добрината се заразни. 
 
ПОДОЛГ ЖИВОТ
Кога луѓето, и покрај тоа што се соочиле со стресен настан (загуба на некој близок или финансиска криза) ќе продолжат да прават добри дела во истата година, голема е веројатноста да го продолжат својот животен век, тврди студијата објавена во „Американскиот весник за јавно здравје“. Авторите на студијата веруваат дека добрината гоамортизира стресот и ја поттикнува издржливоста на човекот кој се соочува со тешкотии.
Вашиот потег: Помагањето на другите нека ви стане навика. Понудете им превоз на пријателите коишто останаа без автомобил или појдете по набавки во име на соседите. Редовно одвојте дел од вашето време и енергија да им помагате и на луѓето и на животните – запомнете, сѐ се брои!
 
ПОСИЛЕН ИМУНИТЕТ
Преку постојано изложување на позитивни емоции како сочувство, емпатија, благодарност, и несомнено вашиот одбранбен систем ќе стане посилен и од челик. Кај луѓето кои учествувале во петминутна практика на изразување вакви емоции, било забележано покачување на имуноглобулинот А – антитело коешто се бори со вирусите, се вели во истражувањето објавено во „Весникотза напредок во медицината“. 
Вашиот потег:Посветете 5 минути за да размислите за личностите за коишто се грижите, почнете со една. Да, толку е лесно! За посилен ефект, напишете ѝ писмо во кое детално ќе опишете зошто ја почитувате личноста. Не мора ниту да го пратите писмото, советува Соња Љубомирски, професорка по психологија на „Универзитетот на Калифорнија“во Риверсајд. Студиите покажуваат дека само преку артикулирање на мислите, ќе се чувствувате поповрзани со личноста, но ќе станете и посклони да делувате водејќи се според тие благородни чувства. 

За Нас

Ваш Аптекар, наменето да ги задоволи вашите потреби за квалитетни информации во врска со употребата на лековите и другите средства кои ги земате во аптеките. Ние се грижиме за вашето здравје и ќе ви обезбедиме интересни содржини кои директно ќе влијаат врз вашиот приод кон лекувањето и начинот на живот воопшто.

Следете не на Facebook

Newsletter

Внесете ја вашата е-пошта и навремено дознајте за сите новости и информации поврзани со Ваш Аптекар.